Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.433
Поени од реакции
7.145
Гиш патриотиштетооо. Ја бранеше Мекедонија од двојазичност, од предавството на несреќата муртинска. Полн со македонштина како и многу како него. За другиве и не сум изненаден. Не постојат и онака на музичка сцена. За повеќето мислев дека отишле на работа у странство ко Ноне и Ламбе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
Виолета Томовска си е комуњар одамна.Има работено у владата на времето у сдсм, но кога фатила рак се повлекла ( незнам дали со инвалидска пензија) .Александар Митевски е во кумство со Трифун и кога ке видиш исти ликови .....
А значи затоа и двајцата се докажани музички анти-таленти.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.779
Поени од реакции
9.583
Судијката Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка стопирање на сите активности за референдумот

Со оглед на тоа што Уставен во последен период ни функционира како на копче по потреба, нема да ме чуди ова да биде вовед во некој обид да се пролонгира референдумот со цел да се искористи периодот за ралични начини на влијание за да се исполни цензусот. Мене ми изгледа дека математиките на 2 недели пред референдумот не им изгледаат како што треба така да ова не ме изненадува.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.687
Поени од реакции
11.784
ништо нема да смени, ќе се појават некои ултра леви и десни, кои ќе се држат до идеалите, се додека не осетат сомот под задник.
Ова Е од Бизмарк, кој ја контролира вардарска долина, ја контролира вратата на европа кон азија.
Да се разбереме, ЕУ, има огромни повластици во Македонија, нив не им требаме во ЕУ, лесно не контролираат затоа што сме гладни, оние што се најадоа веќе не ги контролираат, таа лекција им е научена.
Им се исплаќа не да сме гладни и боси, за да не контролираат, него ли да имаат обврски кон јас.[DOUBLEPOST=1537018305][/DOUBLEPOST]

Не се надевај дека полесно ќе одиме на запад. Види што се случува, и колку се симптоматични овие активности
1. Воведување на еу закон за придобивање на бугарски пасош
2. Признавање на одредени сертификати и дипломи
3. Возачки дозволи признаени само одредени категории.
Можам со саати вака..
Се на се, на ЕУ им се потребни прифатни кампови за бегалци, а на нато депонија за ураниум. Што мислиш не сакаат затоа што се богати и убави.
Што викаше Ѓорѓи Колозов, магарето зошто го канат на свадба
озбилен си за идењево на запад?
огромна е бројката моментално на македонци што се отидени со бугарски и на црно а не па кога ке може со мкд пасош
какви дозволи и сертификати какви бакрачи бе брат


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.478
Поени од реакции
23.433
Аиииии сега ја гледав Рада, која катастрофа! За се збореше освен за договорот, хистеришање и ментални испади. Одличен перформанс за убедување на народот зошто треба на 30ти треба да бојкотира.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
GLORIA - KADE I DA ODISH PRAZNIK V PRIKAZKITE 2011 / К'де и да одиш

За некоја година оваа ќе пееме, со член 8 од договорот со Бугарија комисиите ќе ни скројат една убава историја за двете земји, един народ две држави и така бевме нели според бугарите ;) а гратис со другиот договор особено пак членови 7, 8 (англиска верзија, македонска верзија) ќе го корегираме и името, сите симболи кои влечат „хеленистичко потекло“, имиња, фактички според тој договор бришиме се до кај 6-7ми век ако не се лажам кога словените се населиле на овие простори, а со бугарскиов се пред 1944та, па ќе му дојде како до 1943 да сме биле Словени со бугарско потекло кои после 1943та со заседанието на АВНОЈ станале дел од Југославија и се нарекувале Македонци.
Ајде живо да е, јас разбирам дека се е материјално и кур ве боли сите за генерациите што гинеле на овој простор за да постои некаква држава, али ако веќе немате почит правете го самостојно, тој што сака нека си вади пасош и нека пиши дека и претходните поколенија биле бугари, вака и тие што не сакаат да го сторат тоа ќе станат со овие два договори.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Dnevna doza referendumski cringe.
So Gis so sve
Комотно сиве овие погоре може да ги испратиш во гулаг и нема да почувствуваш промена на квалитетот на нашата музика периодов, каква, таква. Фригидниве сестри со палка би ги тепала.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
озбилен си за идењево на запад?
огромна е бројката моментално на македонци што се отидени со бугарски и на црно а не па кога ке може со мкд пасош
какви дозволи и сертификати какви бакрачи бе брат


Sent from my iPhone using Tapatalk
Сериозен сум. работев по 3 месеци на запад. Но се зборува за заострување на прописите
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.478
Поени од реакции
23.433
Сериозен сум. работев по 3 месеци на запад. Но се зборува за заострување на прописите
Буквално вчера се вратив од Германија по 3 месеци летна работа, Македонци врие со или без бугарски пасош, пријатели што работеа 3 месеци сега добија виза за 3 години; мене, на брат ми и пријателка ни понудија да останеме но ги одбивме. Кој сака да кидне во Германија може и сега.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.505
Тие што си одработија на Натофест сега ќе си фаќаат кампањи во иднина.

Мора да се разгледа во иднина како тоа се трошеле државните пари во слободно можам да ја наречам партиска кампања. Не е нормално низ партиски штаб да влегува и да излегува пропаганден материјал и партиски војници да го делат истиот по населените места, а истиот да е финансиран со народни пари.
„...функционер а не револуционер...“

 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.118
Поени од реакции
12.699
Буквално вчера се вратив од Германија по 3 месеци летна работа, Македонци врие со или без бугарски пасош, пријатели што работеа 3 месеци сега добија виза за 3 години; мене, на брат ми и пријателка ни понудија да останеме но ги одбивме. Кој сака да кидне во Германија може и сега.
Оти сте ги одбиле, не чинат како работодавачи, или условите на живеење - кирија, сметки, исхрана и останати трошоци - не чинат ?

Или си одлучил ако веќе таму врие од Македонци, подобро да бидеш меѓу свои во родната земја, отколку во туѓина ?

Прифаќаат со англиски јазик, или мораш да им го знаеш швабскиот јазик ?

Сериозно те прашувам, ме изненадува твојот коментар, јас не познавам човек кој фатил џаде во странство, а да се вратил бидејќи така сакал.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Добро прашање, кое постои повеќе години, дури и во времето кога Груевски прислушуваше 25.000 граѓани, имаше 61+ ратеници, судии во џеб и партиски спратови во полиција. А никој тогаш не се загрижи за ова.:(
Мислиш, кога сами себе се прислушуваа?[DOUBLEPOST=1537047784][/DOUBLEPOST]
Чудим валај.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.478
Поени од реакции
23.433
Оти сте ги одбиле, не чинат како работодавачи, или условите на живеење - кирија, сметки, исхрана и останати трошоци - не чинат ?

Или си одлучил ако веќе таму врие од Македонци, подобро да бидеш меѓу свои во родната земја, отколку во туѓина ?

Прифаќаат со англиски јазик, или мораш да им го знаеш швабскиот јазик ?

Сериозно те прашувам, ме изненадува твојот коментар, јас не познавам човек кој фатил џаде во странство, а да се вратил бидејќи така сакал.
Сакам факултет да завршам и да пробам тука да најдам работа, основам фамилија и сето тоа. Ако не ми оди работата тогаш би си идел од државава.

Англиски ретко се користи*, на работа уште поретко. Ако е на смена строг шеф ондак исклучиво германски, колку подобро знаеш германски толку подобро за тебе во буквално сите полиња од професионално до социјално.

*Знаат Германците англиски но не сакаат да зборуваат. Зборат англиски ако ептен ептен не разбираш некоја многу важна работа но ако е дојдена до тоа значи дека ќе леташ од работа наскоро - тоа и се деси со тројца Македонци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom