Управа за јавни приходи

  • Креатор на темата Креатор на темата Nessa Alcarin
  • Време на започнување Време на започнување
Се што ти поминува на трансакциска како дополнителен приход ако сакаш можиш да го пријавиш. Значи тоа што е во МК сметка


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Алоооо, тоа и јас пишав, ако има дополнителни приходи. К-15 не е допоилнителен приход алооо. Истата фирма ти го плаќа. На образецот кој се поднесува во УЈП од страна на фирмите има и за исплатен к-15. Не може да ти подели к-15 ако не плати персонален данок (ај погоди зошто донесоа закон да мора да исплатат к-15 приватните фирми, хинт... 10%).
Дополнителен приход е остварено надвор од фирмата (кирии, тезги, авторски трудови, хонорари и тн...)

За ДДВ обврзник е од годинава, не е за лани.

Што се петљате у работи што немате појма.

Хихи смешно типче си бил.
Што има врска ако истата фирма ти го исплаќа... Може и дополнително да ти пушти истата фирма и хонорар дали нема да го пријавиш...

Сам си одговори на прашањето и пак велиш не треба да поднесеш :P

Штом фирмата ти исплатила К15 платила и данокот ти си ДОЛЖЕН исто да пријавиш во УЈП, покрај износот на платата ќе си ставиш и износот на примениот К15.

Фирмата поднела извештај во УЈП за тоа да, ама автоматски и ти треба за да се усогласите.

И полека со егото и петљањето, затоа е форумов да споделиме и поднаучиме :D

иди на http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2
симни го документот и страна 22, точка 7 цитирај те молам :P

А тоа дал сакаш да пријавиш секој за себе. Ама ујп ако сака ќе има правна основа после да те казни.
 
Последно уредено од модератор:
Почитувани,
Дали треба да се достават копии од листовите за плата и награда или само треба да се достави пријавата до УЈП

поздрав
 
Пензионер треба да пријави за продажба на стан?
До пред 5-6 години немаше таков закон,сега има?
 
Дали треба да се достават копии од листовите за плата и награда или само треба да се достави пријавата до УЈП

Не мора, тие документи си ги чуваш во случај да ти ги побараат.
 
Грешиш гарантирано. Тој што е само на плата не е должен да носи пријава. Тоа цел живот го работам и знам. Од догодина (тоа што се надеваш) нема воопшто никој да носи годишни пријави.

Атеист, може ли да споеделиш под која ставка се внесува бруто износот за ,,други приходи,, дали е под број 14 во годишната пријава и има ли одбитоци од 35% на брутото? Бидејќи за интернет заработка на сајтот на ујп пишува дека спаѓа под ,,други приходи,, на кои има добитоци од 35% на брутото?
 
Здраво дечки, дали некој знае дали треба да пријавуваме за трансфер преку Western Union ?
 
дали треба да пријавуваме за трансфер преку Western Union

Нема веќе криење преку вестерн унион, Брзиот трансфер на пари ќе мора да се пријавува во УЈП

Министерство за финансии предлага измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари. Со измените е предвидено давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите кои досега немаа обврска да доставуваат податоци за трансакциите до Управата за јавни приходи, тоа да го направат.

„Управата за јавни приходи не располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари бидејќи давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите немаат обврска да доставуваат податоци за трансакциите на брз трансфер на пари до Управата за јавни приходи“, пишува во образложението на предлог-законските измени, објавени на ЕНЕР.

Давателите на услуга брз трансфер на пари ќе треба да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари, покрај до Народната банка и до Управата за јавни приходи. На тој начин, УЈП ќе располага со податоци за добиени приходи на граѓаните преку услугата брз трансфер на пари.

Даночниците ги правдаат измените поради проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните”. Примената на овој проект предвидува УЈП да изготвува пополнета даночна пријава за секој даночен обврзник, врз основа на податоците со кои располага за остварените приходи на даночните обврзници.

 
Еве кој се ќе мора да се регистрира, ако е ова последна измена од јануари 2018
https://www.finance.gov.mk/files/Zakon_za_PDD_precisten12_2017.pdf
според овој документ, овде влегуваат и плати и пензии.
Според текстот на страната на ујп, се пријавуваат приходи по било кој основ
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/653
да се пријавуваат плати и пензии на да не е логички...
 
Последно уредено:
Кога ќе се регистрираш на нивната страна, излегува еден пдф документ. Тој треба да се отпечати и да се однесе кај нив затоа што без тоа иако си регистриран/а не моеш да влезеш во системот.
 
Кога ќе се регистрираш на нивната страна, излегува еден пдф документ. Тој треба да се отпечати и да се однесе кај нив затоа што без тоа иако си регистриран/а не моеш да влезеш во системот.
А за тие што не можат сами да си отпечатат?
Кој друг може да го направи тоа?
 
А за тие што не можат сами да си отпечатат?
Кој друг може да го направи тоа?
Може било кој да го отпечати. Дилемите се после тоа. За носење во УЈп не знам дали треба лично или било кој (како што беше до лани). Па има опција за полномошно па нотар па плаќање...не ми е баш се јасно во тие случаи. И што после тоа полномошно кога ќе го добијам во нивно име и пријавам. На стар човек ќе му доаѓа податок кај мене? Не знам за што би ми/би му служело. Многу матно и нејасно.
 
Поглупа работа од ова со данокот не можеа да направат. Народот скичмен целиот, а со ова ќе го доскичменат.
 
Може било кој да го отпечати. Дилемите се после тоа. За носење во УЈп не знам дали треба лично или било кој (како што беше до лани). Па има опција за полномошно па нотар па плаќање...не ми е баш се јасно во тие случаи. И што после тоа полномошно кога ќе го добијам во нивно име и пријавам. На стар човек ќе му доаѓа податок кај мене? Не знам за што би ми/би му служело. Многу матно и нејасно.
Не е проблем одењето во УЈП,само не знам кој може тоа да го отпечати.Кој е тој,било кој?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom