Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Навистина, ти можеби не си знаел или не ти соопштиле, но ВМРО ДПМНЕ не само што ги продолжи преговорите со Грција, туку и прифати полошо име од сега предложеното, тоа беше Македнија (Скопје). Има и аудио записи кои го потврдуваат ова. Провери на интернет.
Секогаш во предизборие и ВМРО и СДСМ не кријат и истакнуваат дека ќе ги продолжат преговорите за промена на името и тоа и го прават.
ОК, зошто тогаш Заев сега носи друг договор ако ВМРО ДПМНЕ прифатиле нешто? И каде е тоа нешто? Смешно е кога сам себе се убедуваш дека „грозјето е кисело“. А бе застани сам со себе и реши си до каде би се спуштил со достоинствотот. Јас на пример, би се спуштил до поинакво меѓународно име. За да „дадеме“ нешто.
Ти сакаш да бараш дека „и ВМРО ДПМНЕ...“? Воопшто неважно. Иако тоа не постои, името ние истото, референцата постои и е истата...[DOUBLEPOST=1536749765][/DOUBLEPOST]
Понекогаш знаат да бидат нереална слика за гласањето. Мобинг, буричкање во гласачки вреќи, мито за гласачите, гаснење лифтови, истурање на гласачи од Албанија... сето тоа понекогаш ги прави резултатите нерелевантни во контекст на вољата на народот и владеењето на правото.
Ако одиме во тие муабети, мислиш дека ланските локални беа чисти? И не само тоа, СЈО, обвиненијата, уценувањата.. мислиш дека не постојат? Нека не те лажи наивната простикава насмевка на Заев... Можеш да видиш колку биле искрени говорите пред да стапи на власт. Или кога бараше мито, кога му се закануваше на Груевски. За тоа затвор се лежи, а него Катица го ослободи, преземајќи го случајот, иако ненадлежна. Ама се е тоа некој притисок, веројатно од надвор.
Плус, зборувам за изборите 2014 кога Заев бараше стотици илјади фантоми, кога тие диктираа услови, им се угодуваше, им се одлагаа 2 пати изборите, се правеа планови за пораз на Груевски... и пак тој победи. Не држи баш муабетот.
Затоа, не навлегував во такви муабети.
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.685
Поени од реакции
88.642
Чек сеа недела пред референдумот кога ќе дојдат членови кои не се уклучиле на форумов од 2011, и некои нови типци кои ќе пишуваат.

Izlezete na referendym duri i da ne se slozhuvate zaokruzete NE

NATO i EU se spasot, izlezete na referendum!!1!

AKO NE IZLEZETE NA REFERENDUM ZNACI NE JA SAKATE EVROPSKA MAKEDONIJA

Sto imate vie protiv EU i Nato?!???

Ke ne delat, zatoa site na referendum
Синоќа го пишав ова, и сабајлево сите на јуриш :)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ги забир
Ги заборави реформаторите.
Мој впечаток е дека ВМРО ДПМНЕ е страшно притисната, уценета, заканета партија, со цел да промениме име и слично. Се судат луѓе на „рекла-казала“, се обвинуваат за дела за кои и сами не знаеле дека ги сториле, притисокот е страшен. Единствена светлина можеби би било членството и симпатизерите, но мислам дека како и изминатава година и нешто, ќе се кршат закони и устави и ќе се спроведе нареденото.
Уценета е и ДУИ, впрочем не случајно ги лижат своите плуканици па правеа влада со поразената СДСМ. Се однесуваат како до лани да не беа во коалиција со ВМРО ДПМНЕ.
Заев (СДСМ) е наместен за премиер ама не со своја агенда, туку да изврши работи кои секој чесен Македонец не би ги направил. И сега е на некој начин уценет. Не смее да мрдне од тоа. Маскота.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
193
Поени од реакции
279
Не знам што си слушал, ама ВМРО ДПМНЕ од прв ден излегоа со критики за договорот и „икс“ пати повторија дека нема да го поддржат. Просурфај и најди изјави, пред се од Мицкоски како претседател.
Точно, но сето тоа излезе како муабет на маса, во кафана, а сега кога дојде моментот да заземат став, велат правете што сакате, ние не знаеме, вие си знаете.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А овие од сестринските партии се глупи и мицко им прави финти, демек еве не бојкотираме ами оставаме народот сам да реши... мал е мицко да ја лаже тетка му Меркела.
А што може да му направи Меркел? Да го симне од власт?[DOUBLEPOST=1536751251][/DOUBLEPOST]
Еве за актуелнава состојба. Одлуката на ДПМНЕ секој граѓанин да постапи по сопствено убедување во однос на референдумот, значи ли и дека секој од пратениците на дпмне ке треба да постапи по сопствено убедување и да ги подржи или не уставните измени?
Што сакаш да ти кажам? Што има врска. Јас не сум ни Мицковски, ни функционер на партија.
ВМРО ДПМНЕ не ја носи спогодбава. Друг е на власт. Знам дека ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува спогодбата. Лично, верувам дека партијците нема да гласаат. Тоа го знаат сите. Зборувам за обичниот народ. Што не е уценет, заканет...
Мене ме чуди како цел СДСМ преку ноќ се освести и стана поборник за промена на името на државата, уставното. И тоа ревносно го бараат.
Јас гласам по сопствено убедување. Може секој да „ме“ повика за гласање, ама јас сам ќе одлучам што да правам. Ни Мицко, ни Зајко,... никој.[DOUBLEPOST=1536751323][/DOUBLEPOST]
Точно, но сето тоа излезе како муабет на маса, во кафана, а сега кога дојде моментот да заземат став, велат правете што сакате, ние не знаеме, вие си знаете.
А бе ти го слушна што кажа? Го повтори истото дека не го поддржува договорот и дека нема да дадат поддршка.
 
Последно уредено:
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.434
Поени од реакции
4.356
А што може да му направи Меркел? Да го симне од власт?[DOUBLEPOST=1536751251][/DOUBLEPOST]
Што сакаш да ти кажам? Што има врска. Јас не сум ни Мицковски, ни функционер на партија.
ВМРО ДПМНЕ не ја носи спогодбава. Друг е на власт. Знам дека ВМРО ДПМНЕ не ја поддржува спогодбата. Лично, верувам дека партијците нема да гласаат. Тоа го знаат сите. Зборувам за обичниот народ. Што не е уценет, заканет...
Мене ме чуди како цел СДСМ преку ноќ се освести и стана поборник за промена на името на државата, уставното. И тоа ревносно го бараат.
Јас гласам по сопствено убедување. Може секој да „ме“ повика за гласање, ама јас сам ќе одлучам што да правам. Ни Мицко, ни Зајко,... никој.[DOUBLEPOST=1536751323][/DOUBLEPOST]
А бе ти го слушна што кажа? Го повтори истото дека не го поддржува договорот и дека нема да дадат поддршка.
Не за друго, туку да не цвикате кога 10+ пратеници од дпмне ке гласаат по сопствено убедување за уставните промени. Спрема одлуката на мицко и компанија секој да постапи по сопствено убедување, следствено и пратениците ке треба да постапат по сопствено убедување и никој не ке смее да им забележи оти гласале за уставните измени.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не за друго, туку да не цвикате кога 10+ пратеници од дпмне ке гласаат по сопствено убедување за уставните промени. Спрема одлуката на мицко и компанија секој да постапи по сопствено убедување, следствено и пратениците ке треба да постапат по сопствено убедување и никој не ке смее да им забележи оти гласале за уставните измени.
Ете, ќе ти ја исполнат желбата да се промени името.
А ти мислиш дека тоа ќе е гласање по сопствена совест? Прво, пратениците се избрани врз база на предизборна агенда дека не се за промена на уставното име, па би било лажење на гласачите. Истото и за Заев треба да важи, кога се колнеше дека нема да менува уставно име. Ама, лажењето стана пракса, не исклучок.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
На последните парламентарни избори во 2016 кои вооедно се сметаат и за едни од помасовните избори кои се случиле во земјава, излегле 1.191.854 гласачи или приближно 66% од населението.

Ај сега направете математика како ќе се исполни цензусот кога пола народ планира да не излага на референдум :icon_lol:

Ќе не влечат за уши? :icon_lol:
Па баш пошто пола ќе бојкотираат, излезноста, по мое скромно мислење, ќе биде помеѓу 50-55%. Ако морам да се кладам, негде 52%. Јасно ни е дека не сите кои се гласачи на ДПМНЕ ќе бојкотираат. Исто така сигурно дел кои гласале за СДСМ ќе бојкотираат. Значи би решавале тие што не излегле на тие парламентарни избори и секако, колку ќе се поднамести. :D 2-3% не би требало да е тешко да се намести/купи.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
ОК, зошто тогаш Заев сега носи друг договор ако ВМРО ДПМНЕ прифатиле нешто?
Затоа што не е до Груевски само. Треба и во Грција да се појави некој кој ќе има услови да прифати договор. Не ме чуди да не знаеш, бидејќи очигледно дека си флагрантно неинформиран, дека во минативе четврт век, имаше погодни услови за прифаќање на некаков договор, од едната страна, a истовремено непогодни услови, за прифаќање од другата.
Името Македонија Скопје, кое го прифати Груевски е полошо решение за Македонците од Северна Македонија.

И каде е тоа нешто? Смешно е кога сам себе се убедуваш дека „грозјето е кисело“.
Тоа нешто може да се слушне, лично од устата на Груевски, во разговорите презентрани на јавноста, од следење на случувањата, изјавите во тоа време и од документите излезени од Викиликс.
Греота да знаеш основни работи од дневна политка (кога веќе се впушташ во такви дискусии).
Денес е нова ера - информатичка и жалосно е да се следи на форумов, некој старец кој не знае да ги искористи, барем малку, придобивките од неа.
 
Член од
16 август 2018
Мислења
427
Поени од реакции
531
2008ма не дојде до решение за името зашто Груевски и Црвенковски прифаќаа само име за меѓународна употреба, а не ерга омнес. Да ставиш овде докази каде што е јасно и гласно Груевски кажува дека прифаќа ново име за СЕВКУПНА УПОТРЕБА. Лажов низаеден ко од мадето на Заев да си излезен.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
5.486
Секој глас против Договорот е глас против политиките на САД и Европа.
Зошто германската канцеларка не отиде во Собрание на РМ или во Седиштето на партијата ВМРО ДПМНЕ да ја одржи средбата?
Наместо тоа замина на нејзино германско тло во Германска амбасада и Мицкоски како потчинет вазал си се нацрта внатре. Тоа мислам доволно говори за јачината која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и македонските политичари.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom