Дискусија околу текстови на песни

  • Креатор на темата Креатор на темата Sawyer88
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.602
Возраст
36
Не сретнав ваква тема на форумов. Сигурно сите некогаш сме се прашале што уствари значи текстот на некоја песна што ја знаеме.

Има песни кои се добро познати, а текстовите се збунувачки или апстрактни. Има и песни со скриено значење. Постојат и песни каде текстот може да се сфати на два или повеќе начина.

Значи тука дискутираме за значењето на текстовите на одредени песни. Без разлика дали станува збор за светски познати хитови, македонски или екс ју песни. Исто слободно може да се пишуваат интересни факти околу тоа како една песна настанала.
 
Одма јас да го скршам ледот.

Дали некој знае точно за што се однесува текстот на „Косоока“ на Дарио? Сфаќам дека е за азиска девојка, ама што е со неа? Девојката е само негова фантазија или сон? Или пак е мртва? Никогаш не укапирав, а текстот го знам на памет.
 
Одма јас да го скршам ледот.

Дали некој знае точно за што се однесува текстот на „Косоока“ на Дарио? Сфаќам дека е за азиска девојка, ама што е со неа? Девојката е само негова фантазија или сон? Или пак е мртва? Никогаш не укапирав, а текстот го знам на памет.

Не знам дали некој ја има укапирано, тотално нема врска текстот. Иако мене ми е убава песна, знам да ја слушам некогаш.
Мислам дека не е ни за девојка. :unsure:
 
Raped by Elephants - Torsofuck

Како што и кажува самиот наслов, станува збор за некој којшто ја посетил Африка со цел да ги види сите животни во дивината за на крај биде осакатен и силуван од страна на три слонови. Завршувајќи со со стихот "I'll never go to Africa again" авторот се обидува да ни го долови моментот на разочарување и горчина а со тоа укажувајќи дека местото на човекот не е во дивината.
 
Eminem - FACK - Lyrics

Песнава на Еминем е прва во неговиот Greatest Hits албум. Сами одлучете за што се работи во текстот и какво значење има, јас само ќе додадам дека песнава е направена под високо влијание на Амбиен во време кога Еминем беше зависник.
 
сите песни на светот се за секс
 
сите песни на светот се за секс
Понекогаш зад сексот во песните, се крие нешто подлабоко и окултно.
Mtv направи многу окултни песни и спотови на почетокот на 90тите, затоа што тоа е Масонска Телевизија.;)
 
Понекогаш зад сексот во песните, се крие нешто подлабоко и окултно.
Mtv направи многу окултни песни и спотови на почетокот на 90тите, затоа што тоа е Масонска Телевизија.;)

Дај некоја песна како пример
 
Smells Like Teen Spirit - Nirvana
Heart-Shaped Box - Nirvana
Otherside - Red Hot Chili pepers
Boiler - Limp Bizkit
Losing My Religion - R.E.M.
И многу други....

Не знам за спотовите, ама во овие песни не гледам ништо окултно. Smells Like Teen Spirit е протестна песна за апатијата на новата генерација. Otherside од RHCP е за зависноста од дрога. Losing My Religion е за очај поради невозвратена љубов (една од најпогрешно сфатените песни, некои упорно мислат дека има некаква врска со религијата).

Е за Heart-Shaped Box има куп теории, ама ниедна не е за некаков култ. Како повеќето песни на Курт може да има повеќе толкувања. Веројатно е поврзана со неговиот однос со Кортни Лав. Мада има теорија и дека дел од текстот е за децата заболени од рак, поточно болката што ја осеќал Курт кога ќе види такво дете. Трета теорија, дадена од дотичната Кортни, е дека песната е за нејзината п**ка.
 
Smells Like Teen Spirit - кога ќе и го брцниш прстот и ќе помирисаш
Heart Shaped Box - треба ли објаснување каква кутија станува збор
Otherside - оваа за оние што преминале на другата страна
Losing My Religion - кога прв пат ќе окецаш нешто
 
Иначе Курт Кобеин не се самоуби, многу му беше тешка славата и ја излажира својата смрт.

Не бе, Кортни го уби, пошто нејќел трето дете. Исто како Мерилин Монро што се самоуби пошто нели не можела да стане мајка. Кажа тој нашиот владика, он ги следи овие работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom