Пијаница или не, човекот ја зборува целата вистина за Македонија. Старо е видеото. Само е сега популарно.
Ова е надежта. Каде е надежта доколку не влеземе еу и нато? Сами одвнатре, никогаш нема расчистиме со ништо. Ова реално, е шанса. Подобар договор нема да добиеме.
Па ако ни го свртат грбот сите, месождерите на власт ќе продолжат да не угнетуваат како што сакаат. Нема добронамерник што е на власт!
Кој сме бе ние? Што се мислиме дека сме бре? Доаѓаат битни луѓе во светов у распрденицава од земја, да не молат да излеземе калта.
Можеме без еу и нато да се развиваме како држава, демократски и економски? Верува некој во тоа бре? Кој ке остане во земјава?
11 години не убедуваше грујо дека сме најдобри во цела европа, подобри и од шведска, не уверуваше дека можеме сами. И што направи? преку 300к бугарски пашапорти и си го обезбеди животот и животот на нивните 2-3 поколенија. Е уште ли така?
Доаѓале луѓе од светов пази.... ДА НЕ МОЛАТ да излеземе од гомната.
Да не молат бре

. Оние што име несакаат да ни спомнат, што не гледаат ко слепо црево во Европа ќе дошле овде да не молат
Не фала, откако станавме држава ние:
1) Сменивме име под притисок
2) Сменивме знаме под притисок
3) Потпишавме Рамковен под притисок од овие што не "молат" моментално
4) Имавме штетен референдум каде што ни отиде цела Западна Македонија со поддршка од овие што не "молат"
И сега некои ми викаат "Ај уште ова, и готово ќе влагаме во НАТО, ЕУ, ќе дојде живот, никој нема да гладува..."
Абе мрш таму, еве веќе 25 години чекаме и никако да влеземе. А и со овој договор никој не ти гарантира дека пак некоја членка ќе ни лупне вето за во ЕУ и НАТО. Ако го изгласаме овој договор... е тек тогаш ќе видите како ќе ни се залепат Грциве како мрсул за секоја неисполнета точка од договорот. Исто како и Бугариве за тој навидум "добрососедски договор" каде сега не опомнуваат на секој чекор.
Колку сте вие само мали и наивни суштества, па не е ни чудо што вакви билборди ставаат низ градов, и што ви праќаат земјоделци од Албанија да ви го перат мозокот.
Али ако, и самите сте свесни дека референдумот тешко ќе помине па ве фаќа јанѕа

.
Инаку по се изгледа ДПМНЕ ќе останат неутрални на референдумот, се очекува деновиве да излезат со соопштение секој граѓанин со свои убедувања да реши како ќе постапи по референдумското прашање. Ова е еден вид на Бојкот и од нивна страна...