Монтер? Па ти знаеш ли кој се е монтер? Кој стигне.појава што во последно време е доста зачестена по македонскиве форуми вклучувајќи го и овој (а доста иритира) некој бара совет мислење за одреден модел или со одреден буџет за потоа веднаш следуваат понуди кои не се ни приближно слични со барањето ни по цена ни по модел (последниов случај не е таков но пред некој ден на член ми понуди уред кој беше поскап за 150 евра),
друго ако веќе некој препорачува нешто треба да е барем сигурен во тоа што го препорачува (да има корисничко искуство или минимум да е монтер или во најлош случај продавач - а ти не си ни едното, ни другото ниту пак третото),
бидејќи во конкретниов случај како препорачуваш модел од скоро 1000 евра а користиш буџет клима вивакс за пола пари (и со што го оправдуваш изборот ? - со искуство или ?), тоа според мене ти е исто како јас возам матиз а на некој му кажувам да си земе мерцедес.
не си играјте ако немате искуство некој ќе те послуша и ќе си ја земе бељата а клима првенствено наменета за греење зема.
п.с критикава е доста добронамерна, а свани си ја како сакаш @Klima ured .
Препорака може да ти даде инжењер кој знае да пресмета термални загуби на објектот приближно, и према тоа да види според еуровент (или ако нема, по спецификација) да види како ќе се покрие таа термална загуба.
Монтер може да има везе, не дека не. Ама тоа може да се малксимум 1% монтери кои имаат појма од нешто. Другите си штрафат, си бушат и тоа е тоа.
Продавачите најчесто фаворизираат свои уреди. Може да имаат познавање, но секако многу повеќе за позитивните работи на нивните уреди, и за негативните на другите. Но, не и обратно.
Ама монтер 99% везе нема. Да ми покажеш некој што знае што е термална спроводливост, или каде има термален мост, или како се пресметува топлинска загуба, или каде ќе се јави точка на роса - многу би се изненадил искрено. Буши, штрафи, цревцето да го спроведе, пад да има - пеки. Ама да знае дека SCOP 5.1 нуди 14% заштеда у споредба со другиот и во овој простор тој SCOP заради прозорот во кујна паѓа на 4.6, ама заради што е внатрешен тој ѕид со комшијата расте на 5.3... или дека на -7 давала таа и таа 3.2kw, ама кога е во дефрост дувала ладно... уживај.