Ipsissimus
P.I.
Животот е многу нешта, животот е и школо, но сам по себе нема да те научи на она што ќе го научиш во школо.Животот што е ако не пракса?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Животот е многу нешта, животот е и школо, но сам по себе нема да те научи на она што ќе го научиш во школо.Животот што е ако не пракса?
Некој чекал, чекал, чекал и умрел. Нудите нешто а никој не знае што е тоа.....чудно.Бидејќи не сум љубител на вакви new age „зен“ приказни, а и насловот на темата е „Зен и други поучни приказни“, ете ви една суфи сказна ...
„Ова е сказната за Ебу Јакуб Јусуф ибн ел-Хусејн Арази и неговата потрага по Највисокото и Највнатрешното!
Ова се Трите И (Истрајност, Иницијација, Искушение) кои ги водат аџиите по Патеката кон Неизговорливото!
* * *
Дознавајќи дека Зунун ел Мисри го знае Најголемото Име Божје, се исполнил со желба да оди во Египет. Стигнувајќи во џамијата на Зенун ја изговорил поздравната молитва и седнал. Зунун му го возвратил поздравот. Во текот на цела година Јусуф седел во некој ќош настрана во џамијата, не осмелувајќи се да го праша Зунун. На крајот на таа прва година, Зунун прашал:
„Од каде доаѓаш млад човеку?“
„Од Рага“, одговорил овој.
Во текот на втората година, Зунун не рекол ништо, а Јусуф и понатаму седел во истиот ќош. На крајот на втората година, Зунун го прашал:
„Поради која причина си дојден, младичу?“
„За да те посетам“, одговорил Јусуф.
Другата година Зунун ништо не кажал. Потоа прашал:
„Сакаш ли нешто?“
„Дојдов за да ми го кажеш Најголемото Божјо Име“, одговорил Јусуф.
Зунун молчел уште една година. Потоа му подал на Јусуф прикриен дрвен сад.
„Премини го НИЛ. На едно одредено место ќе сретнеш старец. Дај му го садов и запамети се што ќе ти рече“.
Јусуф го зел садот и тргнал на пат. По пат, го нападнало искушение.
„Што е тоа што мрда внатре во садов?“. И тој го дигнал капакот. Изрипал некој глушец и побегнал. Јусуф почнал да се јадосува.
„Каде да фатам сега? Кај старецот или да се вратам кај Зунун?“
Најпосле, отишол кај старецот, носејќи му празен сад. Старецот кога го видел се насмеал. „Си го прашал кое е Големото Име Господово?“
„Да“
„Зунун ја видел твојата нестрпеливост и ти дал глушец, рекол старецот. Слава на Бога! Ако не умееш да се грижиш ни за еден глушец, како тогаш ќе го чуваш Големото Име?“
Полн со срам, Јусуф се вратил во џамијата на Зунун.
„Вчера седум пати му се молев на Бога да ми дозволи да те научам кое е Неговото Име. Бог не ми го дозволи тоа, што значи сеуште не ти е дојдено времето. Потоа Бог ми заповеда:
„Стави го на проба со еден глушец.“.
Кога го сторив тоа, еве што се случи. Врати се засега во твојот град, дури не дојде времето.“
Затоа не чекајте, не бладајте, учете, надминувајте.
Having realised the Self, nothing remains to be known, because it is perfect Bliss, it is the All.Затоа не чекајте, не бладајте, учете, надминувајте.
Животот е за живеење, искушенијата се школо!
Кој тоа ти нуди тебе нешто? И кои се тие луѓе кои ти ги собра заедно со тебе под симболот „никој“ што не знаете ништо па ви е чудно?![]()
Арно ама ,,реализирањето" не паѓа од небо.Having realised the Self, nothing remains to be known, because it is perfect Bliss, it is the All.
Се друго ти е заебанција.
Having realised the Self, nothing remains to be known, because it is perfect Bliss, it is the All.
Се друго ти е заебанција.
Од кај знаеш ти колку слоја има човекот?
Ако ова е твоја вистина и цел која си ја нашол читајќи зен сказни - уживај до неа и со неа кога ќе ја постигнешСето друго ќе биде залудно одење, бидејќи надвор од чистата волја се е заебанции...
Небитно ми е мене како ти се нарекува целта, какви атрибуции има итн итн....
Можам да ти избројам куп симболи како ова твоето the Self (со голема буква) од различни системи кои зборуваат на сличен начин како ти што сподели сега...
Работата е што постојано или барате некој да ви одговори дека тој/таа го постигнал тоа пронаоѓање на себството, на огнот што гори во срцето на секоја ѕвезда, на Хадит - кажано Телемитски (како да ќе поверувате нели веднаш) или пак вие подсвесно се обидувате да глумите луѓе кои се пронашле себе си, кои ги разбрале системите гледајќи ги одозгора и не треба ништо да знаат, немаат потреба од искуство итн итн ...
Каде така?
И постојано имате некоја одбивност за ствари кои не ве интересираат воопшто и не знаете ништо за нив освен површни ствари кои како искршено огледало даваат искривена и нецелноста слика за работата која вие градите негативен став... е тоа е чудно, не она претходно што тебе ти беше чудно.
За да критикувате нешто - мора да го знаете, инаку... ќе ви биде чудно, непознато, ќе се жалите како никој не ви кажува ништо... па како да ви каже кога ете вие сте во Bliss
Ова е за младите луѓе, тие паѓаат на тоа бидејќи многу лесно може да ги убеди човек дека го постигнале максимумот во нивното духовно, интелектуално, психичко или какво и да е ниво
Слоевите на човект не се 4 како што велат кабалистите со нивните делови на душата ниту пак 7 како што зборуваат источњаците
Но
Игнорирањето е добра ствар за вас. Го знам тоа. Се што не ви одговара во вашиот видокруг - или ќе го игнорираме или ќе бладаме за истото да си најдеме оправдувања а никако да научете нешто повеќе. Зошто сте такви? Ништо не учите од сказниве? Само копирања...
Абе кој нов Еон.....нели гледаш дека луѓето се поглупави и поглупави како проаѓа времето. Од една страна се заебаваш со Њу Ејџ движењето од друга ги тераш истите бајки.Игнорирањето е добра ствар за вас. Го знам тоа. Се што не ви одговара во вашиот видокруг - или ќе го игнорираме или ќе бладаме за истото да си најдеме оправдувања а никако да научете нешто повеќе. Зошто сте такви? Ништо не учите од сказниве? Само копирања...
Има системи, тие системи дозволиле такви ко тебе денес да паламудат наоколу за сешто, незнаејќи ниту реално заморувајќи се со нешто...
Тоа е - да е до мене, друго ќе беше!
Тоа што не знаеш каде води Новиот Еон е твој пропуст, не е мој. Не можам да ти покажам каде ти треба да одиш. Бараш методи? Се мислам дека ги бараш онаму каде што знаеш дека нема да ги најдеш бидејќи си мрзлив и не бараш промена, бараш оправдување за она што си сега...
Го имаш оправдувањето во Liber XC и Liber X.
За четитите вистини сликава од Liber 777 + сказниве може ќе најдат нешто луѓето... ако ги читаат овие ствари
![]()
П.С. Од системите знам за слоевите кај човекот. Немаш ти фајде од тоа како знам, далечно е тоа за тебе - не раскажувам такви сказни секому.
Туку ајде да „препишам“ уште една суфи сказна.
Шеикот Џунајд имал ученик кого го сакал повеќе од соте останати, што ја поттикнало љубомората кај другите ученици; шеикот - познавајќи ги нивните срца - знаел дека тоа е така.
„Тој е најдобар од сите вас и по однесувањето и по умот“ - им рекол тој.
„Ајде да направиме една проба за и самите да го сфатите тоа“.
Тогаш Џунајд наредил да му донесат дваесет птици и им рекол на учениците:
„Секој од вас нека земе една птица, што ќе ја однесе некаде каде што никој не го гледа, нека ја убие, а потоа нека ми ја донсесе“.
Сите ученици заминале, ги убиле птиците и ги донеле - сите, освен најомилениот ученик; тој својата птица ја донел жива.
„Зошто не ја отепа?“ прашал Џунајд.
„Затоа што учителот рече оти тоа треба да се стори на некое место каде што никој не може да не види.“ одговорил ученикот.
„Јас каде и да одев, Бог гледаше.“
„Го гледате ли сега степенот на неговото сфаќање?“ извикал Џунајд.
„Споредете го со она на останатите.“
Ете едно непозајмено, од каде што копираш.... практично
Од овде е http://buddhasutra.com/index.html......
Абе кој нов Еон.....нели гледаш дека луѓето се поглупави и поглупави како проаѓа времето. Од една страна се заебаваш со Њу Ејџ движењето од друга ги тераш истите бајки.
Од системите си знаел за слоевите.....немој не ме радуј.
Која е практичната примена на сето тоа, и до каде дојде ти со одговарање на егзистенцијалните прашања е темата....тури му пепел на ова твое позајмено знаење ако немаш фајде од него.