Не можам да те цензурирам, само ти кажувам дека е смешно кога ние читаме за тоа како вие знаете се' за нашава држава, во многу случаеви доста повеќе и од нас, луѓето кои живееме тука. Ти како Македонец КОСА ЦРТА германец имаш право да коментираш ама не како да си тука, него да дадеш мислење а не да наметнуваш, поготово не, ќе се повторам, кога не си дел од оваа држава. Ти си една осмина македонец, на месец дена (ако е и толку време) кога ќе дојдеш тука на одмор, да потрошиш некое евро на пијачка и да остаиш бакшиш у кафана/ресторан. Во другиот дел од годината си немец, живееш во немачка, работиш за немец, збориш немачки и веројатно имаш и немачки пасош. Ме интересира, ако имаш германски пасош, што ти пишува во националност во истиот?
Добро е да се информирате, смешно е да критикувате, кога не знаете. Информациите ги собирате од интернет и преку роднини/пријатели кои можеби се а можеби не се субјективни, не знаете.
Види, ја не влегувам во муабетот што ги имаш конкретно со гастарбајтеров. Ова го зборам као некој тренд што се исфура последниве години.
Но муабетот ти е у најмала рака глуп. Зошто ?
Има разни типови на македонски гастарбајтери како дел од нашата дијаспора. Голем дел од нив се етикетирани ко слепи "поголеми од нас" патриоти.
Сум зборел и претходно, ние толку се одалечивме од нашата вистинска дијаспора, онаа која вреди и која има влијание надвор (а има такви многу) и сите нив ги сведовме во кош "не ја даваме македоунија" или "македоунија тајмлес" и просечните "иселенички џубокс" старци.
Милион поделби во државава, град-село, провинција-скопје, вмро-сдс, богат-сиромав,ваков-таков па и ајде ќе се делиме на оние што сме овде и оние преку "ѕидот".
Дијаспората и тоа што претставува она е само уште еден фрагмент од она "раздели па владеј" и е директен одраз на нашата целосна деорганизираност и фрагментираност ко народ и држава.
Пази, во Австралија излегоа ИЛЈАДНИЦИ луѓе, во Америка, Канада исто. И цела македонска "прогресивна" јавност се фатија за некои слепи старци таму што се избрукаа, при што истиот собир скроз се релативизираше тука.
Тоа се ресурси. Многу од тие луѓе се ситуирани, со контакти, со имиџ и со одреден "калибар". Дали некој НЕКОГАШ нив ги контактирал или еве искористил за да го зголемиме влијанието надвор? НЕ.
Никогаш нема ни да се случи тоа, пошо цела дијаспора ја сметаме за "ИМЕТО НЕ ГО ДАФАМЕ" "Спасете ја Македоунијааааааа" и тн и тн.
А дијаспората е моќна алатка. Еве грциве имаат страшно силна дијаспора, албанците исто, што можеби макар и минимално во одредена насока им ја подобрува положбата и не се оставени на милост и немилост на некои сенатори или државни секретари.
Океј, ликов можеби не е најрелевантен да збори за мкд. Но со твојов муабет ти го тераш тој уште толку да се одалечи од државава, дури и да ја замрази со аргумент дека "домородците ги мразат иселениците". Тоа ти е исто ко да кажеш еве Пандев (он ми падна на памет) нема право да отвори уста за македонија, пошо нели практично не е македонец, не живее овде. Иако не е он баш најдобар пример пошто пак вложи доста пари во неговата академија а.к.а клуб.
Исто е сеа ја да ти кажам, како ти може да навиваш за Ливерпул кога никогаш не си бил на нивна утакмица? (иако ваљда си бил на неколку или барем на Работнички). Ти не си релевантен, никогаш не си го посетил Енфилд.
Дали некогаш некој фан од ливерпул ти кажал "дечко, не си бил на Енфилд, гони се у к*рац". Нема логика, така?