На кој и смер да е, резултатот ќе биде поразувачки кога "инженер" од новиве гернерации ќе дипломмира на Машинскиот факултет. Разорачарувачки е тоа што го гледам кога доаѓаат нови инженери за работа. Такви глупости да се трескаат, толкаво незнаење не сум сретнал до сега. Да се нема основни познавања на autocad и техничко цртање. Дали е до професорите или до студентите не знам, ама знам дека на новиве не би им дал да работат одговорна работа додека не станат навистина професионалци во работата. Од поранешните генерации да се обучи млад машински инженер за основно функционирање на произвоство, или сл, не за проектирање или нешто повеќе беа потребни шест месеци. Со сегашниве и една годнина е малку. Запаметете колеги. НЕ работи дипломата, просекот или нешто слично. Работите вие. Само еден пример ќе наведам што ми се случи пред неколку месеци. Магистер на машински науки да не знае основи на аутоцад и техничко цртање. Да не знае да пресмета основно напрегање од сила и површина. Ваквите примери се бесконечни. Или учете да станете навистина инженери ценети по својата стручност или ќе останете обични оператори во "странскиве инвестиции" за бедни 300 евра.