Можеш ли да го посочиш законот каде што тоа е дефинирано? И да го прашува претседателот дали да пука? Кој претседател? Партиски?Мора да познаваш некој џандар што работи во влада, собрание, претседател, прашај го кој смее да носи оружје. Еве ќе ти кажам пример. Ако дојде Претседателот во посета на собранието, неговото лично обезбедување носи оружје. Исто е и кога доаѓа некој од странство. Се шетаат бугари, срби, грци, со оружје во собранието. Овој на бјб сега што го ставиле, бил обезбедување на министерот привремен, изборен,за внатрешни работи. Тој значи има право да се шета во собрание со оружје. Нема право да влезе во салата кај што се одржува седница, кај претседателот на собранието итн.А за овој дали треба или не, да биде на таа позиција, тоа е друго.
Јас го најдов ова во законот за Собранието:
XIII. ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ ВО СОБРАНИЕТО
Член 43
(1) Одржувањето на редот во зградата на Собранието и во просториите во кои работи Собранието го обезбедува посебна служба. Лицата од посебната служба за одржување на редот во зградата на Собранието на истакнато место на облеката носи обележје на Собранието на Република Македонија.
(2) Овластените службени лица на органите на државната управа не можат без одобрение од претседателот на Собранието да имаат пристап во просториите од ставот (1) на овој член, ниту да преземаат мерки спрема пратениците, работниците во Службата и спрема други граѓани.
(3) Носење оружје во зградата на Собранието не е дозволено, освен за лицата овластени за одржување на редот во зградата на Собранието.
(4) За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на пратениците и надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието одлучува и донесува мерки претседателот на Собранието по претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.
(5) За одговорноста за нарушување на редот во Собранието од страна на вработените во стручната служба и надворешни лица поканети со нив, спроведува и изрекува соодветни мерки генералниот секретар на Собранието согласно со закон.
Последно уредено: