Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.233
Поени од реакции
338
Абе сеа они сакаат Германија, Австрија ама кога ќе видат дека неможе ќе се задоволат и со нешто помалце. А Македонија и општо било која држава на Балканот е сто пати подобра отколку државите од каде што доаѓаат како Сирија, Ирак, Афганистан и еден куп други Афрички држави. Вчера на прес пратеничката Кузмановска кажува како земјоделците ќе имале многу бенефити од ЕУ, на пример во Бугарија приходите им се зголемиле за 50 проценти. А не кажува дека само од 2007 кога влегоа во унијата до 2013 имаат пад на земјоделските стопанства од 500к на 250к а од 2013 до сега ништо чудно таа бројка и да е дојдена на 150к -па ете со мигрантите можност за нови земјоделци :rolleyes: и така имаме еден куп полупразни рурални средини, сигурно на некој од експертиве во влада ќе му светне ваква идеја плус ако има некоја бонус паричка за него..
Пу бе мајката сите не мразат нас и сакат да ни го начукат до крај, нели оти и до сега не бевме/сме тешка мизерија..
 

Prince

PsyTrance, Musica Psychedelica
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.160
Поени од реакции
2.987
Не знам дали се читате што пишувате или, ако е вака, што се буниш тогаш што ќе потпишат смена на името кога без разлика дали потпишале, не потпишале, секаде освен во Грција не сметаат за Македонци :toe:

И не знам што не е јасно во тоа дека НЕ МОЖЕШ да се откажеш од бугарско државјанство, си си потпишал таму дека се до 10то колено уназад се Бугари и си стои документирано кај нив. Логикава ви е како јас што сега имам кредит од НЛБ да видам подобри услови за истиот кредит во Стопанска и да им речам на НЛБ, еј роџаци најдов јас подобри услови, не ја бива работава, се откажувам од кредитов. Зошто нели, не ваља тоа што се имам потпишано во НЛБ на 300 папири.
Да, се е документирано и низ процедура имаш едно 10тина документи(можда и појќе, не можам да се сетам) со твој личен потпис и молби и 500 разно разни ствари. Исто и интервју.
А шо имате толку против тие со бугарски пасоши? Предавници а? Луѓето од мака стигнале до тоа ниво.
Уште 100 пати да можам, 100 пати би се потпишал. Едноставно не ме интересира државава во ниеден поглед, овде моментално живеам зато шо морам. Не глумам, не сум никаков патриот, изгубено е тоа чувство одамна.Јас лично и персонално ги бројам деновите кога ќе напуштам од овде, сакам да го повлечам само брат ми и се надевам никад нема да се вратам. Али то е друга тема.

Полабаво малце, секој си има право на своја одлука. нема потреба да судите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.704
Поени од реакции
16.919
голем правен дебилизам... се откри дека јавниот обвинител Шврго го забошотувал корупцискиот случај на председателот Б.Ц. Надеж, а кој е земен во СЈО и ставен во фиока да одлежи и застари ... а што се однесува до случајот Титаник, освен преправањето на изборните резултати во Чаир, другото е лук и вода..
Туку кога тогаш ќе мора првата наредна власт да отвори случка за криминогените Локалните 2017, не само украдени избори туку и човечки жртви. кандидат градоначалник а и активисти[DOUBLEPOST=1534538641][/DOUBLEPOST]
https://i.ytimg.com/vi/AOUJ1HA4nog/hqdefault.jpg

Вакви имале бар уште пола од учесниците во АСНОМ, па не им пречело на крај да основаат независна македонска држава. Индивидуи многу полесно можат да се откажат од тоа што го потпишале, отколку колектив. Што ако Глигоров пишал дека е Бугарин, кога на крај тотално работел против бугарските интереси?
сега внуците на Киро може блгарски пасапорт да добијат:icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.038
Поени од реакции
1.121
голем правен дебилизам... се откри дека јавниот обвинител Шврго го забошотувал корупцискиот случај на председателот Б.Ц. Надеж, а кој е земен во СЈО и ставен во фиока да одлежи и застари ... а што се однесува до слуќајот Титаник, освен преправањето на изборните резултати во Чаир, другото е лук и вода..
Туку кога тогаш ќе мора првата наредна власт да отвори случка за криминогените Локалните 2017, не само украдени избори туку и човечки жртви. кандидат градоначалник а и активисти[DOUBLEPOST=1534538641][/DOUBLEPOST]
сега внуците на Киро може блгарски пасапорт да добијат:icon_mrgr:
Зашто коментираш нешто, а врска немаш.Што не е јасно во овој случај. Обвинетите бараат снимките да не се користат како доказен материјал.Зашто не покренале обвинение ако имале докази. Се пазареле со Б.Ц. или со жена му.Или ти имаш некоја извитоперена идеологија за Дпмне, или многу те прегореле Сдсм.Навистина постовите ти се чудни.
 
S

silmarillion

Гостин
Да, се е документирано и низ процедура имаш едно 10тина документи(можда и појќе, не можам да се сетам) со твој личен потпис и молби и 500 разно разни ствари. Исто и интервју.
А шо имате толку против тие со бугарски пасоши? Предавници а? Луѓето од мака стигнале до тоа ниво.
Уште 100 пати да можам, 100 пати би се потпишал. Едноставно не ме интересира државава во ниеден поглед, овде моментално живеам зато шо морам. Не глумам, не сум никаков патриот, изгубено е тоа чувство одамна.Јас лично и персонално ги бројам деновите кога ќе напуштам од овде, сакам да го повлечам само брат ми и се надевам никад нема да се вратам. Али то е друга тема.

Полабаво малце, секој си има право на своја одлука. нема потреба да судите.
Кој вика дека ако земал бугарски пасош е предавник? Ако земал бугарски пасош и доаѓа сега да им соли памет на тие што сакаат да сменат име е во најмала рака лицемер, а со голема веројатност спремен за дијагноза.

Тоа е муабетот за бугарските пасоши. Иначе на сите ни е јасно дека од мака се вадат тие пасоши. Ама од мака и други работи се прават...
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.503
Поени од реакции
1.894
`дијаспората е една и е во Берн. другиве небањати можат да умрат само`
http://www.youtube.com/watch?v=hRsTboprg6o
Нормално,се напаѓа најмногу македонската дијаспора од форумџии кои не се Македонци по потекло. Додека за таа од Швицарска ни збор.
https://m.youtube.com/watch?v=aKkgvQgjrmg
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да, се е документирано и низ процедура имаш едно 10тина документи(можда и појќе, не можам да се сетам) со твој личен потпис и молби и 500 разно разни ствари. Исто и интервју.
А шо имате толку против тие со бугарски пасоши? Предавници а? Луѓето од мака стигнале до тоа ниво.
Уште 100 пати да можам, 100 пати би се потпишал. Едноставно не ме интересира државава во ниеден поглед, овде моментално живеам зато шо морам. Не глумам, не сум никаков патриот, изгубено е тоа чувство одамна.Јас лично и персонално ги бројам деновите кога ќе напуштам од овде, сакам да го повлечам само брат ми и се надевам никад нема да се вратам. Али то е друга тема.

Полабаво малце, секој си има право на своја одлука. нема потреба да судите.
Не скокај, никој не суди дали некој зел или не зел, јас ги оправдувам тие што зеле, не ќе работат за 200 евра кај Мијалков и Анѓушев, туку друг е муабетот овде. Гледам објаснил Силмарилион, пратете ја дискусијата пред да цитирате.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.476
Поени од реакции
18.494
Ако еден граѓанин направил 10 трансакции од вкупно 100.000 трансакции, тогаш значи ги има минимум 10.000 независни информатичари и програмери кои заработуваат работејќи за странски работодавачи преку Интернет.

Ова во превод би требало да значи дека плавите жолтици изгубија уште 10.000 гласачи, ако не и повеќе, земајќи ги во предвид и најблиските на тие гласачи.

Ако, нека им е` на здравје, нека им се размножува бројот на изгубени гласачи, како на нив, така и на пвеводбениците.

https://www.slobodenpecat.mk/biznis/ujp-ke-shpionira-koj-raboti-za-stranstvo/

УЈП ќе шпионира кој работи за странство

16/08/2018

од Весна Дамчевска

За сите домашни приливи што подлежат на персонален данок, УЈП има податоци. Но, за приливите од странски фирми кон наши граѓани, неопходно е "шпионирање" во банкарските сметки.



УЈП автоматски ќе ги бара податоците од банките за приливите што ги добиваат граѓаните од странство. Ова значи дека ќе постои програма со која сите приливи од странски фирми на име на граѓани што работат за странски компании, автоматски ќе стигнуваат во графата на УЈП за оданочување. Досега јавна тајна е дека многу поединци, особено од компјутерскиот бизнис, работеа за странски компании и за тоа беа солидно плаќани, но тие пари никаде не беа оданочени.

Ова е суштината на промените на Законот за банки, дознава „Слободен печат“, иако, како што деновиве објаснува надлежните, ќе се гледаат сите приливи на банкарски сметки. Всушност, за сите други приливи што подлежат на персонален данок, УЈП има податоци. Но, за приливите од странски фирми кон наши граѓани, неопходно е "шпионирање" во банкарските сметки.

Месечно околу 100.000 трансакции со странство

Во УЈП велат дека според направените процени со банкарите, на месечно ниво има околу 100.000 трансакции од странство направени од наши граѓани.

– Тоа не значи дека станува збор за 100.000 граѓани што добиле пари од странство. Можеби еден граѓанин има десетина трансакции – објаснува Весна Новаковиќ од УЈП.

Колку пари се правеле, пак, со овие 100.000 трансакции, од УЈП велат дека тој податок сега и не е важен, односно дека е важно да се прецизираат сите детали околу процесот што ќе овозможи Управата да ги пополнува годишните даночни пријави, место тоа да ги пополнуваат граѓаните.

– Граѓаните со години реагираа дека им е тешко да ги составуваат пријавите и дека има големи турканици пред шалтерите на УЈП во време кога се предаваа годишните даночни пријави за персонален данок. Еве сега тој процес е обратен. Место граѓаните да ни ги доставуваат податоците, ние за нив ги собираме и готовата даночна пријава ќе им ја доставиме на одобрување – вели Новаковиќ.

УЈП не ја интересира кој каде троши

Министерството за финансии пак, по многу контрадикторни изјави и критики во јавноста, излезе со информација дека одржале состанок со УЈП и со Македонската банкарска асоцијација на кој договориле одредени прецизирања на текстот на измените на законот.

„Управата и со постојниот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не ѝ се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава“, пишува во соопштението.

Оттаму се децидни дека нема да има никакви промени околу оние приливи од странство што и досега не се оданочувале.

„Нема никакви промени кај третманот на дознаките од странство. Ова значи дека и понатаму ќе се применува постојното законодавство, според кое приливите по основа на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход“, се додава во соопштението.

Како ќе се заштитат податоците?

Од Министерството уверуваат дека нивото на заштита на банкарски податоци ќе биде дури и повисоко од сегашното, за што се подготвуваат измени во Законот за УЈП.

И претседателот на Здружението на даночни советници Павле Гацов вели дека постојат начини што ќе обезбедат заштита на банкарските клиенти во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

– Пристапот до банкарски сметки и тоа за само одредена група шифрирани приходи што се оданочливи, ќе биде автоматски. Многу мал број вработени ќе имаат контакт со тие банкарски сметки, а и за тоа постои решение со одредени сертификати и специјални безбедносни клучеви – објаснува Гацов.

Дирекцијата за заштита на личните податоци, пак, уште во мај годинава дала негативно мислење на предложените измени на Законот за банките.

– Со измените се овозможува преобемно и неограничено обработување на личните податоци, кои по својот обем не се неопходни во однос на исполнување на целите поради кои се обработуваат – изјавија од Дирекцијата.
Ова малце глупо затоа што не верувам дека некој што добива пари од странска фирма на сметка не ги пријавува, посебно ако се поголеми суми.

И досега УЈП правеше примери со апсење, судење на такви, сега имаше еден од Кичево, пред тоа од Струмица. Значи дека знаеле и тогаш.

Мислам од авион се гледа дека се тргнати по парите што иселениците ги испраќаат од странство.

Јасно стана чим Заев излезе на телевизија и кажа дека немаат намера да ги даножат парите на иселениците :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom