Не се проблем луѓето што имаат двојно државјанство, сите што земале во случајот БГ пасош, не го земале да наштетат на Македонија, тие повторно си зборуваат на Македонски јазик, одат на одмор во Македонија,издржуваат фамилии во Македонија.
Ако не и одговара државата нека ги укине двојните државјанства.
Има доста луѓе и со други пасоши (американски,германски,хрватски,австралиски итн.) и за нив ништо се нема променето тие се чувствуваат Македонци.
Се сложувам со тебе, дека лајв преноси и коментари по социјалните мрежи се непотребни од луѓе кои во Македонија поминуваат максимум 1 месец годишно.
Поголем проблем се браќата 20%, тие благодарение на македонскиот пасош се во Европа но за разлика од луѓето со бг пасош, секоја прилика ја искористуваат да ја омаловажат Македонија.
Имав прилика да патувам со нив на линија према Македонија, во авионот зборуваат исклучиво англиски а на шалтер кај нас се разбира на нивниот јазик. Коментарите од типот : Види ги( упатени на нас Македонците кои бевме малцинство во авионот
) брзаат да си одат во новата држава идат гратис пред качување во авионот.