B
Bafra
Гостин
Дај бе кажете кои се тие јутуб клипчиња да не си мачам очите... Само тоа мантраш, а да земеш ти нешто друго да прочиташ, онака за промена, да споредиш едно со друго...Па добро може да е оф-топик до некаде а можеби и не е, технички сепак и РМ е дел од цивилизација некаква, вероватно спој помеѓу западна (20%), источна пост-комунистичка слав трак сут олигархија (40%) и ориентална (40%), ако се лажеме дека имаме повеќе заедничко во навики, кујна, пристап кон животот, вредности со граѓани на Осло и Париз него со луѓето по Сирија и Анадолија тогаш ок, можеме да се лажеме ама Балкан секогаш ти бил граница, Аустрија и буквално изградиле граница да се штитат од отомански наезди
Реалноста не наведува на песимизам туку на помирување со ситуацијата, тоа е што е, не е трагедија, мал милион народи имале држави и сега ги немаат а можно е како Либерија, да остане Македонија да живурка некако па ете демек опстојуваме, коров, пиреј а-у и така Либерија 200 години...........си постои. Си постои бе.
Не реков дека селаните биле помалку вредни, туку дека нивното заминување во никој случај не е исто како она што се дешава денес, немаме ни толку популација како тогаш, нит се раѓаат деца ко тогаш, нит ништо. Полесно е за едно општество да надокнади 20 земјоделци него 20 лекари специјалисти, сфаќаш?
За да правиш споредби треба да имаш одреден број параметри кои се слични или исти, не можеме да реплицираме историски услови нит менталитети ниту меѓународни и економски состојби кои биле некогаш, сега да одиме назад кон историја е попусто, Коптите имале држава сега имаат ништо, Израел напраил ова во 1948 а пред тоа 100 години ционисти работеле на случај, Романија вака или онака денес, ама Романија имаше 22 милиона а сега има 18 така да драстичниот пад од популација 1989-2018 нема да ги убие, исто донекаде и Србија и Бугарија иако и тие се движат во пропаст, ние имавме 2,064,000 жители во најславни денови (1991) а денес власта побрзо ќе ги ебе децата на сред плоштад во Скопје него да напраи попис, од тоа беа 1,29 милиони Македонци денес ако се милион ќе биде изненаџење, значи немаме протор за луксуз ко Романија.
Албанија и Косово се дно на Европа и таму ќе останат (во случај да не им преземеме примат) и тие имаат депопулација, срање се, со мала поправка дека Албанија сепак има страшен напредок од бидување Северна Кореја, не знам колку си возрасен и дали паметиш сцените во 90-ти кога ги отворија границите и пешки народ доаѓаше и стоеа пред излози како хипнотизирани, со скапани заби осмех парадентоза, со конопна врвца наместо каиш, лик од 75 годишњак а тоа матурант.
Али толку им е границата, светот ги повлече напред и тоа е тоа, оттука натаму ќе си бидат срање.
Трето ако имаш толку ниска популациона основа многу побрзо ѓаолот ќе си дојде по свое.
Значи нема, не постои начин да се спасе ова општество затоа што е умрено, готово е, никакво е, зло е, не знам како имаш оптимизам и зошто, не сум сигурен дека и би сакал да опстане, што курац бре ќе ми е РМ? Ете наведи 3 работи 1991-2018 кои биле ок, образовни реформи, здравство, базични спортови се развиле здрава младина а-у, економија, нешто од нешто, ајде три барем.
Како што кажав, меко приземјување без премногу масовни гробници би било премија.[DOUBLEPOST=1534259029][/DOUBLEPOST]
Бафра жити све, најдобронамерен предлог, земи книга, хартиена, читни, и види таму Адам Смит што и како, тоа преџвакано што гледаш на Јутјуб нема да ти каже ништо реално, која црна невидлива рака на пазар во земја со граници 100*120 км, без можност за мобилност на работната сила, не е ова Англија 1851 па ќе седне на железница од Шефилд и ќе се пресели од еден слам во друг слам во Ковентри, тие патишта цивилизациски се погубни, готово е, милиони луѓе умреле по рудници, фабрики, штрајкови биле косени со тешки митралези буквално, рудари бомбардирани со авијација, таква била раката на пазарот во САД и ВБ во славните времиња на кои мастурбираат либертаријанци, значи не знаеш ништо за раката на пазарот и за реалните ситуации кои довеле до пораст на стандардот.
И сеа ќе ги реплицираме тие услови и за некои 300 години ќе имаме пристоен стандард нели? Пошто сите најразвиени земји на светот имаат минимални саатници, не гледаат клипчиња доволно.
И тоа како е потребна саатница, мининална, со пропишани саати кои ќе бидат прекувремени и тоа да се имплементира со драконски казни, генерации поштени луѓе кои работат од јутра до сутра се осудени да живуркаат за да работат а не обратно, ако како општество во 2018 немаме цивилизациски консензус дека за трудот, па макар и бил наједноставен и монотон и потценет=треба да следи надокнада во висина која нема да го компромитира животот и здравјето, тогаш нема за што да правиме муабет, нек иде РМ на гробишта и нек си ебе матер.
Зашто го сфаќате капитализмот како анархија или олигархија... Во капитализам постои и владее правото, не е тоа кој му прдне шо сака да прави.
Сите тие прописи што ти ги бараш, се воспоставени првин од приватници, за зголемување на продуктивност, квалитет и безбедност. После некој од МАНУ што нема 2гр памет од тоа како функционира реалноста, ги пресликал и наметнува и кај треба и кај не треба и кога не треба.
Многу обожавате закони, како религиозни фанатици сте. Направи паралела, колку повеќе закони имаме, се полошо и полошо иде.
Еве имаме закон за возење со светла преку ден, а дали се намалени сообраќајки ... Во Грац го вовеле истото правило, после година дена, прават ревизија и оп не се намалени. Одма го укинале, непотребно е, плус придонесува за глобалното затиплување
Ајде објасни тогаш ЗАШТО, сериозно те прашувам зашто Кина, Русија, СФРЈ и остали социјалистички земји се распаднаа...
Исто зашто ЕУ е во ваква положба, кој им е проблемот ...
САД зашто токав долг имаат...
Ако те интересира нешто поразлично за читање кажи, ќе ти дадам насоки/извори па доколку не си правник можда поинаку ќе гледаш.
Умирале на железници и по рудници, а во социјалистичките, земји каде умирале и каде се тие земји а каде овие другите...
Колку сакаш стави регулации саатници, дневници НИШТО нема позитивно да постигнеш. Човек/ бизнисменот треба сам да сфати што е најдобро за фирмата и општеството. Хенри Форд можел исто да е против работниците, ама сфатил дека доколку тие се посреќни, позадоволни ќе работат повеќе, попродуктивно, а ако имаат и повисока плата, ќе можат и да трошат повеќе.
Ова што сега и се случува на денешнава цивилизација не е ново или првпат, веќе се има случено и претходно. Распадот на Римска империја ти е истото сега што го имаме.
Дај кажете кои книги да ги прочитам или па какви јутуб да гледам...
Немој само Маркс