Не е никој сјаен во моментот. За греоти се и двата тима.. тоа е ај да плачеме сеа...
Зборо ми е да се оправат клубовите на подобро. Посебно на Пелистер навивачите не смеат да си дозволат таков клуб да биде играчка на некој профитери. Треба мобилизација и теглење за уши.
Кај Осогово последната година работите почнаа да мрдат од нула, се прави инфраструктура кадровски и организациски околу клубот со голема помош од навивачите и локални фирми кои помагаат да се врати клубот на стари патеки. Исто како и во Битола и овде на второлигашки натпревари има минимум по 1500 публика и луѓето сакаат да гледаат квалитетна лига и фудбал. Расположението е позитивно и тоа треба да се искорости.
Искрено не сакам да бидам оффтопик и секој куп како куп си има своја тежина. Ако не ви е битен како на пола второлигаши кои не се пријавиле за куп тогаш зошто се игра... ??