Фала за деталниот одговор, не сум знаел дека е таква ситуацијата во Левица, можеби затоа што и не познавам лично членови од таа партија, според ова напишаното, ако може да се направи религиозна аналогија, за нив класата е Бог а класната борба е божјата воља?
Не сум многу упатен во култови освен неколку подкасти што слушав, колку што разбрав имало повеќе карактеристики кои една организација мора да ги има за биде култ, ова што опишуваш со немањето свој став/мислење кај членовите е само една од нив.
1.Каков е односот на членовите кон лидерот Апасиев, дали кон него гледаат како на "више битие", дали е дозволена критика кон лидерот или тоа не смее?
2.Дали наметнуваат одвајање на членовите од фамилија, пријатели, околина?
3.Дали врбуваат, пример тие другарите твои дали се обиделе да те зачленат таму?
4.Дали собираат пари од членството?
Се тоа во ред, но прашањето беше како би се однесувала Левица ако веќе биде дел од власта, без разлика дали тие би составиле или би коалицирале, значи дали менталитетот на членството во однос на јавните средства е различен од оној кај вмро/сдс/дуи/дпа и други лоповски друштва.
Тоа што го пишуваш е твое искуство, ако не се лажам некаде наведе дека си работодавец и нормално да навиваш за "својот тим", природно е, но тоа искуство не е искуството на далеку најголемиот дел вработени тука, не сакам да се мешам во приватни работи и да претпоставувам дека си во ИТ а и не е важно на крај, најмногу работници има во текстил, услужни, малопродажба, граџевина каде што е срање.
Значи смрт на работно место, отпуштање на бремени жени, враќање на дел од плата од тековна на рака не се митови и еден куп други гомнарии, не знам како да ти објаснам, тоа е реалност за огромен дел од вработени.
@blackadder пишуваше пред извесно време за типовите кои изигруваат газди, може да објасни подобро.
Поимот incentive не знам како да го преведам, кога го имаш реалниот сектор со реалните состојби (опишани погоре) и државниот со реалните состојби (влечење за уши на митинзи, чистење на кола на локален шериф, дремење на -20 пред собрание) победува дупло поголемата плата, сигурниот одмор и остали бенефиции. Тоа беше државен проект цели 11 години.
Како бре човече од она што го напишав успеа да го испредеш ова, како, објасни?