Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Морав да гласам за Шилегов.
Другата опција беше Коце.
Коце бил најдобриот градоначалник што постоел во МК.[DOUBLEPOST=1533909101][/DOUBLEPOST]
Сосема ја утињате поентата за критиката али ај. Иако 100 пати ви е кажано, не се праите некакви жртви зашто не сте.
Муабетот е што моментот коа ти си се отселил, твојот глас и мојот не вреди исто. Зашто мојот глас за било кое прашање ќе влијае врз мене,а твојот глас за било кое прашање ќе влијае погоди, пак на мене. Ти со самото тоа што си се отселил не си никаков патриот, зашто ти не си граѓанин на оваа држава. Не знам што ви е тешко да го сватите тоа. Доаѓаме до апсурдна ситуација каде што дури тие што земаа бугарски пасош ги критукуваат оние што сакаат да го сменат името дека се предавници.
Сеа појасно ти е малце? Никој нит љубомори ниту има комплекс од некој надвор. Луѓе ко луѓе ги има секакви. И нема никаква разлика меѓу тебе, граѓанин на Германија и граѓанин на Северна Македонија. Луѓето ве критикуваат зашто им се мешате во изборот, а на вас никој не ви се меша во изборот. Тоа што вие дискутирате за името е како ние да дискутираме дали да ве вратиме назад. Сваќаш колку е апсурдно?
Исто и Гоце Делчев не бил патриот. Цело време бил во Софија, со повремени обиколки во Македонија.[DOUBLEPOST=1533909238][/DOUBLEPOST]
Димитров и Заев се чергиче за бришење на кондури поставено на влезот на бугарската влада. Ги мочаат кога сакаат, како сакаат.
Мислиш на вакво нешто?
Борисов до Заев: Два пати мисли, па потоа кажи!

Ама „манга“ е Зоки.. Па:

Заев Заев им се извини на Бугарите што кажал дека Илинденското востание е македонско
И пак не знаеме дали востанието е македонско или бугарско! Кажи Зоки да знаеме, дали е твоја грешка или е навистина македонско востание?
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Коце бил најдобриот градоначалник што постоел во МК
А како го цениш договорот со италијанска мафијашка фирма создадена два дена пред потпишување, за согорување на медицински и хемијски отпад, по чие потпишување и реализација ја имавме најголемата загаденост?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
А како го цениш договорот со италијанска мафијашка фирма создадена два дена пред потпишување, за согорување на медицински и хемијски отпад, по чие потпишување и реализација ја имавме најголемата загаденост?
Тоа тебе Зајко те тера да мислиш. А ти, кај беше 2001, се криеше?
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
А како го цениш договорот со италијанска мафијашка фирма создадена два дена пред потпишување, за согорување на медицински и хемијски отпад, по чие потпишување и реализација ја имавме најголемата загаденост?
Ова е твое прашање со заклучен одговор. Сигурен ли си дека загаденоста е од таму? Јас не сум.
Дали фирмата е мафијашка, не знам. Од фирмата нема таква потврда, ниту од некоја друга институција.
Како е постигнат договорот и тоа не знам, дали имало и други поповолни заинтересирани?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
https://fokus.mk/ne-stivnuvaat-reaktsiite-vo-bugarija-zoran-zaev-si-igra-so-istorijata/
Еве колку е сочуван идентитетот. Вака мора да се понижува и да вели дека згрешил од невнимание што рекол дека илинденското востание е македонско, вака ќе е за се што е македонско, ќе биде забрането да се изговори барем.
На есен ќе ни дојдат од Блгарија историчари да ни ја прекројат историјата како нив им одговара!Тоа е тој прекрасен договор за добрососедство.А овие ботовиве партиски се фатиле за дијаспората Македонска!:facepalm:
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Ова е твое прашање со заклучен одговор. Сигурен ли си дека загаденоста е од таму? Јас не сум.
Дали фирмата е мафијашка, не знам. Од фирмата нема таква потврда, ниту од некоја друга институција.
Како е постигнат договорот и тоа не знам, дали имало и други поповолни заинтересирани?
Супер е тоа, што не знаеш работи што не ти одговараат.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Коце бил најдобриот градоначалник што постоел во МК.[DOUBLEPOST=1533909101][/DOUBLEPOST]
Исто и Гоце Делчев не бил патриот. Цело време бил во Софија, со повремени обиколки во Македонија.[DOUBLEPOST=1533909238][/DOUBLEPOST]
Мислиш на вакво нешто?
Борисов до Заев: Два пати мисли, па потоа кажи!

Ама „манга“ е Зоки.. Па:

Заев Заев им се извини на Бугарите што кажал дека Илинденското востание е македонско
И пак не знаеме дали востанието е македонско или бугарско! Кажи Зоки да знаеме, дали е твоја грешка или е навистина македонско востание?
Ни Гоце, ни Питу, ни Даме, никод од нив не бил патриот. Само тие твоите у штаб се патриоти. Коце најдобар градоначалник, Груевски најдобар премиер на Македонија.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Супер е тоа, што не знаеш работи што не ти одговараат.
Добро е што ти знаеш. Ќе кажеш она што си „потчул“, па мислиш дека е така и никако поинаку.
Мене муабетот ми беше дека Коце е лик кој е добар за градоначалник. И како човек.[DOUBLEPOST=1533910545][/DOUBLEPOST]
Ни Гоце, ни Питу, ни Даме, никод од нив не бил патриот. Само тие твоите у штаб се патриоти. Коце најдобар градоначалник, Груевски најдобар премиер на Македонија.
Питу и Даме не ги спомнав.
Гоце бил во Софија, во главно.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.735
Добро е што ти знаеш. Ќе кажеш она што си „потчул“, па мислиш дека е така и никако поинаку.
Мене муабетот ми беше дека Коце е лик кој е добар за градоначалник. И како човек.
И како домаќин, колекционер на артефакти и хуманитарец!
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Прво да се извинам за задоцнетата реплика.
Второ..."Се смеам" e кометар кој се дава на фб тука имаш:facepalm::tapp:o_O итн. ;)
Јас лично ништо не губам...да ти одговорам на прашањето.
Од каде сега да се тргне настрана името, па нели е тоа најбитното и како ја започнавме дискусијата.
Со наслетсвото на куќата видиш тоа и е проблемот на размислувањето на Патриотите...Има една Индијаска поговорка вика "Земјата не ја наследивме од нашите претци туку ја позајмивме од нашите деца", па сега е прашањето дали би имале подобра иднина изолирани од остатокот на светот како Северна Кореа или дел од тој свет.
Ако може да помине и со лепота зошто да не :D тоа значи дека сум и паметен и шарматен ван сите граници и плус Jedi Master
А кога е време...И не само што имаш гаранции за НАТО туку целата процедура е завштена на советот на министри, клаузулата е договорот мора да помине.
Какви писмени гаранции сакаш и што за тебе преставува писмена гаранција?(ова се две различни прашања)
Сега да ги повториме прашањата кои не даде никаков коментар од претходниот пост а произлегуваат од твоите претпоставки:
1. Во случај кај нас да не помине договорот и не станеме членка на НАТО а истовремено Албанија е членка (заедно ја добивме поканата и тоа е веке ставено во движење) на НАТО дали има опасност никад веке да демаме шанса за НАТО и плус да изгубиме дел од територија?
2. Што правиме ако останиме надвор од нато со пратениците кои повикуваа на НОЌ НА ДОЛГИТЕ НОЖЕВИ, т.е. сакаш ти лично да живееш во таква држава?

ПС. се надевам дека овој пат ке одговориш на прашањата исто како што јас тоа го правам:)
Се гледа дека се загрижи за државата, па ај да одговорам.

Ференги мој, и во нато и надвор од него, Македонија е ветена како благодарност на албанците, кои испаднаа добра маша, и депонија за ураниум.
Кој е изолиран бе? Земи пасошот оди кај сакаш, не можеш да работиш секаде, тука те боли, ти не си загрижен за државата, загрижен си за себе, да можеш да избегаш од тука, зато ти е ова с. Кореја. Кога ја спомна Ноќта на долгите ножеви, сватив едно, ти се плашиш од секоја закана, тулку храбар во нато сака, ќњ ја брани америка.... ц.ц.ц.ц на толку емоџи и сигурност на лепота, мислам дека навистина и сакаш долг нож, небитно боја.
Не ми продавај... за бубрези, едно не ти е гајле за Македонија, ти е гајле да избегаш од овде, ова земја те фрустрира.
Какви гаранции сум сакал, лично јас за мене никакви, јас сакам ист третман како Грција, да не бришат под со мене, не сум граѓанин од втор ред и не сум дебил. Макар сега ме убедуваат дека ако не сакам во нато ку***о ќе ми останело мало, а во нато ќе пораснело за 30цм.
Во ред паметен и шармантен, јас иднината ја позајмив од моите две деца, и она третото.што чекам да се роди за некој месец, но тие се родија МАКЕДОНЦИ, а не македончиња
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Претхoдните oпoзициoнери не гo вaдеa oд устa извештaјoт нa Прибе,a oвие сегa се пењaвaт сo извештaјoт нa ГРЕКO.Ем сме пoд лупa,ем се пoлoшo и пoлoшo
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.070
Поени од реакции
6.552
Повеќето од вмровците што у моментов се ујдисани со Левица, не ги знаат и најверојатно не ги ни интересираат некои работи кои навидум не изгледаат ко ништо посебно, ама суштински се многу сјебани. Хана Арент у „Извори на тоталитаризмот“, има направено многу добра и длабока анализа на сите тие тоталитаристички движења кои имаат допирни точки со култовите на многу планови.

Сите тие фаци кои промовираат диктатура на пролетаријатот, пробуваат сите социјални и индивидуални карактеристики што треба да бидат независни од политиката, да ги бутнат во политички контекст. За нив не постои индивидуа, не постојат лични карактеристики кои не се дериват на конфликтот на класите. Според Арент, таквите тоталитаристички движења, ја користат индиферентноста на масата која ги има изгубено карактеристиките на типичната толпа, за да и даде некој цврст идеал за кој ќе се фати, идеал кој ќе ја тргне од секојдневните егзистенцијални пориви и ќе се насочи кон нешто многу поголемо. За нив, секое уметничко дело во историјата, не е направено од разнолики побуди (сексуални, религиозни или било какви други), туку све е тоа марксистичка естетика. Според нив, уметноста што не е поврзана со класниот конфликт, не смее да постои, пошто тоа е начин на буржуите да го експлоатираат пролетерот. Според нив, љубовните односи се одраз на конфликтот на класите. Според нив, ако ти падне ебаната чаша у кафана, тоа не е резултат на немарност и 10 испиени ракии, туку е симбол на пролетаријатот (чашата), којшто е опресиран од капиталистите и паѓа - само што ти не знаеш дека ради тоа ти паднала чашата у кафана. Они на тој класен конфликт, му даваат некои метафизички особини, тој конфликт е причинител за све што праиме и постои во светот. Законите на физиката се дериват на класниот конфликт. Дома ако некој седне и одлучи да си го измава на аматерски порнич, според нив, мора да е стане свесен дека он уствари манифестира акција која е конфликт на класите.

И тоа на почеток не изглеа ко ништо страшно. Некој ќе рече дека се фураат, ќе им пројде ако дојдат на власт и ќе се соочат со реалноста. Знаеш кој исто се фурал? Ленин, Сталин, Хитлер. Да не праам од мравка, слон - Левица де факто, немаат некоја моќ за да ги спроведат тие идиотски верувања тука во оваа клима, ама тоа е бидејќи се малце на број и немоќни, се наоѓаат во погрешно време и на погрешно место. Ама тоа за што се залагаат, е ебано ретардирано. Колку повеќе збориш со нив и колку пофанатично станува тоа, конташ дека тој фанатизам, не се разликува многу од тој на било кој култ. Ставаат НЗС на секоја акција. За нив НЗС-то, не е Харе Кришна. За нив е класата. Друго све е исто. Не можеш такво архе да шибнеш на све што се случува во светот.

Имав еден другар. Многу паметен лик, со него сме дискутирале за све и сешто, кул фаца. Влезе у тоа гомното. Прво све беше лабаво, ја прочита „Капитал“ од Маркс, па фати да проучува политика па кога зборуевме за марксизам, капитализам и све тоа, знаеше да најде предности и недостатоци у двата економски модела, да зборуваме отворено за било што и све тоа. Како што почна да одминува времето, све појеховин сведок почна да стануе. Буквално све за што зборуев, дали типка што ми шибнала корпа, дали нов бенд што сум го нашол или било што, све успеваше да го сведе на некој имагинарен конфликт на класите. Буквално почна да се понаша ко оние од Лајонес и Хербалајф, што доаѓаат со лап топ за да ти вршат презентација. Сум седел со него и другарчињата од левица, кајшто пробуеле да ме убедат дека Сталин бил супер, само ова е пропаганда на Западот оти Сталин бил параноичен лудак и масовен убиец. Као кој ебан кур? На крај, се деси да седиме во кафич и овој беше со другарчињата од секта. Падна муабет нешто за филмови и според неговите другарчиња, „Птици“ на Хичкок е уствари симбол за пролетаријатот (птиците) кој е претставен како зол од буржуите (белите америкацни што бегаат). Кога им реков дека според мене тоа е страв од природата и хаосот наспроти редот, еден од нив ми рече дека „не смеам да толкувам ништо поинаку, освен како резултат на конфликт на класите“. Ондак типчево им рече на неговите другарчиња од култ (ова морам да го цитирам):
-Што знам, мене Хичкок ми е ок, кул филмчиња вади
(строга интензивна осуда со молк од страна на сектата)
-Добро де, ништо сериозно, онака ги гледам неговите филмови, на заебанција, што има везе, нели? (со страв од осуда, ги прашува дали е ебано ок тоа што го сака Хичкок)
(строга интензивна осуда со молк од страна на сектата)
се заќуте.
Ја бев као, „Идам дечки да зеам цигара, одма се враќам“. Секако, не се вратив.


Да ви ја ебам мајката у пичка, вие ебано ќе ми кажувате дали ебано ќе го сакам Хичкок и како треба да ги толкувам неговите филмови, све да ви изнаебам у пичка.
Као буквално у секој поглед, на секој начин се ебано утепани фанатици. Просечниот член на ВМРО, треба да си ја направи домашната и многу добро да размисли со што се ујдисува. СДСМ, немаат ни „к“ од комуњари. СДСМ се утепани маќедончиња, што го имаат дадено газот под рента, тоа и деца од 4 години го знаат. Ама смешно е да си вмровец и да не сфаќаш колку е позаебано да се ујдисаш со Левица, ако мрзиш комуњари. Не само ако мрзиш комуњари, туку ако си разумно човечко битие...
Фала за деталниот одговор, не сум знаел дека е таква ситуацијата во Левица, можеби затоа што и не познавам лично членови од таа партија, според ова напишаното, ако може да се направи религиозна аналогија, за нив класата е Бог а класната борба е божјата воља?
Не сум многу упатен во култови освен неколку подкасти што слушав, колку што разбрав имало повеќе карактеристики кои една организација мора да ги има за биде култ, ова што опишуваш со немањето свој став/мислење кај членовите е само една од нив.

1.Каков е односот на членовите кон лидерот Апасиев, дали кон него гледаат како на "више битие", дали е дозволена критика кон лидерот или тоа не смее?
2.Дали наметнуваат одвајање на членовите од фамилија, пријатели, околина?
3.Дали врбуваат, пример тие другарите твои дали се обиделе да те зачленат таму?
4.Дали собираат пари од членството?

eve ti najeklatanten primer za glasacko dugme na 2 noze a.k.a. pratenik od partiska zatvorena lista.
cela emisija voditelot i kazuva deka referendumot e za menuvanje na ustavot, ona kako papagal povtoruva deka vmro se protiv ustavni promeni za promena na ustavnoto ime i se ceka odluka od partijata i deka nema sopstven stav nego ceka da i go kazat od shtab. i ti ocekuvas ovaa da gi zastapuva nejzinite glasaci ili shtabot? ako referendumot e za ustavni promeni, a ti si protiv ustavni promeni, sho ti treba da sostancis da izgradis `stav`?
https://www.youtube.com/watch?v=G2yJNYS1b-g
Се тоа во ред, но прашањето беше како би се однесувала Левица ако веќе биде дел од власта, без разлика дали тие би составиле или би коалицирале, значи дали менталитетот на членството во однос на јавните средства е различен од оној кај вмро/сдс/дуи/дпа и други лоповски друштва.

Искрено каде и да сум работел за друг сум имал и одмор кога сакам (кога дозволува работата) и коректен однос, ама и притисок и главење на работа и викенди идење. Ама тоа е составен дел од работата. И тоа е секаде во светот така, ако имаш незнам проект во Август, нема идење на одмор па у која сакаш земја биди, ќе идеш после. Проблемот не е работодавецот, проблемот е што нејќеме да се избориме, тешко ни е. Идеме на интервју те прашуваат колку плата сакаш викаш незнам непријатно ми е тоа прашање. Па како очекуваш да те третира после работодавецот? Ајде нека проба некој што бара работа да завземе став и да каже бројка ама онака одлучно на интервју, па нема работодавец што нема да му скрене пажња и да му дигне вредност.

Не се сите газди оние џиберине со украдени пари што почнале бизнис и не ценат ништо, има луѓе со се што имаат вложено да створат нешто, и тие луѓе ценат. Нема поента сите да сакаат да работат државно ради условите во приватниот сектор базирани на закључоци од две интервјуа во Митре Гранап ДООЕЛ. Сеа кукаат по телевизии дека газдата не им чинел, ок надгради се и отиди кај подобар газда. Неможе секогаш да бараш прибежиште у јавна администрација пошто ти нејќеш да се дообучиш или исчеличиш.

На крајот на краиштата ете ти пак, си викаш што кур ќе работам за приватњак да ме јебе, идам у општина. Зимаш кредит за стан/потрошачки, доаѓа време да потпишеш некаква одлука се нечкаш си викаш ако не потпишам ќе ме избркаат и до работа и банката ќе ме јебе за кредитот. - Ај ќе потпишам ваљда се е ок. И док си рекол пиксла ете те тебе со врзани раце на жешкион асфалт пред Кривичен со цензурирана фаца. И крив и дужен. За што? За тоа што си го одбрал помалиот отпор. Епааааа. И не, не прифаќам дека приватниот сектор бил до толку лош за да некој донесе инстант одлука дека ќе оди во администрација.
Тоа што го пишуваш е твое искуство, ако не се лажам некаде наведе дека си работодавец и нормално да навиваш за "својот тим", природно е, но тоа искуство не е искуството на далеку најголемиот дел вработени тука, не сакам да се мешам во приватни работи и да претпоставувам дека си во ИТ а и не е важно на крај, најмногу работници има во текстил, услужни, малопродажба, граџевина каде што е срање.
Значи смрт на работно место, отпуштање на бремени жени, враќање на дел од плата од тековна на рака не се митови и еден куп други гомнарии, не знам како да ти објаснам, тоа е реалност за огромен дел од вработени.

@blackadder пишуваше пред извесно време за типовите кои изигруваат газди, може да објасни подобро.

Поимот incentive не знам како да го преведам, кога го имаш реалниот сектор со реалните состојби (опишани погоре) и државниот со реалните состојби (влечење за уши на митинзи, чистење на кола на локален шериф, дремење на -20 пред собрание) победува дупло поголемата плата, сигурниот одмор и остали бенефиции. Тоа беше државен проект цели 11 години.

Ти коцкарски дух си имал.... спремен си на било кого да му дадеш моќ, со надеж тој ќе е вистинскиот. Браво браво штом се коцкаш со своето време и на твоите потомци.

Му дадовте шанса на БЦ, убава олигархија направи.
Му дадовте шанса на ЉЃ, почна малку позитивно, ама со Доста ја дотепаа МКД
Му дадовте шанса на Бучко, па им еба мамта на Западна Македонија.
Му дадовте шанса на Груевски, почна ко ЉЃ и после во амбис
Му дадовте шанса на Заев, освен што е дозволено народ да критикува (сега за сега) ништо друго не е сменето т.е. името пробуваат, ама ништо страшно
Следно ќе биде на Петко да му се даде шанса, па Груби и компанија и оп ти поминал животот. А да речевте, дај заеби ова, не бидува вака.... само тогаш ќе треба да мислиме со своја глава и одговорен ќе биде секој.Вака друг е виновен и живеј во жабокречина

Заебана работа ова надеж, битно приватникот бил проблемот и тиранин (y)
Да правиш една иста работа на ист начин, а да очекуваш различни резултати си има дефиниција за тоа :свиркам:
Како бре човече од она што го напишав успеа да го испредеш ова, како, објасни?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Коце бил најдобриот градоначалник што постоел во МК.[DOUBLEPOST=1533909101][/DOUBLEPOST]
Исто и Гоце Делчев не бил патриот. Цело време бил во Софија, со повремени обиколки во Македонија.[DOUBLEPOST=1533909238][/DOUBLEPOST]
Мислиш на вакво нешто?
Борисов до Заев: Два пати мисли, па потоа кажи!

Ама „манга“ е Зоки.. Па:

Заев Заев им се извини на Бугарите што кажал дека Илинденското востание е македонско
И пак не знаеме дали востанието е македонско или бугарско! Кажи Зоки да знаеме, дали е твоја грешка или е навистина македонско востание?
Сите преживеани војводи му ја киднале во Софија после востанието, така што Бугарите не се баш далеку од вистината. Останале жителите кои Туците ги беселе на чегели. Ексик такво востание!
 
Н

невидливио

Гостин
Не мора да праќаш бе. Никој не те тера со сила. Доволно е да се удружиш у сериозна организација таму и да разговараш со луѓе, да градиш мрежа, да создаваш. Таков придонес за државата е многу покорисен од сува пара, која и без тоа искача од државава преку сметки на корумпирани политичари и сомнителни бизнисмени.
Не можам да ја сфатам позицијата на придонес. Зошто некој е должен да даде придонес на една држава која на клоци го избркала и му рекла ајт гитла нема овде за тебе работа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom