Мурињо си е крив што си е крив, со неговото его и со упорноста да игра еден ист фудбал.
Но, мислам дека не е единствениот и најголемиот проблем во Јунајтед он, како што е генералното мислење моментално. Односно, моментално можеби е, но со негово отпуштање/заминување, а непромена во другите сегменти на клубот, нема ништо да решат ко што не решија и со назначувањето на Мурињо. Проблемот во Јунајтед е во начинот на хиерархија која ја имаат моментално и тоа што го споменавте, судирот на интереси.
Јас да сум фан на Јунајтед пре би сакал да го отпуштат финансискиот гение Ед Вудвард, отколку Мурињо. Или уште подобро, брокеров да си остане во клубот но со функција строго поврзана со финансии и маркетинг, тоа што го бива и за што го фалат, а неповрзана со носењето играчи. За таа позиција треба да си донесат човек кој ќе им ги средува и договара фудбалерите, ќе им го организира скаутинг системот ко што треба. Не мора тоа да биде некој бивш нивни играч, може да направат ко Рома со Мончи. Или Сити со Txiki Баргестјан.
Овие сеа вака се измешани, прво демек ќе му дадеа на Мурињо скроз одврзани раце, после сеа му ги кочат сите желби. Финансискиов маг појма нема од фудбал очигледно. Мора да најдат или некој мост меѓу него и тренерот или да го пратат Ливерпул кои што досеа мислам дека му ги исполнуваат желбите на Клоп во голема мера.
Јунајтед можеби нема толку слаб тим колку што Мурињо си го претставува, ама според мене Сити, Ливерпул и Тотенхем имаат подобар тим од него од сам старт, а тоа е резултат на неусогласеноста на тренерот и управата.