Кој тоа не држи во заробеништво од 1945 па навака ... Ако е заробеништво зашто народот не проба да се ослободи ...
Кој тоа е должен да те образува, освен родителите и самиот. Ако од 1991 па досега не сфатиле дека системот е корумпиран и не искористува, сите книги се џабе.
Лавчињата кога ќе почнат да им кркорат цревата, да видиш како ќе почнат да трчаат по се што се движи. И не споредувај животни со луѓе кои им е дадена свест, можност да мислат, да расудуваат итн итн.
Значи таков ни е менталитетот ама не значи дека тој е непроменлив.
Кој го расипа образованието... Самите ние, сакаме сите децата да ни имаат 5ки, па врски се фаќаат уште од градинка.
Кога се воведе Кембрич програмата се бунеше некој дека е ретардирана...
Зар треба некој да те образува, па да знаеш дека не е нормално:
- пратениците покрај платата да добиваат 10.000+ евра само за идење на работа. Сите други признато им е во висина на јавниот превоз.
- фатени во криминални дејствија и никому ништо
- самите си се издаваат какви криминали направиле и никому ништо
- деца не добиваат можност за лекување во странство за сериозни болести или немање услови да постават дијагноза. Додека на Протуѓер и останати со плава крв, за најобична интервенција на државен трошок во странство.
- трошење милиони за најнови автомобили за да се возат административци
- потрошени и задолжени 500 милиони евра за 10км пруга према Бугарија
- за тоа што 90% од судиите се корумпирани и врапчињата знаат а никој не бара нивна смена/казна
- да фрлаш ѓубре пред зграда
- да леташ на црвено /пешачки.
Итн итн, ја сфати поентата, НИКОЈ не се буни, само ако им кажат од штаб.
Ај порано немале интернет, потешко било за шетање, ама сега и покрај интернет која е неограничена можност за образование, покрај слободни граници и евтини летови да кажуваш сме необразовани, не си во право.
Кога идеме во странство сите можни правила ги почитуваме, а дома ко варвари.
Тоа сме ние, никој не ни е крив, сме одбрале таков начин на живот, со малку труд да живуркаме, да изиграваме жртви, да се надеваме господ ќе среди.
Ако сакаш промени МОРА труд и енергија, мора жртва некаква да направиш. А да викаш САД, Турција, Русија ни се криви е смешно.
Сите земји во дел од историјата биле заробеници па не се сите ко нас нели
Ако немаш избор, гласај и напрај го НЕВАЖЕЧКО. А не, ај помалото зло. Помало во моментот, ама да знаеш како лесно станува невидено зло.
За децата нема бесплатни или квалитетни лекови, бесплатни градинки у слободно место, бесплатна храна во школите, ама за политичарите и нивните хирови одма се наоѓаат пари.
Еве мал пример, Шеќеринска дала 500.000 денари во невладина на советник на Зајко... За кој К војниците кои офкаа дека немале основна опрема не се бунат а и ние со нив.
Пазарџиите биле среќни, ќе плаќале сега одреден износ, а ќе им се смета бенефициран стаж. Нели сме рамноправни пред устав, зашто за нив бенефициран... Плус за некоја година кога ќе излезат на виделина проблемите со пензиските фондови баш да видиме дали ќе добива-ат/ме сразмерно пензија.
Затоа следи ја изреката, кога си во Рим, прави како Римјаните и наврти капата.