Планинарење

Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Нека му е лесна земјата, тргна на планина, стигна во легендите.

Инаку не го познавав нити јас, можно е да сме се среќавале по планините, ама кој ќе ги знае сите.

Инаку за Здравко, колку што разбрав сите што биле под тој врв се вратиле поради непогодно време. Здравко стигнал до 8.000 метри по што се откажал.
Сепак ова е непотврдена вест, така да земете ја со резерва.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804

На Kanchenjunga ?
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Амaн бре луѓе имa ли крaј нa нaшaвa мизеријa???Зa Ѓoрги дoнaции се сoбирaaт.Тoлку ли бре немa некoј дa пoмoгне,некoе здружение,aсoцијaцијa,држaвaтa????Сoбирaaт дoнaции дa гo дoнесaт телoтo и дoстoјнo дa гo пoгребaaт чoвекoт.Дa ти се нaмoчaм и нa држaвa и нa нaрoд и нa се
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993

Катастрофа, сега и јас видов на фејсбук.
Види...
Не е така едноставно. Чоеков отишол да си оствари некое задоволство, не отишол од мака - сеа не ми е да хејтам, ама дечиња за операции собираат (што не смееме да си го дозволиме како општество) и ова - не е баш исто.
Не можам да знам колку чини ова, ама имавме во поширокото семејство роднина кој почина во странство, таму живееше - за да биде погребан во сопствената земја е голема перипетија и траеше многу време....и тоа беше во Европа. Непал веројатно има некоја пракса за ова, ама скоро од секаде пренос на мртов човек е голем трошок.
Ако добро се сеќавам, Мурато исто не го вратија.
На крајот на краиштата....чоеков останал таму каде што сакал веројатно, ако филозофираме.
Тоа ни е државата...којзнае како ги собрал парите за да отиде до таму, не па за ова.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Предпоставувам дека прашањето е малку надвор од темата но каде и дали ги носите планинарските чизми на поправка ?
Имам пар Meindl Woodwalker чизми со Gore-Tex кои што кожата и мембраната се во фантастична состојба но предпоставувам дека уште оваа година ѓонот и гумената заштита ќе издржат ме занима дали некој во Македонија може тоа да го реши бидејќи тие неколку што ги прашав немаат vibram ѓонови и предпоставувам ќе го оштетат gore-tex'от.
Поздрав
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
https://karas4training.com/mk/news/irina-dishovska-treta-makedonka-na-materhorn-i-prva-so-solo-iskachuvanje

Не ја видов оваа вест кога беше објавена, туку ме заинтригира целиов настан денеска, по објавата на Македонската Алпинистичка федерација. Да разграничиме прво, оваа федерација е нешто друго во однос на планинарската на хирургот. Алпинизам и планинарање не е едно исто, ама поставуваме вести и од едната и од другата активност, па оваа вест тука е најсоодветна.
Луѓево фатиле да го анализираат целиов потфат на девојкава (не ја познавам, искрено) и воочиле некои очигледни недостатоци во фотографиите што ги приложила. Затоа и ја ставив голема оваа - на нејзе, страната на сенките е тотално спротивна на лицето, со таа од ридовите доле. Потоа различните јакни...има и некои други детаљи што стварно се сомнителни, ама јас не би да судам....не анализирав многу. Да не го тупам јас, ете го соопштението на федерацијата.
Ако вистина се качила и честитам, а ако не, искрено, ваква работа е за греота.
Во продолжение, соопштението од Федерацијата.

Соопштение до јавноста

Македонска Алпинистичка Федерација чувствува должност да се обрати до јавноста по повод неодамнешната објава на планинарката Ирина Дишовска за нејзиното соло искачување на врвот Матерхорн на Алпите.
Изминативе денови преку социјалните медиуми и одредени портали до некои од членовите на МАФ дојде информацијата за соло искачување на врвот Матерхорн од страна на Ирина Дишовска, член на ВАК Анапурна при ФПСМ.

При читање на извештајот објавен на нејзината facebook страна и разгледување на фотографиите, наши членови забележаа дека постои основа да се сомневаме во веродостојноста на фотографиите, или за можно лажирање на дел од искачувањето, кои според нашите видувања и етички кодекси не е прифатливо.
Пред се, ние ги немаме сите факти за тоа искачување, и нема да навлегуваме во процена дали било или не извршено искачувањето, и оставаме да одлучат одговорните луѓе при ФПСМ кои веруваме сериозно и темелно ќе го истражат тоа, како и дека ќе донесат правилна одлука, а укажуваме на она што според нас е сомневање во веродостојноста на фотографиите.
Она што не наведува на ова сомневање се две фотографии во извештајот на планинарката.

1. Фотографијата на самиот врв каде што планинарката е фотографијата пред крстот. Тука сме сигурни дека се работи за очигледна и неумешно направена фотошоп интервенција во оргинална фотографија која е претходно објавена на интернет од страна на Македонски планинар, и која е од неговото искачување на Матерхорн на 23.07.2018. Ирина во текстот вели дека се сликала со свој мобилен телефон!
2. Втората според нас спорна слика е онаа, каде Ирина укажува на еден клучен дел – Џордановите скали. Тука е употребена слика која е превземена од интернет од Италијански портал, и датира уште од 8 јули 2017та година.
3. Повеќете слики се близу домот, а двете клучни се според нас неверодостојни. Би ја потенцирале и контрадикторноста во користењето јаже – приказната дека е кристено нејзиното јаже за абзел со Пољаците. На една од сликите тие носат розево јаже, на уште фотографија се гледа поставено за абзел на снег тоа розево јаже, на неколку други слики се гледа Ирина како абзелува на друго плаво јаже.

Како Македонска алпинистичка федерација за нас е нерифатливо прикажување на лажни информации за едно качување, со кое се менува ликот на експедицијата, тежината на насоката, стилот и севкупно успешноста на тоа качување.

Како дел од заедницата, МАФ остро протестира против вакво нешто, и очекуваме од надлежните итно да го истражат овој случај, со што би се отфлиле било какви сомнежи околу ова искачување, за да се избегне било каква трага која би го нарушил угледот на сите луѓе кои ја почитуваат планината, и сите оние кои без разлика на кој врв се качуваат тоа го прават на етички исправен начин.

Не прејудицирајки децидно каков ќе биде ставот на матичната организација каде што планинарката членува, сакаме само да напоменеме дека МАФ во својата работа се води од високи етички принципи кои се неспоиви со лажирање фотографии за лажно прикажување на активностите во јавноста. Бидејќи искачувањето беше означено во дел од медиумите како врвно алпинистичко достигување на алпинистот Ирина Дишовска, ние чуствуваме должност да ја информираме јавноста и медиумите дека Ирина не е алпинист, ниту член на МАФ или некој од алпинистичките клубови, и нема завршено алпинистичка обука во Алпинистички клуб односно регистрирана институција која согласно законот за спорт може да се занимава со алпинизам и да дава таква обука.

Со почит,
Македонска Алпинистичка Федерација
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
А чек девојкава нема нешто другари, другарки да ја прашаат кај била или е до толку психо да има седено у подрум недела дена и ја шлапнала сликава?

Не само линиите, сонцето што и паѓа на јакната и воопшто ивиците на јакната немаат никаква логика.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.308
Поени од реакции
4.567
А чек девојкава нема нешто другари, другарки да ја прашаат кај била или е до толку психо да има седено у подрум недела дена и ја шлапнала сликава?

Не само линиите, сонцето што и паѓа на јакната и воопшто ивиците на јакната немаат никаква логика.
Баш таква е објавена. Накосо сликата, главата до пола, со текстов, а ова сликава шо е поставена у темава е откако е откриена ваљда

https://karas4training.com/mk/news/novi-brzinski-iskachuvanja-na-materhorn-i-gran-paradizo-od-aleksandar-kirkovski
Оваа од Кирковски тука

Овој совети и давал она неговата слика ја фотошопирала.
Нортфиромџанка
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Баш таква е објавена. Накосо сликата, главата до пола, со текстов, а ова сликава шо е поставена у темава е откако е откриена ваљда

https://karas4training.com/mk/news/novi-brzinski-iskachuvanja-na-materhorn-i-gran-paradizo-od-aleksandar-kirkovski
Оваа од Кирковски тука

Овој совети и давал она неговата слика ја фотошопирала.
Нортфиромџанка
Сега седнав на ПЦ и ги зумирав сликиве, се заиграл некој со clone stamp tool во фотошоп :lolzz: Ја бранат некои демек не го искачувала туку одела по некоја сртска патека, во ред тоа, не е проблем што го одбрала некој полесен пат што постоел таму, проблем е што самата го прикажа ова како да се качила на Марс.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.702
Поени од реакции
21.210
Сега седнав на ПЦ и ги зумирав сликиве, се заиграл некој со clone stamp tool во фотошоп :lolzz: Ја бранат некои демек не го искачувала туку одела по некоја сртска патека, во ред тоа, не е проблем што го одбрала некој полесен пат што постоел таму, проблем е што самата го прикажа ова како да се качила на Марс.
Ова баш вчера го загледав на feed ми излезе на фб (од твој коментар), и онака ме заинтересира ја анализирав сликата и погоре она што е преклопено .. нажалост е фотошоп :(. Штета за девојката, самата себе се лаже за успехот кој не го направила ... претпоставувам со вакво однесување и дијагноза може да и дадат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom