INDIJANEC123
Женкар, Илуватар
- Член од
- 17 март 2014
- Мислења
- 3.815
- Поени од реакции
- 6.373
Фреди Меркјури иначе БОЈКОТИРАМ!!!
Eпа Македоња е ова ... една деценија ДПМНЕ беа султани и апсолутна власт, сега истото го прават СДС и после зошто државата постојано ни тонела во амбис 3 декади и криви ни биле Грците, Бугарите, Ши*тарите, Србите, Сорос, Дип-Стејт, Бејли, Герет, Тимоние, Масони, Илуминати, Евреи и.т.н.Извинете вака на речникот ама кој им кур бизнис со Ренџ Ровер службено возило?
Е па јас не сакам да гласам, оти не сакам со разни „коаљиции“ некој да ме надгласува. И те повикувам и тебе ако не си за промена на името, да не гласаш. А, ако сакаш да си Северномакедонец, излези и гласај, не е важно како. Иако, не верувам дека разните центри кои го поставија Заев и работеа на уривање на Груевски ќе остават да не се преименуваме.Тогаш ќе гласа ПРОТИВ / НЕ.
Прашањето е дали сте за влегување ВО ЕУ И НАТО СО ДОГОВОРОТ XYZ (пакет). Исто како да те праша некој ДАЛИ САКАШ ДА ГИ ПОСЕТИШ ВИЕНА И ПАРИЗ СО ЛЕТ НА ВИЗЕР.
Не те прашуваат дали сакаш да одиш во Виена,
Не те прашуваат само дали сакаш да одиш во Париз,
Не те прашуваат дали сакаш да идеш со друг лет,
Те прашуваат дали сакаш да одиш во Виена И Париз СО лет на Визер.
Да или Не.
Ако сакаш само во Виена, одговараш Не.
Ако сакаш само во Париз, одговараш Не.
Ако сакаш со друга компанија, одговараш Не.
Овие сега се бетер од претходните, тие барем беа цела деценија на власт и постепено си правеа глупости малку по малку за на крај после цела декада да им се собере (превише смет), ама па овие рекордериве комуњарски за само година и нешто на власт усраа говна ко за неколку години владеење, ја превртеа наопаку цела држава, си ги бидуат лујѓето бре, а тек па како ќе биде да замислиме после 5-10 години владеење на оваа гарнитура ...Зато ќеркаму си го вози за на море во Грција. А да им го украдат таму е тек тогаш јако ќе бидеКако можеа во се да ги копираат претходните и да ги надминат тоа чудо е!
Се „марки“. Па, Заев да те води и лаже, тоа е знак за малоумност.Вас ве излажаа Зоран Заев, Дамјан Манчевски, Кочо Анѓушев, Влатко Васиљ, Мухамед Зекири и Цацко Конопишки.![]()
I Elvis Prisli Kako pochesen gostin.Не е проблем, ќе излаже Зајко, ќе рече дека Битлси ќе ги донесе. Не дека знае кои се Битлси, ама кога веќе ветува се и сешто, не е проблем и за Битлси.
Изгледа мозокот ти е перен па така размислуваш оф леле ужасИнтересот на САД да ја осигура Европа од руското влијание. Целта е да се напика целиот континент во НАТО како не би можеле Русите цело време да палат пожари внатре и да дестабилизираат/саботираат долгорочни проекти. Доколку ние се туфкаме и теркаме уште (поминаа 30 години, пази), може некој посилен а понетрпелив да изгуби трпение и да си го активира планот Б, кај што нема проблем ради Македонија оти ќе нема Македонија. За истото и Русите предупредуваа, чија политика колку и да не ја сакам, сепак располага со длабински информации за плановите на противникот.
Решавање на спорот ќе спречи таква војна оти Македонија ќе биде дел од јатото на НАТО. Ефективно влез на МК во НАТО = истиснување на руските инсталации тука (а ги има). Планот е да се стесне обрачот околу Србија, да се пацифизира и она, а долгорочната стратегија на Балканов е да се деконструираат националистичките сили и да се доведат на безопасно ниво. За ова да се случи, мора да се случат неколку катарзични проекти:
1) Србија да ја изгуби војната и Косово (90% остварено)
2) Македонија да го смени името и да престане да се поистоветува со онаа од пред 1913 г. (Нашиот пандан на „Голема Македонија“, по тертипот на Голема Албанија) - преку нашиот договор со Грција
3) Да се понижат грчките националисти преку договор кој ќе прифаќа македонски идентитет како посебен од нивниот, со сопствена култура, историја и јазик - преку нашиот договор со Грција
4) Прашањето со Бугарија ни е затворено, НО, Русија има интерес Бугарија да ја асимилира Македонија (што делумно ќе се проба, ако не се упикаме во НАТО наскоро)
5) Албанците да се „обеззабат“, да не им се дозволува обединување во една држава и да се смири и нивниот национализам
Влегување во НАТО и ЕУ ги остварува сите тие цели. Оно, и пред некој ден фатив интервју со Еди Рама на Euronews. Новинарката експлицитно го праша за теоријата за обединување на сите Албанци во една држава. Он и' рече Албанците ќе се обединат, но САМО под знамето на ЕУ, кога сите соседни држави ќе станат ЕУ членки. Голема Албанија нема да има. Рама е американски/европски играч, кој има уши, треба да чуе што кажува он - влезете во ЕУ и НАТО за да нема прекројување граници.
Невлегување во НАТО и ЕУ остава простор за следново: Голема Албанија и Голема Бугарија (припојување на Западна Македонија кон Албанија, која е членка на НАТО, а на Источна Македонија кон Бугарија, исто така членка на НАТО). Може да остане некоја територија... Автономна Област Скопје или што ти знам ја таму, и тоа да си остане некаква си квази-територија, вукојебина, или „недовршен проект“ како БиХ.
Размислувањата ми се тие. Досега сите стратегии на Запад се во таа насока. Русија паралелно потпалува сентименти во обратна насока - потпалување на национализам и етничка омраза. Русите добро знаат дека единствен начин да го држат Балканот нестабилен е преку одржување на оганче на фитилот на бурето барут.
САД и ЕУ и останатите цело време дејствуваат во насока да се изгасат тие огини. За да се изгасат - секој народ ќе мора да направи жртви. Не секој еднакви, оти некои земји одамна имале среќа да се упикаат во клубот, ама тие што сме останати уште надвор ќе мора да платиме поголема цена. Башка, да спомнам дека сме најслаби и најнемоќни од друштвото?
Сакаш економски сакаш воено. Се' ова соберено на куп не' става пред свршен чин и голема неизвесност. Ни ја не сум среќен со Северна во Устав, ама па од друга страна, никој не може да не' шутне од ЕУ и НАТО штом еднаш влеземе и решиме да си го вратиме името назад. Шо ќе праат, ќе не' дадат на оној судот во Хаг...? Пффф...))
Иначе после секоја војна (Балканските, Прва и Втора светска) скоро сите земји имаат сменето државни имиња. Пази, викам ДРЖАВНИ. Народите си останале исти, дали во Источна Германија, дали во Западна, дали од Чехословачка па Чешка и Словачка, па јебига, Југославија?
Источните Германци си беа Германци, ко и ние што (ќе) сме си Македонци, без разлика дали е Република Македонија или Република Северна Македонија.
И ондак то.
Не верувам дека е таа причината. Мислам дека причината е, на пример, „договорот“ со Грција, двојазичноста, „договорот“ со Бугарија. А со тоа и „виши“ цели на надворешни центри. Како се случи второпласираната СДСМ да формира влада, а ДУИ да не прави влада „победник со победник“? Не верувам ни најмалку дека е заради „глупостите што ги правеа“...Поради глупостите што ги правеа вмро отидоа во опозиција...
Каква врска има тоа што е СДСМ второпласиран? Влада не се прави по пласман туку според 61+ пратеник за мнозинство. ВМРО-ДМПНЕ не успеаја да формираат мнозинство и отидоа во опозиција, причините се небитни, правно нема мнозинство значи нема влада.Не верувам дека е таа причината. Мислам дека причината е, на пример, „договорот“ со Грција, двојазичноста, „договорот“ со Бугарија. А со тоа и „виши“ цели на надворешни центри. Како се случи второпласираната СДСМ да формира влада, а ДУИ да не прави влада „победник со победник“? Не верувам ни најмалку дека е заради „глупостите што ги правеа“.
Ovoj što go napišal teksot ne e bilo koj čovek....mnogu odamna raboti vo sektorot odbrana.
Годишниот трошок за одбрана е договорен да достигне 2% од БДП до 2024 година. Барањето на Трамп беше да се покачи тој процент за 4% од БДП.ПРВО, ако Македонија некогаш влезе во НАТО, годишниот трошок за одбрана, од сегашните шест проценти од БДП, ќе мора да го зголемува секоја наредна година за нови ТРИ проценти, додека не достигне 21 процент. Но, времето не смее да биде подолго од пет години.
Ѓурѓа е убедливо најлошата издавачка куќа во Македонија која компензира квантитет и евтини цени на сметка на квалитет, т.е. eден куп лошо преведени и кратени изданија за мали пари. Не знам од каде ти е ова дека се 'занимавале со геостратешки теми' изданијата на Ѓурѓа, најголемиот дел е белетристика...Ovoj što go napišal teksot ne e bilo koj čovek....mnogu odamna raboti vo sektorot odbrana.
Negova e izdavačkata kuća " Gjurgja" i obično negovite izdanija najmnogu se zanimavaat so geostrateski temi
А останатото, точно ли е ? (Отворено општество се најдобри.)Првиот пасус, веднаш блатантна лага...
Годишниот трошок за одбрана е договорен да достигне 2% од БДП до 2024 година. Барањето на Трамп беше да се покачи тој процент за 4% од БДП.
Ѓурѓа е убедливо најлошата издавачка куќа во Македонија која компензира квантитет и евтини цени на сметка на квалитет, т.е. лошо преведени и кратени изданија за мали пари. Не знам од каде ти е ова дека се 'занимавале со геостратешки теми' изданијата на Ѓурѓа, најголемиот дел е белетристика...
Не е ништо точно, куп лаги.А останатото, точно ли е ! (Отворено општество се најдобри.)
Бонус: На (фрфљо) одма да му се земе грантот за иновации, море и иновациите да му се запленат, ОДМА...
https://plusinfo.mk/уште-не-сме-шведска-да-не-ти-се-верува/