Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Ај те молам прочитај поново постовите.

Јас исто велам дека државните институциите се проблемот, ти го велиш истото, Тенеке вели имало дерегулација. Како тоа рацете им биле врзани на институциите ...

Имаш повеќе од 5 институции задолжени да контролираат хипотеките, берзи, осигурителни агенции, банки и НИТУ ЕДНА кажала, ало Хјустон имаме проблем.

Од твојот линк:
In 1999, the Gramm-Leach-Bliley Act repealed the Glass-Steagall Act of 1933. The repeal allowed banks to use deposits to invest in derivatives. Bank lobbyists said they needed this change to compete with foreign firms. They promised to only invest in low-risk securities to protect their customers.

Кој им го дозволи ова на Банките ... Државна институција , ака Клинтонови

Е па тоа е исто ко сега, директорот задолжен за заштита на животната средина или EPA сега работи на олабавување на регулацијата или поинакво толкување на законите со цел да се дозволи експлатирање на нафта во националните паркови во Аљаска и исто така поставување на нафтени платформи на места каде што беше досега забрането заради уништување на животната средина.

Со оглед дека од графиците на @jamajka и твојте графици гледаме дека од Биг Банг досега секако изумираат илјадници животински видови, директорот на EPA си најдува за сходно да го оправда тоа што секако се случувал помор на животот во минатото, па дундин дим е тоа што ќе изумрат неколку животински видови помалце или повеќе.[DOUBLEPOST=1533300537][/DOUBLEPOST]
Сакаш да кажеш дека до Реганово време супер се терало, после тоа тој направил измените и се си ибало мамата ....
Дерегулацијата што ја направиле Клинтонови не значи укинување на закони и регулации, туку преферирање на одредена банка Голдман Сакс да станат Алфа и Омега во финансискиот свет, на сметка на народот а остали банки позади во редот или банкрот.

Ме интересира можеш ли да дефинираш Богат во време на Реган па и порано и богат во време на Обама ??

Па не ги знам процентите, ама во време на Обама, 2% имаат 80% од парите.

Тоа не било така од среден век, па и тогаш можеби.

Мислам поразителен е фактот, што од Реган бруто домашниот доход по жител е дуплиран, ама американскиот работник не зема дупло поголема плата од времето на Реган, а ако тука се стави и инфлацијата тогаш тој зема и помалце.
 
Последно уредено:
Е па тоа е исто ко сега, директорот задолжен за заштита на животната средина или EPA сега работи на олабавување на регулацијата или поинакво толкување на законите со цел да се дозволи експлатирање на нафта во националните паркови во Аљаска и исто така поставување на нафтени платформи на места каде што беше досега забрането заради уништување на животната средина.

Со оглед дека од графиците на @jamajka и твојте графици гледаме дека од Биг Банг досега секако изумираат илјадници животински видови, директорот на EPA си најдува за сходно да го оправда тоа што секако се случувал помор на животот во минатото, па дундин дим е тоа што ќе изумрат неколку животински видови помалце или повеќе.

Чудно гледаш на работите....
Дали тој Директорот ќе дозволи било која нафтена компанија да вади нафта во Алјаска или ќе направат такви одредби да само одредена компанија ќе има можност да го направи тоа ....
Бидејќи на сите ни е јасно дека платформите ја уништуваат животната средина зашто политичарите, министерство за животна средина нешто не се преземат врска тоа, нели се задолжени за тоа, затоа се платени ....

Дерегулација се смета кога имаш помалку ограничувања за нормално да водиш бизнис, а не да правиш "дерегулација" т.е. поставиш такви услови за само една фирма да може да прави профит.
Ај малце помал бизнис да опфатиме:
Имаш 100 услови да исполниш за да отвориш сендвичара, а пак имаш труења. Значи во старт ограничуваш фамилијарен бизнис, луѓе да се самовработат. Тие што ќе се решат, за да ги исполнат тие услови, треба многу повеќе пари да вложат, време и труд потрошат за да почнат. А каде ги трошат сите тие работи- во администрација,

Па не ги знам процентите, ама во време на Обама, 2% имаат 80% од парите.

Тоа не било така од среден век, па и тогаш можеби.

Не сфатив ова ....Сакаш да кажеш дека во време на Обама поголем е % на луѓе кај кои е богатството него ли она познатото 1% ....

Врска оданочувањето и богатите, почеток на 1900те во САД за богати се сметале тие со приход над 5 милиони. Сега во САД за богати се смета фамилија со над 250.000 приход и влегува во графа за оданочување со поголема стапка. По тебе ова сегашново е нормално или пред 100год ???
 
Ехх, сега кај тераме со муабетот, што ќе дискутираме што е дерегулација или како одреден директор знае да толкува закони :)
 
Ехх, сега кај тераме со муабетот, што ќе дискутираме што е дерегулација или како одреден директор знае да толкува закони :)

Па тоа е суштината, штом одговорните НЕ ЗНААТ и се подмитливи, тогаш целиот систем пропаѓа. Затоа нема потреба од милион регулации и закони, тие што се на власт секако ќе ги заобиколат и за нив и нивни фирми нема да важат.
Штом загадува, нема дозвола за НИКОЈ, нека направат систем кој нема да уништува
Со самото тоа што правиш да мора приватна фирма да иде на баци рака во институција, готово е. Кој може да гарантира дека одговорниот кој патем е партиски послушник, чесно и совесно ќе си ја работи работата.

За богатството и оданочувањето ти е појасно или :D
А историски, барем во познатата историја, секогаш бил тој 1% . Во последниве 100ина години дури и подобро е, имаш можност да влезеш во тој 1%. Претходно само плава крв ако си :icon_mrgr:
 
Е

Со оглед дека од графиците на @jamajka и твојте графици гледаме дека од Биг Банг досега секако изумираат илјадници животински видови, директорот на EPA си најдува за сходно да го оправда тоа што секако се случувал помор на животот во минатото, па дундин дим е тоа што ќе изумрат неколку животински видови помалце или повеќе
Сакаш да кажеш дека не изумреле диносаурите на пример ?
 
До Реган, имаше поголема регулација на финансискиот пазар и воедно имаше поголеми даноци за побогатите. Тоа беше оставштина од студената војна за која @Dexter26 гледам не знае. Затоа и се створи најголемата средна класа во историјата на човeштвото.

Реган и Тачер направија огромни измени, кои се сведуваат на голема дерегулација на финансиските пазари.

Клинтон направи исто извесни чекори кон олабавување на кредитирањето на помалце кредито способни лица. Тоа донесе бум во негово време. Ама меурот растеше за на крај финансиските моќници целосно излезат од контрола и станат недопирливи или 'too big to fall'.

Очигледно твоето познавање за Студената војна - а и за други настани - е ограничено, а не моето.

За почеток, средната класа во САД виде бело видело дури откако САД влегоа во Втората Светска Војна после јапонскиот напад врз Перл Харбор на 7 декември 1941.

Сите тие политики од таканаречениот Нов Договор на Франклин Делано Рузвелт, не беа ништо подобри од приказните кои пвеводбеничкиот пастир ни ги продаваше за економскиот раст во Македонија. Од политиките на Рузвелт би ги издвоил едни од првите извршни наредби кои ги издаде откако стана претседател на САД во март 1933, конкретно наредбата за конфискување на целото злато кое обичниот американски смртник го поседуваше, а која Рузвелт ја потпиша во април 1933. Ептен јака средна класа произлезе од конфискувањето на златото на американците и неговото пренесување во Форт Нокс, а забраната за поседување на злато за обичниот американски смртник беше укината дури во 1974 година од страна на Џералд Форд, откако неговиот претходник Ричард Никсон ја укина фиксната цена на златото во 1971 година.

Кога сме кај Роналд Реган, неговите намалувања на даноците имаа позитивно влијание врз сите граѓани на САД, а не само врз богатите, а сите тие регулативи кои беа воспоставени после падот на Вол Стрит во октомври 1929, беа малку по малку укинувани од страна Бил Клинтон во 1990-те години, а како што може да се види, ниту еден американски претседател после Клинтон не планира да врати по некоја од тие регулативи - бидејќи донаторите на нивните изборни кампањи не се ни малку обожаватели на таквите регулативи.

Од кога Кина почна да ја отвора својата економија за странските инвеститори, и откако САД влегоа во договорот за слободна трговија НАФТА со Канада и Мексико, средната класа во САД е во слободен пад како резултат на се` поголемата преселба на производството од САД во странство.

Нова војна на било кое бојно поле - Југославија, Авганистан, Ирак, Либија, Сирија и било која друга држава, секогаш е добредојдена за американската воена индустрија, која е една од ретките двигатели на средната класа во САД од 7 декември 1941 па наваму, па затоа американските претседатели од Реган па наваму постојано си играат по некоја воена авантура во странски држави - ем е` добро за доларот, ем ќе има работа за невработените.
 
И на кој начин функционира Норвешка можеш да ни објасниш, за да не правиме катастрофални грешки во иднина .... Ако може без сликички, просветли не, како тоа по тебе Норвешка и Венецуела исто се организирани, исто функционираат а едните биле бааб рога а другиве не. Да не има некоја разлика случајно :toe:
Ако, прво ако објасниш како тоа Америка ќе стане Венецуела ако воведе универзално здравствено осигурување. Бидејќи тоа е опасноста од "социјализмот". За просветлување тешко кога си идеолошки индоктриниран и не можеш да разграничиш социјализам и социјал демократија па секоја социјална програма е социјализам или комунизам за тебе. Ко Берни да се залага за укинување на приватна сопственост :facepalm:
Одлично, ти текна на Норвешка, ај спомни уште барем два други исклучока кои го докажуваат општо познатиот факт дека социјализмот со себеси носи само пропаст и мизерија.

Патем, Норвешка не е членка на социјалистичкиот рај ЕУ, можеби тоа е` уште еден фактор кој ги прави исклучок наспроти правилото.
Речиси секоја модерна европска држава можеби? А Венецуела како е пример за мерките за кои се залага Берни и условно кажано неговото крило на партијата? Ефтина демагогија е плашењето со "социјализам" и "комунизам". Готово ако воведат универзално здравство Америка ќе стане беда ко Венецуела :facepalm:
 
Ехх, сега кај тераме со муабетот, што ќе дискутираме што е дерегулација или како одреден директор знае да толкува закони :)
Фокусирана дискусија тука е нон-сенс.
 
Речиси секоја модерна европска држава можеби? А Венецуела како е пример за мерките за кои се залага Берни и условно кажано неговото крило на партијата? Ефтина демагогија е плашењето со "социјализам" и "комунизам". Готово ако воведат универзално здравство Америка ќе стане беда ко Венецуела :facepalm:

Речиси секоја модерна европска држава како државите свињи PIGS - Португалија, Ирска, Италија, Гејлада, Шпанија, можеби ?

Видовме што им донесе евросоцијализмот на тие држави, ептен далеку стигнаа.

Е па, дедо Бојни себеси се декларира за демократски социјалист - исто како и неговата пионерка Александра Окасио Кортез, а венецуелските социјалисти предводени од страна на покојниот Хуго Чавез и неговиот сегашен наследник Николас Мадуро, исто така се` декларираат себеси како демократски социјалисти. И во Венецуела исто така имаш бесплатно здравство, со болници, клиники и поликлиники без доволно лекови, препарати и опрема - уште еден од анти-бенефитите на социјализмот.

Зајко кукурајко и плавите жолтици исто така најавуваат бесплатно здравство и во Македонија од почетокот на 2019 година, па допрва ќе ги видиме анти-бенефитите од таквите реформи.

Комунистите и социјалистите секогаш играат на картата "овој пат ќе успееме".

Прво со вооружена револуција, па демек не чинеа Русите и југословенските народи, па им требаше држава со богати ресурси - не дека Русија и Југославија не располагаа со богати ресурси.

Па потоа со демократски избори, па ете им ја Венецуела со најголемите резерви на нафта во светот, ама веќе после 10 години стана јасно дека нешто не штима како што треба, а еве сега 19 години подоцна, држава им тоне во слободен социоекономски пад, продавниците и болниците се празни, а народот бега во Колумбија, Бразил, Панама и САД по спас од гладот и сиромаштијата.

Па сега велиш да им се пружи шанса на дедо Бојни и неговите истомисленици, бидејќи САД се` богата, развиена и моќна држава, па ова во превод би требало да значи дека ќе бидат имуни на корупцијата и личните интереси ?

Социјализмот функционира се` до моментот кога останува без туѓи пари, така беше со Советскиот Сојуз, така беше со Југославија, така е` денес со Венецуела, така ќе биде и со било која друга социјалистичка држава во светот - секако, без да го земеме во предвид твојот омилен и единствен исклучок - Норвешка - ма да можеби и тие еден ден (повторно) ќе ги откријат личните интереси и корупцијата.
 
Ако, прво ако објасниш како тоа Америка ќе стане Венецуела ако воведе универзално здравствено осигурување. Бидејќи тоа е опасноста од "социјализмот". За просветлување тешко кога си идеолошки индоктриниран и не можеш да разграничиш социјализам и социјал демократија па секоја социјална програма е социјализам или комунизам за тебе. Ко Берни да се залага за укинување на приватна сопственост :facepalm:

Речиси секоја модерна европска држава можеби? А Венецуела како е пример за мерките за кои се залага Берни и условно кажано неговото крило на партијата? Ефтина демагогија е плашењето со "социјализам" и "комунизам". Готово ако воведат универзално здравство Америка ќе стане беда ко Венецуела :facepalm:

Ќе може ли ти да не удостоиш со твое мислење. Ете за Норвешка не одговараш, за Обамакер дај кажи како ти замислуваш да функционира, цената за тоа која е, кој би имал профит и сл...

@teneke постот на Берикчо и на тебе се однесува шо го лајкуваш :P
 
:)

Обамакер или целосно здравствено осигурување, ќе кошта некаде 7.2 трилиони (ова по американски по наше билиони) долари.
 
:)

Обамакер или целосно здравствено осигурување, ќе кошта некаде 7.2 трилиони (ова по американски по наше билиони) долари.

Како тоа мислиш ќе кошта, кого ќе го кошта, кој плаќа, а кој пие и јаде... Ова е многу битно за да знаеме што понатака со муабетот.
Иначе лордот Берикчо ќе се наљути, без нешто да сподели.

И за Обамакер не се однесуваше на тебе, туку на членот кој го спомна, па ме интересира неговиот поглед на светот.
Ние претходно почнавме разговор ама го оставивме на почек :D

П.С. за СО2 кредитите да очекувам мислење од твоја страна или во некоја друга прилика :unsure:
 
Слушај доволно проекти изгубив, губајќи време дури се расправав се за ова договоров со Грција, ама ај тоа и ме тангира оти можеби ќе ми се смени животот, па ќе треба да си одам од тука.

Темата за глобалното затоплување, ме тангира малце оти на сите ни зависи судбината од тоа, ама брате оваа тема за регулација, дерегулација, за обамакаре, за богатството на американската средна класа ич не ме тангира :)

И јас и ти сме приватници, и овие и следните одвај чекаат да ни опнат поголеми даноци, така да нема потреба да си го мерам со тебе на бесполезни муабети.

Треба пари да се прават ...
 
Фер кажано а и паметно (y) .
Инаку ниту на договорот со Грција, ниту кај климата, можеме да влијаеме, па затоа џабе и тука си губел време :P .

А за опнувањето, не ни бега, ама бар да се смееме оти стресот убива ;) .
 
:)

Обамакер или целосно здравствено осигурување, ќе кошта некаде 7.2 трилиони (ова по американски по наше билиони) долари.

Не се билиони по наш јазик, туку трилиони.

На македонски наместо билиони го користиме изразот милијарди, а трилиони си остануваат трилиони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom