Домаќински луѓе

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.447
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
Дали сте домаќински луѓе ? Луѓе што дома чистите и се грижите за домот без разлика дали сеуште живеете со мама и тато или сте во брак. Дали доколку сте во брак си ги имате тие домаќински работи поделено еден едно друг друго да си има обврска или пак се е тоа е подеднакво за двајцата.

Јас сум домаќински човек и си се грижам колку толку дома иако си живеам со мајка ми и татко ми и кога не се они дома јас си одржувам колку толку чисто, си мијам садови тоа што сум јадел, го фрлам ѓубрето. Не бришам прашини, чистам со џогер, усисувам но тоа кога ќе ме задолжи мајка ми или татко ми знам да го правам.
 
Последно уредено:
Домаќинска тема. За домаќини луѓе.
Не само тоа што си напишал, јас и бавча имам, мала додуша ама домашен тазе пресечен македан као што замирисува во чорба купечкиот може вода да му носи.
 
Све работам по дома, чистење, перење, готвење, одржавање куќата. И убаво е тоа човек да работи, не само да чека од неговите и да го прчи по цел ден.
 
Јас не сум стапнал до сега во животта во спортска кладионица,значи сум домаќин човек.
 
Ја сум антидомаќин. Дури и убедувам домаќини луќе да станат недомаќини. Шо да праиш...
 
Не сум домаќински човек. Дома све ми е гадно така си седам со прашина и гадотија.

Стави Анкета да гласаме.
 
Не сум домаќински човек. Дома све ми е гадно така си седам со прашина и гадотија.

Стави Анкета да гласаме.
Поима немам како се става отпосле анкета а и нема потреба битно е да се изјасниме поопширно кој за што најмногу го бива во домаќинските работи, а кој не го бива за нешто или ништо. И едно нешто заборавив домаќински луѓе не се само оние што дома им е средено чисто тукусе љубители и да пазарат за дома на пазар или било каде, да си внимаваат да мислат на алиштата што му се сушат ако има ветер да ги собере, да поправи нешто ако се расипе и многу друго.
 
Па освен ако немаш послуга по дома и немаш многу избор.
 
Јас порано бев многу мрзлива.До душа,не ме ни тераа да фатам нешто дома. :D
Ама,сега припомагам со купување,чистење и готвење. :)
 
....домаќини луѓе се и тие кои само својата жена си ја гледаат, а друга не погледнуваат :D
 
....домаќини луѓе се и тие кои само својата жена си ја гледаат, а друга не погледнуваат :D
Домаќински луѓе се и оние кој својата жена ќе ја изненадат со ручек или вечера спремено дома додека она е на работа.
 
Домаќински луѓе се и оние кој својата жена ќе ја изненадат со ручек или вечера спремено дома додека она е на работа.
Да,и не мора тоа стално да го прават,ама барем 3-4 дена во седмицата.Тоа не е папучарење како што спомна еден член,туку искажување љубов и почит. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom