Владе Маќедонцки ![DOUBLEPOST=1533128752][/DOUBLEPOST]
Единствен начин да пропадне референдумот а со тоа да пропадне и договорот од Преспа е цензусот да биде висок преку 50% и мнозинството од тие кои излегле на референдумот да гласале ПРОТИВ, во спротивно и да не се достигне тој цензус договорот секако поминува бидејќи мнозинството кои ќе излезат на 30 септември на реф. секако ќе гласаат ЗА !
Па еве сега е шансата ако Мицко и ДПМНЕ стварно се толку силни и имаат неверојатно висока поддршка од народот нека го повикаат масовно народот да излезе и да гласа против и да го сруши референдумот и договорот со Грција, но сите знаеме дека прпа и дека сепак и покрај тоа што на интернет просторот ептен се лае сепак на терен надвор во реалноста бројот на лица кои го поддржуваат овој договор и ќе излезат на референдумот да гласаат ЗА е повисок од оние кои се против и кои најверојатно воопшто нема ни да излезат на реф. т.е. ќе бојкотираат !
Еве вака СДСМ тежи 400 000 гласови, плус Албанските партии 200 000, плус сите останати малцинства накај 100 000 гласови, плус да речеме гласови од разно-разни неутралци, либерали, десничари кои се за ЕУ и НАТО и други категории на граѓани исто така накај 100ина илјади гласови и ете ти 800 000 гласови ако не и повеќе, а дали аџи МИЦКО може да собере волку гласови хехе и да го сруши референдумот и договорот !
Ова како ловџиите кога кажуваат колкава мечка отепал, или рибар колкава риба уловил...
Не сум сигурен СДСМ дали има 400,000, ич па дека „разно-разни неутралци, либерали, десничари кои се за ЕУ и НАТО и други категории на граѓани“ 100,000. Мислам дека Србите не се за, како народ, како дел од СДСМ, некои можеби.
Пренадуени се бројките, но секако кога ќе ги собере немакедонците би било повеќе од гласачите на ВМРО ДПМНЕ, веројатно. Можеби и не би било, ама ризик е да се остави да помине референдумот со цензус, затоа, најдобро е бојкот. Демократски.
Ако нема излезност од над 50% (а некои толкуваат дека толку треба да се за) тогаш референдумот нема изгласаност ЗА, односно, нема законско одобрување на граѓаните за поставеното прашање.