Нормално дека ќе ти ја погодам сигурно не би кажал дека си од Ченто или Топанско.
Зошто? А да, тие немаат ни нет, како би пишувале.
Многу тиња населби се тоа брат, по самото име се глеа... Топанско поле. Топанско факинг ПОЛЕ бе брат. Поле, нива.
ВЛАЕ ДРЖАВА!!!
Се шалам.
Малку.
Како ти ќе распознаеш по пишување кој од која населба е?
Чентовчани и Топанчани ќе повикуваат на насилство, имаат повеќе емпатија или шчо?
Во Хром има многу Албанци. Како мали игравме фудбал, се дружевме, и кур не болеше за националност.
До ден денес се поздравувам со Албанците од Хром.
До дене денес уште се дружат Македонци и Албанци од Хром.
Во 22 се возев ко мал, и минимум 10 пати бев сведок на тоа како Македонци тепаат Албанци од чиста мира.
За иронијата да биде поголема, 3-4 пати во тие тепачки учествуваа Македонци кои се од Хром, и всушност се дружат со Албанци од Хром.
И не викам дека само ова се случувало, но тоа било во мое видно поле. Секако дека имало и Албанци у 12 и 2 шо тепале Македонци.
На Водно ме касна пчела.
Бев по тој новиот пат кај шо ретко поминуваат коли. Мојата беше далеку паркирана.
Бев со уште еден другар.
Му реков ене кола, ќе ја застанам да ме пренесе брзо затоа што мислам дека имам алергија.
Ми рече „хахахах сигурно ќе ти застанат да“.
Колата беше со кумановска регистрација.
Внатре имаше Албанец.
Му објаснив.
Ми рече „влези, но нема место за уште еден“.
Го оставив другарот сам.
Знаеш зошто немаше место?
Затоа што мене, 30 годишен рандом вол, ме седна позади со ДВЕТЕ НЕГОВИ ЌЕРКИ од по 3 и 7 години.
И ме однесе до мојата кола и ми рече се надевам ќе биде се во ред со тебе.