Skylake
proseCUTE
- Член од
- 7 јули 2016
- Мислења
- 1.078
- Поени од реакции
- 1.712
Чекај малце, досега не оценуваа за ова? Јас кога бев на интервју ми поставија еден куп прашања на кои што одговарав како и сите други, и од тоа тие неможат да заклучат колку добро го владее еден кандидат јазикот? Службеникот што ми го правеше интервјуто забележуваше нешто од другата страна на шалтерот и предпоставувам дека меѓу другото веројатно пиша таму и околу тоа колку добро го владеам јазикот. На крајот ми даде еден лист да се потпишам.Немора измени во закон за ова, се решава многу лесно со измени во Уредба како и до сега 10 пати што имаше измени за 1 година. Ние се разбираме на интервју тоа е точно ама пак таму оценуваат и за владеење на бугарски јазик без разлика што тоа што го зборуваш се смета за западнобугарска дијалектна форма. И да знаеш дека ќе го направат порано или покасно, не зборуваат напразно за ова веќе подолго време.
Е сега, ти ако зборуваш за воведување на тестови каде што ќе има познавање на бугарска литература, граматика, фонетика и пишување писмени тоа е веќе друга работа.
А кога веќе зборуваме за јазикот, јас многу полесно се разбрав таму со службениците, одошто тука со еден просечен кумановец.