Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Bafra a.k.a MIKI1

"Докажи...."

Ок, ќе докажам, а ти оди школо заврши, ама овој пат поштено, без ургенции, тато и мама...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Море чоек, јас не те негирам, не ни навлагам во детали, не викам дека не си во право, пошто проблематиката ја гледам од геолошки аспект, а не од еколошки.... Но ете горе ставив графикони, ме интересира како ги коментираш ти тие... Пошто нели излезени се овие графикони од официјални научни институции...Тие се официјален научен став...
 
B

Bafra

Гостин
Како и да ја менува климата, глобалното затоплување е глобално пред се, не? затоа и се вика ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ. Значи тој процес генерално ги покачува темепературите и доведува до топење на мразот, без разлика на локалните временски прилики и неприлики....

Е сега доколку тврдиш дека овој процес ексклузивно за причинител го има човекот, како го објаснуваш фактот дека во последните 20000 години тој процес е во континуитет, со мали флуктации и уствари пикот на овој процес бил пред воопшто да постои цивилизација, а уште помалце индустрија. Тоест затоплувањето што го има сега е речиси минорно од затоплувањто што го имало во предиотод од пред 16000 години до пред 8000 години...
Не само тоа, туку:
- СО2 било причина па дај ќе го оданочиме, божем помалку ќе го има. А сведоци сме дека се е исто.
- прво викаа ќе немало зими или поблаги ќе биле, па сега променија мантрата од глобално затоплување во климатски промени.
- кога ќе им спомнеш атомските централи се најштетни, дека таканаречените алтернативни извори уште повеќе загадуваат се чудат.

@LordDragonII од кога се посра со тоа илјада години период, прекина да пишуваш, чак пат некое смајли или навреда. Не се срами, слободно пишу мислење, покажи ја твојата интелигенција, знаење.

Ами ко така бе тенџере едно зошто верглаш постојано временски екстреми како тие во Токио и Сахара?
Првин ретардиран, па тенџере, убаво вака кога немаш што, земи вреѓај. Ти си бил ментален случај, немаш поим ни за што пишуваш година дена, а јас па му објаснувам :facepalm: .

Уште па очекувам од него да објасни како СО2 кредитите ќе помогнеле :tapp: . Лејка да имаше на рамениците поразумен ќе беше :P .
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Како и да ја менува климата, глобалното затоплување е глобално пред се, не? затоа и се вика ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ. Значи тој процес генерално ги покачува темепературите и доведува до топење на мразот, без разлика на локалните временски прилики и неприлики....

Е сега доколку тврдиш дека овој процес ексклузивно за причинител го има човекот, како го објаснуваш фактот дека во последните 20000 години тој процес е во континуитет, со мали флуктации и уствари пикот на овој процес бил пред воопшто да постои цивилизација, а уште помалце индустрија. Тоест трендот на затоплувањето што го има сега е речиси минорно споредено со трендот на затоплувањето што го имало во предиотод од пред 16000 години до пред 8000 години...
Јамајка, ај вака, да не се повторувам од неколку страни поназад.
Побарај историски просечни температури во последните неколку десетици илјади години, и просечни температури во последните неколку децении и спореди ги.
Спореди ги и флуктуациите (минимум и максимум) во тие десетици илјади години со овие денес.
Да, точно е дека постоеле глобални затоплувања и заладувања, но тие природни процеси траеле стотици, илјадници години. Од кога ќе ги најдеш тие бројки ќе видиш дека вакво нагло зголемување на температурите и вакви екстреми се немаат случено повеќе од пола милион години наназад!
Кога веќе ќе бараш температури во историјата, побарај и податоци за нивото на јаглерод диоксид во атмосферата.[DOUBLEPOST=1532988281][/DOUBLEPOST]
Bafra a.k.a MIKI1

"Докажи...."

Ок, ќе докажам, а ти оди школо заврши, ама овој пат поштено, без ургенции, тато и мама...
Мики1 е Зоте (рамноземјашот) за Бафра. :pos:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Јамајка, ај вака, да не се повторувам од неколку страни поназад.
Побарај историски просечни температури во последните неколку десетици илјади години, и просечни температури во последните неколку децении и спореди ги.
Спореди ги и флуктуациите (минимум и максимум) во тие десетици илјади години со овие денес.
Да, точно е дека постоеле глобални затоплувања и заладувања, но тие природни процеси траеле стотици, илјадници години. Од кога ќе ги најдеш тие бројки ќе видиш дека вакво нагло зголемување на температурите и вакви екстреми се немаат случено повеќе од пола милион години наназад!
Кога веќе ќе бараш температури во историјата, побарај и податоци за нивото на јаглерод диоксид во атмосферата.
Јас сум лаик кога станува збор зошто и како се случуваат затоплувањата и какво влијание има CO2 во тој процес. Но кога станува збор за растењето на нивото на морето од историски аспект имам доста читано за интензитетот на растењето во последните 22000 години, колку што трае последниот циклус на затоплување. Горе ги има графиконите.

Ајде пак лаички да пробам, а ти исправиме ако грешам негде...
  1. Глобалното затоплување на земјата значи просечно зголемување на температурата на земјата
  2. Топењето на ледот е производ на зголемување на просечната температура на земјата
  3. Растењето на нивот на морето е производ на топењето на ледот.
  4. Нивото на зголемувањето на морето е индикатор на тоа колку ледот се топи
Пошто топењето на ледот и растењето на нивото на морето е индикатор на тоа колку земјата се затоплува можеме да заклучиме дека по тоа се гледа интензитетот на затоплувањето во минатото. Е сега:
  1. Во период од 22.000 години нивото на морето е покачено за 130 метри, што е во просек 6 милиметри на годишно ниво.
  2. Во периодот од пред 16000 до пред 8000 години е пикот и во тој период нивото на морето се покачило за 100 метри, што е 12.5 милиметри просек на годишно ниво.
  3. Во периодот од последните 120 години нивото на морето се покачило аа 180 милиметри или просек од 1.5 милиметри на годишно ниво.
  4. Во периодот од последните 20 години нивото на морето се покачило за 40 милиметри, што е во просек 2 милиметри годишно.
  5. Е сега постои зголемување во последните 20 години во однос на претходните 100, но имај во предвид дека вакви ситни флуктации во интензитетот постојат во последните 1000 години.
Според ова, јас доаѓам до ставот дека ништо историски драматично не се случува во овој процес во времето на индустријализацијата.

Иначе зголемувањето на нивото на морето драматично влијае врз човековата историја. На пример Средоземноморскиот базен се потопува пред 14000 години, Црноморскиот басен се потопува пред 7500 години. Пред тоа имало остатоци од солени езера, кои биле остаток од претходен циклус, како на пример што се Мртвото Море и Каспиското море, кои некогаш при крај на некој циклус на затоплување биле дел од светското море. Под површината на Црното море досега се пронајдени 80 населби. Се претпоставува дека записите на Египетските свештеници кои Платон ги зел за инспирација за неговата „Атлантида“, зборат за цивилизација некаде во Средоземјето. Од тој аспект сум ги проучувал геолошките промени.

Понатаму Евроазискиот и Американскиот континент биле копнено поврзани. Британија била копнен дел од Европа и така натаму.

За овие евенти сведок бил човекот, за што зборат и еповите и митовите низ историјата поврзани со потопи и катастрофи од библиски карактер.

Незнам кога точно научно се утврдува овој интензитет на раст на нивото на морето, меѓутоа мислам дека покасно од тезата за човекот како главен виновник на глобалното затоплување. Ако е тоа така, тогаш екологистите се поставуваат како инквизитор не сакајќи да ги ревидираат ставовите после новите научни пронајдоци.

Затоа пројди внимателно низ мојот пост, и посочи ми во кој момент од моето излагање грешам. Сепак ставот ми е донесен по некој логичен след. Немора да се трудиш да ми даваш докази за мојата грешка, тоа јас ќе си го најдам. Не сакам да терам инает тука, туку едноставно ме заинтересира цела дебата. Рачунај го постов како предизвик на твојот став..
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Да, точно е дека постоеле глобални затоплувања и заладувања, но тие природни процеси траеле стотици, илјадници години.
Е по што заклучи дека сегашниов ПРИРОДЕН процес, не е природен и дека е предизвикан од човекот ???

ќе видиш дека вакво нагло зголемување на температурите и вакви екстреми се немаат случено повеќе од пола милион години наназад!
вакво нагло зголемување на температурите и вакви екстреми се немаат случено повеќе од пола милион години наназад
вакво нагло зголемување на температурите и вакви екстреми се немаат случено повеќе од пола милион години наназад!
:lolzz::lolzz: :zver: Не ми се верува што си напишал. Ај @LordDragonII да напишеше, немаше да ме изненади :pipi:

Да @jamajka побарај и ќе видиш дека сите овие работи се измислени и немало екстреми:

1. https://www.britannica.com/science/Maunder-minimum
2. https://www.britannica.com/science/Dalton-minimum
3. https://www.nationalgeographic.com/archaeology-and-history/magazine/2017/01-02/1709-deep-freeze-europe-winter/
4. https://www.adventuresportsnetwork.com/wildlife/extinct-cave-lions-almost-perfectly-preserved-discovered-in-siberia/#2BWzX1MTD7juwB0i.97
Изгледа тамошното население овие замрзнати ги чувале за некоја веселба :lolzz:

5. https://en.wikipedia.org/wiki/River_Thames_frost_fairs
6. https://en.wikipedia.org/wiki/Winter_of_1962–63_in_the_United_Kingdom
7. Да се повторам со
Dust Bowl (dirty thirties) во САД https://en.wikipedia.org/wiki/Dust_Bowl
Federation drought во Австралија https://en.wikipedia.org/wiki/Federation_Drought

8. И нормално Арктичкиот Океан цело време е под мраз, и нормално лажат кога кажуваат: Тhe Arctic Ocean has been free of ice historically many times. The passage through the ice has historically come and gone. The first to actually sail through the water was the Norwegian explorer Roald Amundsen’s ship which traveled East to West between 1903 and 1906.

Значи Хјуманче успеа сите овие работи да ги побиеш :bravobe: .

Кога да очекуваме од интелектуалната каста да ни објасни на нас обичните смртници
како СО2 влијае на глобалната клима. Според вашите тврдења СО2 количините се причина за зголемување на температурата, но некои мерења излегува обратното, дека после затоплувањето доаѓа до зголемување на СО2 :P . И нормално како СО2 кредитите ќе променат нешто?

:чда: Немало екстремни движења на температурата, исто како што сонцето, the wobble of the earth и циклусите на Милутин Миланковиќ не влијаеле на климата :confused: o_O :lolzz:

Еве и како Политичарите ќе го решат проблемот, оданочувајќи ги семејствата:
https://business.financialpost.com/opinion/and-heres-your-very-small-carbon-bill-canada

Three provinces — Alberta, Saskatchewan and Nova Scotia — will be hit with more than $1,000 of carbon tax per year to comply with the $50-per-tonne carbon tax Ottawa has mandated for 2022. Nova Scotia ($1,120) and Alberta ($1,111) will have the highest bills, followed by Saskatchewan ($1,032), New Brunswick ($963), Newfoundland ($859) and Prince Edward Island ($788). The average household in Ontario will pay $707 a year to comply with the carbon tax once its fully implemented.
:zloo: Што побрзо го спроведат во светот, толку побрзо ќе се намали СО2, а после ќе живееме од љубов :D


П.С.
Не е страшно што не ги знаете овие работи, страшното е што изигравате интелектуалци, вреѓате, спремни сте и во затвор да ги ставите неистомислениците. Типични левичарски лајна :гомце:
Вие сте новиот религиски култ, а самите зборите лошо за религиозните фанатици :P
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Де видете @jamajka и @Bafra дали на графиците од пред 153 милиони години и 256 дена и 34 часа и 45 секунди имало вакво нешто.

Страшни глетки од Германија, поради големите жештини загинале шест тони риби (ВИДЕО)
Температурата на езерата драматично порасна, што доведе до масовен помор на рибите кои живеат во езерата низ Германија, а особено во регионот на Хамбург.

Температурата на водата достигна критични 27 Целзиусови степени, а нивото на кислород во водата константно опаѓа. Слично се случува и со реките во Германија.

Во реките и езерата во Хамбург и околината за неколку дена поради големите жештини загинале шест тони риби, а екпертите стравуваат дека ова е само почетокот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
@teneke... toa sto probuvas da diskreditiras so nastan na koj mozam da vratam ao faktot deka vakvo ladno leto ne sme imale so vekovi... ili so faktot deka vo vremeto na antikata makedonija bila pustina ... izgledas kako davenik sto se drzi za slamka... i sekako si daleku da doprineses za svojot stav, naprotiv, go devalviras...
 
B

Bafra

Гостин
Де видете @jamajka и @Bafra дали на графиците од пред 153 милиони години и 256 дена и 34 часа и 45 секунди имало вакво нешто.

Страшни глетки од Германија, поради големите жештини загинале шест тони риби (ВИДЕО)
Температурата на езерата драматично порасна, што доведе до масовен помор на рибите кои живеат во езерата низ Германија, а особено во регионот на Хамбург.

Температурата на водата достигна критични 27 Целзиусови степени, а нивото на кислород во водата константно опаѓа. Слично се случува и со реките во Германија.

Во реките и езерата во Хамбург и околината за неколку дена поради големите жештини загинале шест тони риби, а екпертите стравуваат дека ова е само почетокот.
Не бе бате, вакви работи немало пред 1950. Порано климата се однесувала строго по рамна линија, чак пат некој вулкан ако се појавел, ама тие нели не влијаат на климата.
И бидејќи имаш време вакви интересни докази да споделуваш, де види во твоите извори на информации:
- како СО2 влијае на климата ?
- како со СО2 кредитите/даноците ќе смените климата ?
Де пробај објасни ми ги овие две нејаснотии а толку јасни за вас.


Ова колку за инфо: https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_weather_records
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Јас сум лаик кога станува збор зошто и како се случуваат затоплувањата и какво влијание има CO2 во тој процес. Но кога станува збор за растењето на нивото на морето од историски аспект имам доста читано за интензитетот на растењето во последните 22000 години, колку што трае последниот циклус на затоплување. Горе ги има графиконите.

Ајде пак лаички да пробам, а ти исправиме ако грешам негде...
  1. Глобалното затоплување на земјата значи просечно зголемување на температурата на земјата
  2. Топењето на ледот е производ на зголемување на просечната температура на земјата
  3. Растењето на нивот на морето е производ на топењето на ледот.
  4. Нивото на зголемувањето на морето е индикатор на тоа колку ледот се топи
Пошто топењето на ледот и растењето на нивото на морето е индикатор на тоа колку земјата се затоплува можеме да заклучиме дека по тоа се гледа интензитетот на затоплувањето во минатото. Е сега:
  1. Во период од 22.000 години нивото на морето е покачено за 130 метри, што е во просек 6 милиметри на годишно ниво.
  2. Во периодот од пред 16000 до пред 8000 години е пикот и во тој период нивото на морето се покачило за 100 метри, што е 12.5 милиметри просек на годишно ниво.
  3. Во периодот од последните 120 години нивото на морето се покачило аа 180 милиметри или просек од 1.5 милиметри на годишно ниво.
  4. Во периодот од последните 20 години нивото на морето се покачило за 40 милиметри, што е во просек 2 милиметри годишно.
  5. Е сега постои зголемување во последните 20 години во однос на претходните 100, но имај во предвид дека вакви ситни флуктации во интензитетот постојат во последните 1000 години.
Според ова, јас доаѓам до ставот дека ништо историски драматично не се случува во овој процес во времето на индустријализацијата.

Иначе зголемувањето на нивото на морето драматично влијае врз човековата историја. На пример Средоземноморскиот базен се потопува пред 14000 години, Црноморскиот басен се потопува пред 7500 години. Пред тоа имало остатоци од солени езера, кои биле остаток од претходен циклус, како на пример што се Мртвото Море и Каспиското море, кои некогаш при крај на некој циклус на затоплување биле дел од светското море. Под површината на Црното море досега се пронајдени 80 населби. Се претпоставува дека записите на Египетските свештеници кои Платон ги зел за инспирација за неговата „Атлантида“, зборат за цивилизација некаде во Средоземјето. Од тој аспект сум ги проучувал геолошките промени.

Понатаму Евроазискиот и Американскиот континент биле копнено поврзани. Британија била копнен дел од Европа и така натаму.

За овие евенти сведок бил човекот, за што зборат и еповите и митовите низ историјата поврзани со потопи и катастрофи од библиски карактер.

Незнам кога точно научно се утврдува овој интензитет на раст на нивото на морето, меѓутоа мислам дека покасно од тезата за човекот како главен виновник на глобалното затоплување. Ако е тоа така, тогаш екологистите се поставуваат како инквизитор не сакајќи да ги ревидираат ставовите после новите научни пронајдоци.

Затоа пројди внимателно низ мојот пост, и посочи ми во кој момент од моето излагање грешам. Сепак ставот ми е донесен по некој логичен след. Немора да се трудиш да ми даваш докази за мојата грешка, тоа јас ќе си го најдам. Не сакам да терам инает тука, туку едноставно ме заинтересира цела дебата. Рачунај го постов како предизвик на твојот став..
Да, одлична логика, одлично си сфатил се, но во целава приказна имаш пропуштено едно нешто - последната ледена ера.
Период што траел 100 000 години во кој пола Европа, скоро цела Канада и мал дел од САД биле под мраз. Количината на тој мраз е десетици пати поголема од вкупниот што е сега на Арктикот и Антарктикот.
Од кога е завршена таа ледена ера, нивото на океаните е во една стабилна состојба неколку илјадници години:


Ова се случува последните неколку декади:



Доколку побараш ќе видеш дека ова зголемување на нивото на морето (кое е скоро константно последните неколку илјада години) соодвестува со зголемувањето на температурите на воздухот и океаните. Зголемувањето пак на температурите на Земјава соодвестува со зголемувањето на СО2 во атмосферата.
Ако истражиш понатаму ќе забележиш дека ниту една Сончева, вулканска или било каква природна активност не влијае на климата онака како што влијае човекот.

Друго што треба да се напомни е дека глобалното затоплување не значи дека секаде ќе биде пожешко. Напротив, менувањето на климата ќе предизвика одредени делови да бидат поладни во споредба со други, како и се почесто да се појавуваат временски екстреми во скоро сите места на планетава. Како моменталниот топлотен бран во Европа. Како снеговите во Сахара и сл.

Европа за време на последната ледена доба:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Дами и господа, овогодинешниот талент на годината:

Од линкот, највисоки температури по земја:

upload_2018-8-4_13-25-16.png

upload_2018-8-4_13-25-57.png

upload_2018-8-4_13-27-7.png

upload_2018-8-4_13-27-56.png

upload_2018-8-4_13-28-53.png

upload_2018-8-4_13-29-39.png

Како што може да се забележи, над 70% од рекордно високите температури се забележани во 21виот век.

Не сум сигурен дали јас сум нормален што дискутирам со теле што само се негира, или телето што не знае што постира.[DOUBLEPOST=1533382436][/DOUBLEPOST]
Џабе се трудиш.
За мене е корисно, ќе поднаучам нешто во пребарувањето. :)
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Како што може да се забележи, над 70% од рекордно високите температури се забележани во 21виот век.
Или 100% пост индустријализација, ама пази може да те стаат у потпис.
Одамна немам видено вакви црепови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom