Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
стожер??????
харман??????
диканја??????
 
пр'ч - козел, машка коза;

коч, овен - машка овца,
кур, курица, курник - старословенски петел, кокошка,
бик, вол - нескопен, скопен
прасе - нерез(нескопено), веп'р(скопено);
 
Тертип = начин[DOUBLEPOST=1531926546][/DOUBLEPOST]Кркми = прамени коса на челото, потстрижени право, рамно.
Шишки = слично на кркми
 
Последно уредено:
Сардисале... точно по нашки што значи.
(можеби и го имало до сега опишано)
 
Турцизам: оградувам од сите страни, опкружувам, заокружувам

Сардисале* са, сардисале
Лешочкиот манастир
Сардисале са, сардисале,
арнаути слатинчани
Сардисале са, сардисале
Лешочкиот манастир[DOUBLEPOST=1532944120][/DOUBLEPOST]Никој ли не знае што се:
стожер??????
харман??????
диканја??????[DOUBLEPOST=1532944555][/DOUBLEPOST]
Тертип = начин[DOUBLEPOST=1531926546]
тертип е турцизам - модел, образец, начин.
Зборот е комбиниран од "терк"(модел, образец, начин)
и "тип"(суштото) - терк-тип.
"к" изпада и остава тер-тип.
[DOUBLEPOST=1532944610][/DOUBLEPOST]"терк-тип" турцизам - модел, образец, начин.
 
Последно уредено:
Стожер е столб, дирек, централна греда-столб носач на кровната конструкција на некогашните куќи (многу често на кружни куќи).
Често се мисли и на греда/стебло забодено на гумно, околу кое се вртат коњите кога вршат. Во тој контекст (со жетвата) се поврани и следните зборови “харман“ и “дикања“.
 
Харман-кардон озвучување хаха
Во југозападниот дел се користи едно зборче "чуму" нешто како зошто. Чуму ти е ова? Чуму ти се тие? Не знам дали и на друго место го употребуваат.
Исто така еден глагол
"Учини" нешто како направи.
Ај учиниго го овеа или теа.
Ај направи го ова или тоа. Второто е карактеристично за долнореканскиот говор
 
Харман-кардон озвучување хаха
Во југозападниот дел се користи едно зборче "чуму" нешто како зошто. Чуму ти е ова? Чуму ти се тие?
ЧОМУ е старо, направо древно словенско ЗОШТО.

Чому розплетена коса, а на очах бринить сльоза.
ВО руски става ЗА ЧЕМ или ЗА ЧТО.
В украински е точно ЗАШТО.

Има една уникална украинско - циганска песен:
Чому розплетена коса, а на очах бринить сльоза.

https://www.youtube.com/watch?v=OL7hDyKMu7E
 
Каленик, каленица=чинија долнорекански говор исто што и пајнца по југозападен а мислам и дека во битолско исто викаат.
Вагани=садови, заеднички збор за кујнски
Тутуркапица е ова е некаква кованица што значи нешто како гз преку глава по скопски жаргон.
Дедо ми ми кажуваше кога го нападнала бесна лисица. Му ја памтам реченицата:
Озгора слагат управ удолу тутуркапица право на мене.
Не верувам дека некој слушнал вакво зборче :D
 
Користи ли се некаде во Македонија зборот "точки",во смисла на прееска?
 
а Има ли значење или превод или од кај потекнува оваа изрека:
Танте за кукурику...во Скопје често сме ја изговарале
 
Танто или танте. Танто на сефарадски(староиспански) и сега на италиански значи нешто позначајно.
танто белла донна - много убава жена.
Танто за кукуригу:
Постара смисла - нешто(големо, важно) за ништо.
Сега кај нас се користи за нешто кое нема смисла - ништо за ништо.
Не знам зошто е така изменето.

НО
Во 16 век на територијата на МКД и Тракија се населени около 100 000 евреи от Испанија.
Заможни луге - трговци, лекари, правници и т.н. тие Дават силен напор за развитие на животот.
Сборуваат староиспански(галисијски), коьшто сега го сборуваат португалците.
Многу зборови во занајатите и трговијата се од нив
Каруца(кароцо), кашкавал(кашо кавальо, конско сирене)
паланза(кантар) баланса, бутилка, ЛИВАДА(верно е).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom