Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Tankoski uste od mal se izdvojuvase od ostanati koga treniraa duri bea deca iako toa neznaci mnogu likovi ko ojlesski,markoski nikola do reprezentacija dojdoa a kako deca bea 2-3 opcija znam posto protiv niv sum igral kako dete steta so togas nebese na do tolku nivo golemo rakometov osobeno skolite imase 2-3 od taa generacija koi mozea da bidat nesto ali i samite se otkazaa potoa vo sredno
znam metalurg odma go zemaa vo skopje uste od mal mu plakaa tamu skolovanje stan itn on e talent ama mislam deka nema da uspee od drugi x pricini
 
Има ли некаде пренос на тв или барем некој стрим???

Sent from my SM-G928F using Tapatalk
 
Очекував да биде мучно, макар што мислам дека имаше големи шанси да го добиеме мечов многу лагано, но што е тука е.

Не сакав да верувам ама полека почнувам да мислам дека нешто од не-спортска природа стои зад одлуката Петковски да биде стартер пред секоја утакмица. Или му е вонбрачен син на Брестовац или некој дебело плаќа за него, трето нема. Дечкото не е добар, едноставно не е. Нема потенцијал во него. Ај што е низок е низок, ама прави најелементарни грешки при поставување. Рака на срце ни Кизиќ не беше фантастичен, ама барем тие топки што не требаше да влезат, навистина не влегоа во гол.

Да ме прашаше некој за Димитровски пред година-две ќе му речев дека има потенцијал да биде сосема солидно крило, после турниров сметам дека најголем дострел у кариера ќе му биде Тинекс Пролет. Џабе му е татко битолскиот "Рамбо", кога некого не бива - не бива.

За судииве ми е излишно да коментирам... Кога веќе секоја сезона у ЛШ гледаме се послаби и послаби судиски двојки, не гледам зошто на едно вакво У20 натпреварување приказната би била друга. Тоа левото крило од Фарски ако имаше 7 обиди за шут на утакмицава, 9 му беа престапи и тоа престапи кои што се гледаа од некоја соседна планета, судиите си спиеја.

Тоа е тоа. Не верувам искрено дека имаме сили да ја тепаме Белорусија. Сериозна репка се, работат страшно добро со млади категории во последниве неколку години, извадија играчи како Каралек, Кулеш, Падшивалау, Салдаценка и др. кои се етаблираа како сериозни потенцијали на кои ќе треба да се смета во иднина низ Европа. Крупни се, цврсти, технички солидно потковани, ќе биде многу тешко. Останува да се надеваме.
 
Последно уредено:
Упорно форсирање и толеранција на истите играчи во напад и покрај тоа што изиграа подпросечно. Гледајки го процентот на реализација на нашиве и еден куп грешки во напад нема за што да ги окривуваме судиите за ваков исход и згора на тоа кога играме против Фарски. Тешко дека ќе ја тепаме Белорусија вака.
 
Упорно форсирање и толеранција на истите играчи во напад и покрај тоа што изиграа под продек. Гледајки го процентот на реализација на нашиве и еден куп грешки во напад нема за што да ги окривуваме судиите за ваков исход и згора на тоа кога играме против Фарски. Тешко дека ќе ја тепаме Белорусија вака.
Јас во ниту еден момент не ги окривив судиите за исходот, само го критикував нивото нивно кое што беше очајно. И не е само овој меч.
 
Не знам кај нас како се вика со бр.18 пикерот ама страшно глупо дете... другиот пикер со бр.44 голем гломазен и тој без мозок... нискиот наш голман треба на големо да касне за да порасне.. никад нема од него голман да виде све високо што му шутнаа влезе... можевме 5 разлика комотно да ги добиеме ама се глупи нашиве... среќа глуп беше нивниот тренер, на почетокот а и кога заводевме 4 разлика накај 45 минута ни играше антички ракомет со 7 у напад.. абе дупиња беа со таква игра.. кога смени 6 на 6 ни даваа ко од шала голчиња.. на почеток на текма 10 грешки имавме мн лесно голови можевме да дадеме... само величина против швајцарија покажавме... со британија не ја рачунам таа текма а со сите други се мачевме и едвај се спасивме ..
 
Јас во ниту еден момент не ги окривив судиите за исходот, само го критикував нивото нивно кое што беше очајно. И не е само овој меч.
Кажав општо видување од моја страна. Инаку потполно се слагам со твојот текст погоре. Поздрав
 
Очекував да биде мучно, макар што мислам дека имаше големи шанси да го добиеме мечов многу лагано, но што е тука е.

Не сакав да верувам ама полека почнувам да мислам дека нешто од не-спортска природа стои зад одлуката Петковски да биде стартер пред секоја утакмица. Или му е вонбрачен син на Брестовац или некој дебело плаќа за него, трето нема. Дечкото не е добар, едноставно не е. Нема потенцијал во него. Ај што е низок е низок, ама прави најелементарни грешки при поставување. Рака на срце ни Кизиќ не беше фантастичен, ама барем тие топки што не требаше да влезат, навистина не влегоа во гол.

Да ме прашаше некој за Димитровски пред година-две ќе му речев дека има потенцијал да биде сосема солидно крило, после турниров сметам дека најголем дострел у кариера ќе му биде Тинекс Пролет. Џабе му е татко битолскиот "Рамбо", кога некого не бива - не бива.

За судииве ми е излишно да коментирам... Кога веќе секоја сезона у ЛШ гледаме се послаби и послаби судиски двојки, не гледам зошто на едно вакво У20 натпреварување приказната би била друга. Тоа левото крило од Фарски ако имаше 7 обиди за шут на утакмицава, 9 му беа престапи и тоа престапи кои што се гледаа од некоја соседна планета, судиите си спиеја.

Тоа е тоа. Не верувам искрено дека имаме сили да ја тепаме Белорусија. Сериозна репка се, работат страшно добро со млади категории во последниве неколку години, извадија играчи како Каралек, Кулеш, Падшивалау, Салдаценка и др. кои се етаблираа како сериозни потенцијали на кои ќе треба да се смета во иднина низ Европа. Крупни се, цврсти, технички солидно потковани, ќе биде многу тешко. Останува да се надеваме.
Фарскиве Острови гледам дека се доста активни низ младинскиве категории, ама немаат покажано досега материјал за сениорската репка.
 
Реално толку ни е и силата. Со сите посериозни екипи се мачевме, само со Швајцарија имавме експлозија првите 10-15 минути и го решивме натпреварот. Од тактички план мислам дека сме доста солидни но едноставно најосновниот дел од ракометната игра, "клавањето голови" не ни оди. И голмани им разбрануваме на екипите и стативи и пречки искршивме (сигурно преку 10 на овие 4 посериозни средби). Згора на тоа, на голманската позиција сме послаби од сите посериозни екипи на шампионатот/турнирот. Кизиќ е одличен за возраста, но е реално многу помлад од конкуренцијата, а Петковски е далеку од сериозно решение за вакво натпреварување (дај боже да ме демантира во финалето, макар што јас би го стартувал Кизиќ секако).

Не сум многу оптимист за финалето, но не е невозможно да успееме. Белорусите се доста добри, но не се ни непобедливи (како така истите тие белоруси изгубија 7 разлика од Фарски Острови во последниот натпревар во групната фаза, иако е можно да имало мало "попуштање" на тој натпревар).

Од тактички аспект интересни беа и двете полуфиналиња. Очигледно скаутирале добро сите тренери. Швајцарија ние ја решивме со агресивната 5-1/3-2-1 одбрана во првите 10-15 минути, по што Швајцарците беа приморани да играат 7-6 за да се стабилизираат. Така и се вратија во игра и реално горе долу нерешено игравме ние до крајот на натпреварот. Сосема истото како по книга се случи и на мечот Белорусија-Швајцарија. На ист начин Белорусите се одлепија и на ист начин Швајцарците се стабилизираа. Голем дел од екипите се мачат со оваа одбрана на шампионатот, и веќе неколку лекот го бараат во 7-6 офанзивата со која практично те тераат да се вратиш на каква таква 6-0 одбрана. Мечот Македонија-Швајцарија очигледно бил пример и за Фарските острови, бидејќи тие скоро од старт (по 3-4 минути) свртија на 7-6 напад и тоа ги држеше во игра. Во тие неколку наврати кога беа 6-6 (без разлика дали заради тактичка определба или заради исклучување) имаа големи проблеми со нападот, дури и кога нашите се подзабораваа да излезат и остануваа на 6-0. Инаку Фарските острови па и Швајцарија покажаа знаење како да играат 7-6 за разлика од други екипи. Впрочем така и Фараните ја тепаа Белорусија, 7-6 против исутрената Белоруска одбрана, многу слично како со нас.

Се на се добра тактичка припрема пред финалето. Белорусите се исклучително шутерска екипа, физички можеби најкорпулентни. За нивната офанзива веројатно најблизок пример ни е мечот со Украина, макар што Белорусите се доста подобри. Дефанзивно играат многу слично на нас. Очигледно таа длабока зона која се менуваше 3-2-1 и 5-1 со доста длабоки излегувања, вроди со плод на шампионатот - двете квалитетни екипи кои ја играа се во финале. Интересно е дека Швајцарците на момент им вратија со 5-1 одбрана која мислам дека успеваше - имаа Белорусите проблеми со таа одбрана. Од друга страна ниту ние ниту Белорусите не покажавме ни желба ни способност за игра 7-6 во напад - што остава многу простор и дилеми за како би се одвивало финалето. Доста слични екипи се судираат и по предности и по слабости со таа разлика што Белорусите се шутери а нашите се повеќе дуел играчи и игра со пикер.

Се на се, заради склопот на типот на екипи но и менталниот притисок, лесно може да се случи во финалето да има потоп на едната или на другата страна. И двете екипи играат брзо, со одбрани кои може да предизвикаат грешки. Но може да се случи да гледаме и доста тврд натпревар со малку голови бидејќи нема да ме чуди и двете екипи да имаат доста проблеми со противничката одбрана. Клучни играчи кај нас мислам ќе бидат најискусните, Танкоски, Арсеновски и Јагуриновски. Ќе има простор за влезови и за игра со пикер, и тоа ќе мора да дојде до израз, ако сакаме резултат.

Според прикажаното, шансите се некаде 70-30 на страна на Белорусија, но ќе видиме како и едните и другите ќе реагираат на публиката (како и во колкав број ќе ја има, сепак е ова финале).
 
Ќе го пренесува некоја од нашите легендарни ТВ станици финалето или потешко?:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom