И
Име И Презиме
Гостин
Која е процедурата добар мајстор да заработува легални пари на Запад?
Има многу балканци што имаат градежни фирми пр во германија.Едни такви реновираа стан (легално) на мои роднини.Им вадат раб визи (со фирми отворени во германија).Плочкар заработувал 11еу од м2 наместени плочки (ако си најде сам работа).Доколку е преку фирма зависно дали е на % или плата.Но во секој случај со раб време како во Македонија (и саботи) плата им е 2000 еу.
Шофер на камион добива плата 60еу дневно (4ч вози па пауза па пак 4ч вози, викенди не работат.Плата околу 1600 + еу).Мој роднина работи во амазон (со бг пасош) 2000 еу плата + бонуси ако фатиш.Лошо е да си без занат и знаење а и мрзлив.Кога бугариве (добар дел од нив) се копита необрзовани па тераат таму живот.И да разјасниме многу ретки се оние што отишле таму да живеат, повеќето гледаат да фатат некоја пара и да се вратат тука.Нивното мото е прв во село отколку последен во град.
За јазикот да напоменам дека е тешко да најдеш работа ако немаш основни познавања .Но кога си таму и државата помага ако ги знаеш дупките.
Не е идеално но е подобро за заработка ( и живот) од Македонија.Има големи мани пр градинка е по 600 еу месечно.Ако не заработиш ке бидеш на социјала .Животот е тој, суров и безвезе со чудни навики.Јас бев во келн и од 10 дена 10 врнеше.
Има скапи работи но има (за нас) евтини и добри.Кој што бара и очекува од себе и од целта на животот.