Бегство од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Јас прв, и ќе те молам од првиот избегав, а од вториов се плашам да не ме реинкарнираат[DOUBLEPOST=1532780765][/DOUBLEPOST]
Затоа што во Канада можеш само да живееш а не да работиш
Можеш да работиш, ако отидеш преку express entry како skilled worker.
 
Можеш да работиш, ако отидеш преку express entry како skilled worker.

Да таа листата за дефицитарните кадри, но колку време трае процедурата, што е потребно, колкава е веројатноста...
 
Да таа листата за дефицитарните кадри, но колку време трае процедурата, што е потребно, колкава е веројатноста...
Време околу 2 години за да го истераш процесот, потребно да се наоѓаш на листата за дефицитарни кадри и да имаш работен стаж по можност над 3 години во таа струка, англиски високо ниво (иелтс 7,7,7,7 или тоефл 24,24,27,23).
 
Животот дојде значи, али пошто сме неписмени уште не сме сфатиле?

Кога ќе размислам што пишав, а што си заклучил од тоа, можам да го заклучам следново: дека си писмен, ама доволно глуп.
 
Кога ќе размислам што пишав, а што си заклучил од тоа, можам да го заклучам следново: дека си писмен, ама доволно глуп.

Фала на комплиментот, сега стварно се уверив дека сум. Пред тоа во недоумица бев. За у иднина ќе си прашувам вакви бистри луѓе, кои не за џабе се на власт, да не се брукам по форуми, не за друго. И така викаш, а?
Ти со поликлинико нешто у роднинска врска да не си? И он е вака бистар ко тебе.
 
Кина станува новата Америка, но сеуште не е доволно популарна меѓу емигрантите. Со писмото и јазикот што го имаат таму, тешко и дека ќе стане.? :sneaky:
 
Не е чудно што ти недостига минатата власт, со оглед на големото географско познавање. Додуша, ова не е пропуст при незнаење, ова е неписменост.

Со тоа, за тебе може да дојде живот само во услови за живот на неписмени.

Како што беше низ минативе 60тина години на овие простори. А и можно е и да биде и понатаму.
Кај виде дека ми недостига минатата власт?Само ја пофалив новата.
 
Кина станува новата Америка, но сеуште не е доволно популарна меѓу емигрантите. Со писмото и јазикот што го имаат таму, тешко и дека ќе стане.? :sneaky:

Програмер, пријател ми го има кажувано дека кинеските фирми кои имаат отворени односи со клиентелата вработуваат белци со цел да искажат супериорност и да ги сметаат како успешни. Макар што вработувањето на такво лице не е директно рентабилно, сепак влијае врз реномето на компанијата. Особено се барани бели келнери, и често се доплаќа за да бидат услужени од нив[DOUBLEPOST=1532794378][/DOUBLEPOST]
Кај виде дека ми недостига минатата власт?Само ја пофалив новата.

Подобро не ја фали, покакана е, а и темава не е за политика
 
@fatigoova од државиве што ги имаш наброено една што може да ја избегнеш од старт ти е Малта.
Најчесто збиротина на Балкански трулеж и мафија од по Југоисточна Европа, сатница од по 4-5 евра, кирија да делиш со некој по 350тина евра од човек (толку и во Германија ти е), јавен превоз ако живееш во соседното градче ти е дневно по 3-4 евра, храната скапичка, цигарите по 5-6 евра кутија (главен бизнис за шверц на нашиве чергари, покрај брашното). Се на се најлош избор од сите што ги имаш наведено на листата, освен ако амбициите не ти се да влезеш во шверцот на брашно и цигари, е со тоа може да направиш солидни пари, или да те фрлат од некоја карпа, па да прочитаме дека си се лизнал дури си се шетал со женската или со кучето.
 
Кај замина бе, бев во Малта искрено не ми се допадна ич, искрено јас ја преферирам Холандија, но заебано е што за вработување ти следи и џабалак пробна работа, и обично лопатар или метлар. Знам дека кранистите се добро платени во Ротердам.
Инаку ја погоди намената за темата, а не како некои кои како да треба да добијат мензис
 
Знам дека кранистите се добро платени во Ротердам.
Кранистите се добро платени и во Македонија. Ако 60-70.000ден. нето плата е малку онда идете бидете кранисти во Зап. Европа.
 
Кранистите се добро платени и во Македонија. Ако 60-70.000ден. нето плата е малку онда идете бидете кранисти во Зап. Европа.
Жити све, кај се платени? Случајно познавам еден кранист во РЕК Битола, работи во смени со стаж и се најмногу зел 42000, во Скопје во приватна градежна фирма со 12 h, дневница им е 2000. Дигалка да изнајмиш просечно е 100€ часот... го цитирам кили
 
Оди во Синохирдо. На патон Кичево-Охрид им треба краниста ама краниста, не некој што знае да крева и спушта корпа на Катерпилар па мисли така ќе му дадат опрема од илјадници евра.
 
Оди во Синохирдо. На патон Кичево-Охрид им треба краниста ама краниста, не некој што знае да крева и спушта корпа на Катерпилар па мисли така ќе му дадат опрема од илјадници евра.
Хахахха, батец газдите кај нас намерно велат дека работниците не ги бива, за да не им платат. Се изгорев со предходните, а сегашниве ме дотепаа
 
Има повеќе начини, првиот пат кога бев во Минхен, бев нешто над два месеци, не најдов работа, преживував преку рециклирање, немав пасош, а без тоа не можев да најдам работа.
Следниот пат, пред да почнам да возам ја проверував листата на дефицитарните кадри, пак ништо.
Со пасошот може да се бара лесно,но не ја знам процедурата

Со eу пасош e лeсно ама со МК пасош многу тeшко,освeн со работна дозвола
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom