Одговорот сам си го дал во репликата на мојот пост. Кај нас 90% од фирмите се мали и средни претпријатија. Има компании кои што можат комотно да исплаќаат и повеќе од минималец, никој не може да ги натера да плаќаат повеќе од проста причина што: во услови кога имаш над 20% невработеност газдата практично те поседува. Миграцијата од едно на друго работно место е практично оневозможена.
Зошто? Затоа што и кај другиот газда платата е толку. Пример ти се конфекциите во државава.
За повисоки плати треба реален економски раст во сите сектори и драстично намалување на невработеноста паралелно со растот.
Друга работа. Бројот на квалитетен високообразован кадар кој што треба да прави разлика во висината на платите и да биде носител на растот е скоро непостоечки. Едно заради неадаптираните со потребите на економијата и крајно неквалитетни образовни програми, друго; заради масовниот одлив на таков кадар надвор од државата.
Самиот велиш дека во државава нема производство. Како очекуваш во едни такви услови раст на просечната плата од 500 евра? Нели е тоа малку контрадикторно?
Делот за регулативите е океј. Меѓутоа заборавате дека за старт на бизнис треба: капитал, образована работна сила и добри закони. Ние немаме ништо од тоа.
Лошите закони и регулативи и селективното спроведување на истите се најголем проблем.
Дали знаеш дека во мк сега е скоро невозможно да се започне со било каков бизнис, поготово ако е од реален сектор и производство ?
предходната влада изминатите 11 години има донесено толку лоши закони ( кој што се разбира нивните не мораа да ги почитуваат пошто секое идење на инспекција беше, абе остај го него тој е наш ) за штитење на бизнис интереси да е тоа просто чудесија.
Закони и нормативи кој што се предвидени во земјите членки на еу да стапат на сила во 2045 они ги лупнаа да важат сам старт,свесно и знаејки што прават со тоа.
Знаеш ли колку микро компании се затворија со законот дека фирма не може да биде регистрирана на домашна адреса и дека секоја фирма мора да поседува магацински простор или да го изнајмува истиот ?
Дали си свесен дека со донесување на закони кој што штитеа одредени импротери буквално одредени производствени гранки се тотално блокирани и не можат легално да работат и произведуваат во мк ?
Точно е дека квалитетните избегаа, ама не и сите образувани избегаа некој и да сакаат не можат да избегаат пошто образованието им е неупотребливо ни тука ни во странство. Избегаа, електричари, тесари, ѕидари, шофери, за лекари да не правиме муабет.
Не е баш така дека невработеноста е голема посебно во реалниот сектор, ене ги мака мачат да најдат работници, арно ама платите никако да ги покачат. Имам пријател кој што работи со инокс му избегаа заварувачите сега носи мајстори од србија и ги плаќа по 40 000 реално таа работа на запад е 1500 2000 евра платена. Каде е проблемот, проблемот е во менталитетот кај таканаречениот македонски бизнисмен, тој со 5 мајстори и еден инжињер за 7 години купи три стана во скопје за децата, вози кола од 50 000 еу има куќа во грција, додека мајсториве негови крпареа од месец за месец колку сметки да платат и да се прехранат. Сфатија луѓево дека транзицијата помина и не е само снајди се па можеби ќе биде подобро, сфатија дека ако работиш треба и да заработиш а не само да преживуваш за да правиш некому профит, затоа и се исели цела источна македонија, затоа и се испразнија помалите градчиња низ мк.
Додека не се смени менталитетот и да почне да се почитуваат основните работнички и човекови права мк ќе тоне надоле.
Истиот тој мој пријател, пред неколку години викаше зашто да ги плаќам повеќе кога мајстори има со к да ги ринеш, сега дојде време да имаш газди без работници со к да ги ринеш.
Делот за старт ап компаниите , низ речиси цела европска унија новите компании првите неколку години се ослободени од давачки. Има строги регулативи кој што мора да се почитуваат, но се знае каква е регулативата за нано, микро и големи компании.
Не овде на дуќанче од 5 квадрати му бара 30 елаборати и хтп исто како на фирма со 50/100 1000 вработени.
За некој што прави милиони евра годишно и за некој кој што прави 10 до 15 000 евра казната од 5000 евра е иста. Исти услови исти барања, и тоа напоменав зошто е тоа така, предходната влада која што нашиба копи пасте администрација која што само прапишуваше закони од еу без да обратат внимание за кого и како важат истите, но во поголемиот дел свесно се правеше тоа за да се заштитат бизнис групации.
Знаеш ли дека низ цела унија, секој кој што дома во подрум произведува вино може уредно да го флашира, обележи со потекло и степен алкохол проследено со анализа да го продава истото во маркети и угостителски објекти ?
Овде за да продаваш вино треба да имаш вработено енолог, посебни објекти, хтп документација и хасап спроведено, еднорог и џиновскиот пајак од хари потер да плете мрежа во визбата.