Камера во кола?

Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
Здраво на сите!
Еве една интересна тема и воедно прашање.
Лани доживеав мала сообраќајка, фала му на господ ништо по сериозно, поминав со 100тина евра штета и европски договор. Од таму ја отворам темава затоа што во тие моменти на паника никако неможам да го вратам филмот како се случи и дали бев јас стварно виновен. Имам бледа меморија дека на самата раскрсница на која вртев имаше паркирано возило, (или можеби и тоа вртеше во истата дирекција во која што се движев јас), и во моментов кога ја прегазив испрекинатата линија со полно извртен волан пред мене се појави возило кое што се движеше со огромна брзина и проба да ме избегни, со тоа што заврши со двете тркала на тротоар (во моментот кога сврти контра на волан за да не се удри во ѕид, се удри во мојата предница), најмалку 10метри од местото на ударот. Е сега, проблемот е тоа што никако неможам да се сетам како не успеав да го видам, доколку сите се движеле прописно, дали причината беше тоа што можеби го пристигнуваше возилото кое што (можеби) беше паркирано пред самата раскрсница што би било апсолутно илегално и тн. Како и да е поминавме лесно и двајцата, но ден денес ме мачи тоа, дали навистина јас бев виновен и неуспешно пробувам да си го вратам филмот. И еве случајно денеска налетувам на оглас за камера во кола и се решив да ја купам (1500ден. од нептун, доколку ве интересираат искуство и спецификации прашајте слободно).
Доколку лани ја имав камерата се ќе беше јасно и едноставно. Но прашањето е прво дали камерите во коли кај нас се легални и второ дали се признаваат како важечки доказ, на суд, во осигурителна компанија и тн.
По долга потрага на google, неможев да најдам ништо поврзано со ова, но налетав на интересни информации во Европа. Како на пр: користење на ваква камера во австрија резултира со казна од 10.000евра?? Имаше дискусија и не успеав да сфатам дали казна добиваш со самото тоа што ја имаш монтирано камерата или само доколку објавиш снимка, јавно. Доколку јас се прашувам камерите би требало да бидат опционални (не задолжителни бидеќи не секој можи да си дозволи, макар што 25евра за ваква работа се ништо), и би требало да бидат валидни докази. Има некој искуство или информации во врска со ова?
 
Член од
2 јули 2017
Мислења
18
Поени од реакции
3
Снимај што сакаш и колку сакаш. Само не го објавувај тоа нигде без нивна дозвола.

ПС: законите ни се од 1940
 
Последно уредено:

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Се што снимаш во Македонија моментално е само за твоја лична сатисфакција и твоја е сопственост но не може да го споделуваш јавно а на суд не е никаков доказ, односно не е признат. Со други зборови ако макар и еден сведок каже поинаку од тоа што навистина се случило а ти имаш снимка за истото ќе му веруваат нему а твојата снимка е невалидна. Закон против поседување камера нема но нема ни закон кој ја одобрува така да се снимено еве во случајов што си го доживеал ќе било само ти да си знаеш дека си можеби во право а реалната ситуација со казната и европскиот пак ќе биле исто. Знам во русија дека не може да регистрираш возило ако немаш камера внатре исто мислам за јапонија или некаде таму јужна кореа беше. Ова кај нас кога ќе дојди дали во овој век или нареден може само да претпоставуваме...
 
Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
Снимај што сакаш и колку сакаш. Само не го објавувај тоа нигде без нивна дозвола.

ПС: законите ни се од 1940
Без дозвола на кого? Чист пример пред 3 дена на плетвар за малку ќе ме смачкаше шлепер затоа што пристигнуваше друг шлепер на пат со две ленти и кога виде дека нема да успее, закочи нагло и приколката му излизга, па дури да се стабилизира јас скоро дојдов до него. Да ја имав снимката, не би смеел јавно да ја објавам? Иако не се гледаат или ги цензурирам рег. таблиц?
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Без дозвола на кого? Чист пример пред 3 дена на плетвар за малку ќе ме смачкаше шлепер затоа што пристигнуваше друг шлепер на пат со две ленти и кога виде дека нема да успее, закочи нагло и приколката му излизга, па дури да се стабилизира јас скоро дојдов до него. Да ја имав снимката, не би смеел јавно да ја објавам? Иако не се гледаат или ги цензурирам рег. таблиц?
Види, ти можи да објавиш што сакаш и кај сакаш работата е што за нешто од тоа ако некој најде правен основ дека не смеело да биде објавено може да те тужи. Ова најмногу важи за службени возила од тип полиција/војска што е казниво до немајкаде, работата е што може и да не ти пуштат пријава но ако некому му падниш во очи го јаде... Исто и по закон за заштита на приватноста (таблици, малолетни лица на снимки, снимки во приватен простор...) но тоа мислам не оди по службена должност така да треба „повредениот“ да поднеси пријава и ако има основ за истата паѓаш на суд 100%.
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
исто имав мала сообракајка (нешто околу 300 евра), тој што ме удри беше крив ама не сакаше да ја призна вината и викаше дека јас сум крив и ако неговото возило стоеше мегу ленти :), е таков човек се погоди. Верувам и да му покажав на видео пак ке викаше дека не е крив :LOL:.

Сепак мислам е добра работа да се има камера во кола и јас планирам да си ставам. Чисто за такви случаи или кој знае што може да ти се случи на пат.
За правно не би верувал на некој одговори овде на форумов и најдобро би се распрашал у самата полиција, ако ке се распрашаш пиши овде оти и јас си мислам да си купам камера.
Незнам колку на суд ке ти помогне видео снимката, ама мислам има иста сила како и обична снимка од мобилен телефон, безбедносна камера и слично оти не гледам разлика. Ако не ти ја признат на суд ке можеш да пробаш да ја пратиш на вести, да кренеш галама околу случајот ами и сама таа снимка ке делува малце психолошки на опонентот, ке го спушти на земја.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
на суд видео снимка се зема во предвид како доказ, ако камерата е поставена и купена од овластена фирма која што се занимава со таа работа, а не се признава како доказ видео снимка каде што некој сам си поставил камера...друго според мене лично мое мислење треба да се донесе закон каде што нема да може да се регистрира колата ако нема поставена камера од овластена фирма, со што ке се олесни побргу решавање на сообраќајните прекршоци без многу цепидлачење...
 
Член од
16 март 2017
Мислења
12
Поени од реакции
20
на суд видео снимка се зема во предвид како доказ, ако камерата е поставена и купена од овластена фирма која што се занимава со таа работа, а не се признава како доказ видео снимка каде што некој сам си поставил камера...друго според мене лично мое мислење треба да се донесе закон каде што нема да може да се регистрира колата ако нема поставена камера од овластена фирма, со што ке се олесни побргу решавање на сообраќајните прекршоци без многу цепидлачење...
Баш така треба да се донесе закон, ама камерите од овластени фирми се малку соленки :) - и плус ако бидне таков закон ќе ги посолат уште толку, сепак ова е Македонија :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Баш така треба да се донесе закон, ама камерите од овластени фирми се малку соленки :) - и плус ако бидне таков закон ќе ги посолат уште толку, сепак ова е Македонија :)
јбг, али тогаш си сигурен неможе некој што туку запослен џандар да те шиканира затоа што му било досадно на улица.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Одамна имам монтажна камера поточно стар мобилен со мемориска од 32гб во автомобил и имам јутубе профил на кој ги објавувам сообраќајните прекршоци на сите учесници во сообраќајот.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
400 евра казна за незаконско снимање од автомобил

Освен парична казна, „снимателот“ ќе заработи и кривична пријава за незаконско снимање поднесена од секој поединец, чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал, а е прибавен со било каков вид камера инсталирана во автомобил, а возилото не е на МВР. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
"Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирани видео камера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија како и секаде во ЕУ, снимањето на личните податоци и идентитетот на граѓаните на јавно место е забрането и казниво."

Овие камери, ако не се лажам, не праат видео запис, туку директно ја пренесуваат сликата од подобра позиција на централниот дисплеј. Некој е опасно ретардиран, или новинаров или законот.
Во секој случај, дебилно....лиценцирана фирма јеботе. Само се измислуваат давачки за да се излеат некои пари кај некого.
Инаку еден пријател, пред неколку години, си го сними лоповот дома, а од полиција не му ја уважија снимката, дури и доби закана дека може да го казнат за тоа (ама ај да не го јадел стапот два пати)....
Не може да е позатуцана државава, не знам со кој памет Европа ќе не прима и со кој памет си мисли дека името е проблемот.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Закониве ни се незнам како да ги наречам... дали да се смееш, дали да плачеш :/

Во Русија е секаде дозволено снимање на јавно место и тоа можеш и полицијата како пишува казни и све да снимаш.

И јас имав ваков план за камера у кола, но џабе... и сами веќе рековте како стојат работиве овде. И затоа се откажав, само проблеми ќе си направиш ако те застане полиција и ја виде камерата. А казниве доста соленки, 400 евра.

Сепак, видео запис си е видео запис... подобар доказ од тоа нема, нека биде казниво ако објавуваш јавно.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Поглуп закон од овој не постои. Задна камера за рикверц е забрането според законов. Безбедност во сообраќај не им е важна, поважна им е некаква приватност, лични податоци им е поважно?
Идиоти носат закони.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom