- Член од
- 16 март 2017
- Мислења
- 12
- Поени од реакции
- 20
Здраво на сите!
Еве една интересна тема и воедно прашање.
Лани доживеав мала сообраќајка, фала му на господ ништо по сериозно, поминав со 100тина евра штета и европски договор. Од таму ја отворам темава затоа што во тие моменти на паника никако неможам да го вратам филмот како се случи и дали бев јас стварно виновен. Имам бледа меморија дека на самата раскрсница на која вртев имаше паркирано возило, (или можеби и тоа вртеше во истата дирекција во која што се движев јас), и во моментов кога ја прегазив испрекинатата линија со полно извртен волан пред мене се појави возило кое што се движеше со огромна брзина и проба да ме избегни, со тоа што заврши со двете тркала на тротоар (во моментот кога сврти контра на волан за да не се удри во ѕид, се удри во мојата предница), најмалку 10метри од местото на ударот. Е сега, проблемот е тоа што никако неможам да се сетам како не успеав да го видам, доколку сите се движеле прописно, дали причината беше тоа што можеби го пристигнуваше возилото кое што (можеби) беше паркирано пред самата раскрсница што би било апсолутно илегално и тн. Како и да е поминавме лесно и двајцата, но ден денес ме мачи тоа, дали навистина јас бев виновен и неуспешно пробувам да си го вратам филмот. И еве случајно денеска налетувам на оглас за камера во кола и се решив да ја купам (1500ден. од нептун, доколку ве интересираат искуство и спецификации прашајте слободно).
Доколку лани ја имав камерата се ќе беше јасно и едноставно. Но прашањето е прво дали камерите во коли кај нас се легални и второ дали се признаваат како важечки доказ, на суд, во осигурителна компанија и тн.
По долга потрага на google, неможев да најдам ништо поврзано со ова, но налетав на интересни информации во Европа. Како на пр: користење на ваква камера во австрија резултира со казна од 10.000евра?? Имаше дискусија и не успеав да сфатам дали казна добиваш со самото тоа што ја имаш монтирано камерата или само доколку објавиш снимка, јавно. Доколку јас се прашувам камерите би требало да бидат опционални (не задолжителни бидеќи не секој можи да си дозволи, макар што 25евра за ваква работа се ништо), и би требало да бидат валидни докази. Има некој искуство или информации во врска со ова?