повеќето постови што лани ова време ти ги пишав, ги избришав но се сеќавам на сите до еден...и скоро секогаш велев дека за тебе би направила се...а сега, после толку време, се навраќам на минатото и единствено што гледам е девојка што сонува и само сонува за тој ден кога ќе те има во прегратки...постојано, верувај ми, постојано, секој ден се трудев да бидам таква каква што ти би сакал да бидам, но сепак, и покрај толку труд, толку желба и надеж, не успеав...можеби делумно, но не целосно, не доволно...не се обвинувам себеси, не те обвинувам ни тебе...знам дека така требаше да биде, дека од сето тоа што се случи и што се случува треба да научам не нешто, туку многу , безброј нешта...а ако ме прашаш кои се тие, не би знаела од кај да почнам...можеби од тоа дека станав свесна која сум јас и дека не сум тоа што сакам да бидам...сега, признавам, се чувствувам фрустрирано, поради мојот неуспех, поради сите пропаднати сонови...а оваа фрустрираност ми влијаеше многу лошо...зборувам во минато време иако сеуште сум таква...но знам дека ми поминува, мора да помине...сфатив дека не можам да живеам така, дека животот не пропаѓа, дека пак ќе ми даде шанса...секој нов ден е шанса што треба да ја искористам, да не ја пропуштам...можеби ќе паднам пак, но исто како порано, пак ќе станам...но не смеам да дозволам пак да паднам, не смеам зашто времето тече брзо и не се враќа...
и сега се запрашувам, дали те излажав, дали беше лага тоа дека се ќе направам за тебе...од една страна, не беше лага, навистина пробав се, но не беше моја вина што не успеав...од друга страна, не направив се, зашто не можев...а најмногу ме фрустрира тоа што мислам дека никогаш нема ни да можам...секогаш ќе се повикувам на надежта, на вербата а дали ќе успеам...останува времето да покаже...
сега повторно чувствувам потреба да ти ги кажам тие топли, најтопли зборови што само тебе ти ги имам кажано, само за тебе почувствувано, само за тебе и никој друг...
те сакам...