Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Море како се заебаа Реал Мадрид што лани не го купија Мбапе..можеби освоја ЛШ но на подолг рок ќе се исплатеше на секаков можен начин,сега оди нека се разберат со Арапот кога ќе му побара еден трилион за него ...не е работата дека со купувањето на Хазард ќе се решат проблемите..на Реал Мадрид му е потребен тежок ремонт моментално бидејќи играчите се повеќе од заситени и ребилдингот мораше да го почнат уште лани со носење на Мбапе за сметка на Мората и Џејмс и полека ќе се вклопваше во екипата...вака ќе имаат само панични купувања без некаков ефект и краторочни решенија...па и најдоа од голманот да го прават ремонтот:facepalm:..а Навас заедно со Марсело се најконстантни во екипата.
 
Многу ми е јако ова како се лажете дека тоа што Реал во последните преодни рокови не потрошил многу пари било заради тоа што сте ја смениле стратегијата. :D
Финтата е дека претходните засилувања почнаа да даваат резултати во ЛШ. Реал освои 3 ЛШ не затоа што малку троши сега, туку заради тоа што многу трошел претходно.

Значи, да не ви се поклопеа коцките и да немавте таков успех во ЛШ, ќе се видеше дали сте ја смениле стратегијата или ќе лупневте една милијарда на нови засилувања. :icon_mrgr:

Има уште време и до крајот на овој траснфер период, можно е пак да ја "сменат стратегијата" односно да се вратат на старата. :D

Епа на среќа, вака-така ни се поклопија коцките 3 по ред ЛШ :D
Камо уште 3 така ...

п.с. немој не не персонализирај со Реал вака, селскиот STEALTH vol.2- ставре што располага со 2000 евра дневно ќе те искара :lolzz:
 
Море како се заебаа Реал Мадрид што лани не го купија Мбапе..можеби освоја ЛШ но на подолг рок ќе се исплатеше на секаков можен начин,сега оди нека се разберат со Арапот кога ќе му побара еден трилион за него ...не е работата дека со купувањето на Хазард ќе се решат проблемите..на Реал Мадрид му е потребен тежок ремонт моментално бидејќи играчите се повеќе од заситени и ребилдингот мораше да го почнат уште лани со носење на Мбапе за сметка на Мората и Џејмс и полека ќе се вклопваше во екипата...вака ќе имаат само панични купувања без некаков ефект и краторочни решенија...па и најдоа од голманот да го прават ремонтот:facepalm:..а Навас заедно со Марсело се најконстантни во екипата.
Џони брат сеа овој акаунт ти е за у фан клуб Интер, додека со Чолизмо си за Атлетико?
 
Нека се прекрстат во Португалија овие. Мендеш не знам како уште Роналдо не го однесе таму.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Сигурно нема да излезе да каже дека сака да го продаде, со оглед дека е убедливо најомилениот играч на фановите.
Не вика Жозе, туку блиски новинари од Телеграф

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
:pos:
75df292dcec2116e1d9dedc96577fbb4.jpg
 
Се смениле времињата....
Коа ќе лупнат летово 400милиони нови табели ќе се бараат :icon_lol:

Па се сменија.

Времето каде се лупаа огромни суми без размислување и реална потреба е моментално зад Реал. Дали повторно ќе почнат да лупаат такви суми? Веројатно, еве наговестуваат со купување на 50 милионски таленти од Бразил и давање 30 милиона за резерва, пак.

Но минавме период од неколку сезони каде тоа го немаше и се одеше на друг пристап. Секоја ера си има почеток и крај, така ќе има и оваа на Реал каде направи трипит со тим составен од дисконтни цени. И Јунајтед лупна за тогаш на времето ненормални цени за Фердинанд и Верон па после остана запаметена генерацијата на Фергусон која ја изгради со минимално трошење. И Барса некад се ослонуваше на школата па сеа трошат ко луди. Секоја ера си има крај, па така ќе дојде крај и на ерата на неосвојувањето ПЛ од Ливерпул, некад...

И најјак аргумент зошто не трошеле е дека им „се поклопиле коцките“.

Топ, одсеа за секој успех на некој клуб може да се употребува тоа, им се поклопија коцките не беа тоа плански носени одлуки туку ете играа Не лути се и коцките се поклопија. (y)
 
Тоа со поклопување на коцките, може да се каже за сезоната кога Лестер освои.. А за Реал тоа да се каже е пресмешно.. Дечките изгазија 3 години по ред, има нешто, не е до коцките..
 
Али стварно, не контам ќе пишеш нешо така дебилно у најмала рука и ќе ти нашибаат лајка безвеза, чисто ради шо било антиРеал пост....

Или некој квази-паметњакович шо дудла на триста теми од предвидувањата на Баба Ванѓа до дневна политика. Ќе дое на темава ќе истресе нешо зелено, а најтрагично е шо си мисли пишал нешо паметно.. :D, ко тоа батето од Битоља "парајлијата", неќни :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom