Нов тендер, МЕПСО има потреба од мебел за 350 илјади евра
Мебел, кујни, гарнитури, столчиња, гардеробери, полици... треба да набави АД МЕПСО. Тендерот во кој главниот криетериум е најниската цена е веќе објавен на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки. Вредноста на тендерот без ДДВ е 21.525.000 денари или повеќе од 350 илјади евра.
Во тендерот пишува дека набавката на кујните предвидува изработка, транспорт и монтажа.
Во техничката спецификација пишува дека ергономските, огноотпорни и тапацирани со телешка кожа столчиња се за раководните лица. Освен тоа, овие столчиња треба да имаат висок потпирач за грб и со антишок функција.
Телешка кожа, антишок функција.. За три врби 250 000 евра, за фотели 350 000, а народот коска и кожа. Ѓубриња марионетски, а вие пак сдс, дпне.
https://makfax.com.mk/makedonija/мепсо-објави-тендер-од-350-илјади-евра-ќе/