Дојран

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување
800, 1000, 1200, 1500 денари од вечер.
Имаш некое бројче да ми дадеш да свртам за апартмани да видам за 2ца за 4ца незнам уште али онака да видам да разгледам да прашам
 
продавам две автобуски карти (повратни ск-дојран-ск) за во петок од 14.00 цена 1200
 
Дали некој има правено диво кампување во стар Дојран? Некаде над населбите, во шумата..? И дали мислите дека е изводливо? Зборам за хардкор кампинг... Цело време оган да има, со шатор, итн.
 
Дали некој има правено диво кампување во стар Дојран? Некаде над населбите, во шумата..? И дали мислите дека е изводливо? Зборам за хардкор кампинг... Цело време оган да има, со шатор, итн.
Ти си тежок пироман .. Сакаш да го снема Дојран од мапата
 
Ти си тежок пироман .. Сакаш да го снема Дојран од мапата

Хахаха.. ме погоди. :)) Затоа прашувам дали е изводливо ..... + ако праам оган ќе направам да биде безбедно скроз.
 
Во Дојран е убаво ама не ми се свиѓа езерото,има многу трски,треви,алги,зелени работи
 
Здраво дечки,

Би сакал да ве прашам дали го знаете името на апартманот што е веднаш на самата автобуска станица?
Сопственикот беше стар човек по име Кољо но не можам да го најдам на оглас а немам телефонски број...

Ви Благодарам
 
ice_screenshot_20200417-202330.png

... градоначалникот Илија Ј. го гледам (со гримаса) вели „да не вознемирувате прилепчани, тоа беа постари пациенти позитивни на коронавируси, на 67 годишна возраст“ ? :eek:аууу бре градоЧелниче, па тие не се луѓе? отпишаните се или што? инаку, на која возраст сте вие ?
П.С.
... не ја носи така заштитната маска под брада како јапонско знаме, ебаго! :facepalm:
 
Прегледај го приврзокот 245339

Дојран си го направивте Прилеп. :pos:
Скопје ние не го даваме.
 
Годинава пред се поради желба да се види и тој дел од земјата, а и поради неможноста да се оди негде надвор на одмор, се одлучив за Дојран.

Некој да посетил скоро, препораки и слично? Плажа да се посети, како е водата?
 
Бев по риба минатата недела, кејот на неколку места е под вода, ама направиле патека да се поминува, иако не изгледа убаво, плажи во Стар Дојран се Градската и ја средува на Фук Так, чистеа и дел во водата од трска и трави.
Водата си е иста, али во село Николич ти е најбистра и најдобра за капење.
Ако имаш уште некој прашања пиши слободно.
 
Значи за пливање во Николич :) Ме интересираше и дали има уште нешто што би можело да се посети? Знам Смоларски водопади се блиску, па планирам еден ден и за таму.
 
Значи за пливање во Николич :) Ме интересираше и дали има уште нешто што би можело да се посети? Знам Смоларски водопади се блиску, па планирам еден ден и за таму.
Тоа ти е одлична идеја, Смоларски и Колешински водопади и секако самата планина Беласица, по пат од Струмица кон Дојран имаше добар ресторан од лева страна, ресторанот на самите водопади не ми оставија добар впечаток, кога сте веќе таму прошетајте си и низ Струмица, убав град ви е.

Во Стар Дојран имаш стара сат кула, која така стои заборавена од времето и амам стара бања од турско време која и не е баш во добра состојба.
Добри ресторани ти се Фук Так и Гранико(има и прекрасен поглед) ако одиш обавезно пробај од дојрански крап, млечка или плескавица од икра, ако си со деца хотелот Романтик ти е одлична идеја имаат се што ви треба.
Друго што можеш моментално да посетиш во Дојран, куќата на Дојрана(на влезот на улицата што оди кон кампот Партизан, од десна страна) езерскиот музеј сместен во просториите на локалната самоуправа, обавезно станувајте рано наутро на изгрејсонце, преубаво е, а и дојранчани веруваат дека испраувањето на водата рано наутро има големи здравствени придобивки.

И да, не очекувај премногу.. и тоа што го има е не функционално барем за сега.
Се надевам добро ќе си го искомбинирате одморот и убаво ќе поминете.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom