Потврдено е досега неколку пати, играчи што ги шетаат ваму таму на позајмици, немаат иднина во клубот и прашање на време е кој ќе ги купи перманентно. Не знам со кој тим планираат да го нападнат Сити и достојно да се претстават во ЛШ?! Со застарените Јанг, Мата, Матиќ, Валенсија? Просеците Ерера, Лингард, Фелаини, Линделоф и Смолинг? Со нестабилните Рашфорд, Марсијал, Санчез и Шо? Тимов е супер ако цел ти е мин. 4-то место. Ако нешто може да се издвои тоа се по еден од сите позиции, Де Геа, Баји, Погба и Лукаку. Али со 4ца не се тера цела сезона, ќе клапнат. треба план Б и план Ц ако сакаме нешто да освоиме, ако не, нека кажат јавно, дечки вака и вака, амбициите ни се скромни, пласман во ЛШ, па друго ако даде господ, не очекувајте многу. Барем да не очекуваме брда и долини и да не се нервираме кога ќе губат бодови со Волфс, Хадерсфилд, Брајтон и остали...