Комично е тоа што целиов пост ти е игнорантност, незнаење и лесна подложност на неуверливи, неповрзани и недокажани глупости.
Не може така да симплифицираш вакви комплицирани и сиви работи.
Врз основа на какви опсервации, заклучи дека интелигентните луѓе не веруваат? Дали уопште разбираш што значи терминот „верување“? Ова што го пиша е буквално твое верување за тоа што е „еден интелигентен човек“ што самото по себе е глупо, земено дека е точно (тука влагаш у парадокс). Многу милитантни атеисти, посебно тие што се тенки со критичко размислување, не разбираат дека има различни типови на „верници“. Повеќето истражувања покажуваат дека колку е некој попаметен, толку боље ќе си го брани ставот, ама нема да е помалку склон кон верување во „баснословни глупости“. Колку некој верува во баснословни глупости, е нешто поврзано со критичко размислување, а не со нечив интелектуален капацитет. Џордан Питерсон е сто пути попаметен од мене и тебе заедно, обучен за критичко размислување - и ете го, мисли дека змиите се ДНК хеликс. Од друга страна, не секој верник е бабата у село што чека дедо госпо да моча, за да падне дожд и да пораснат патлиџаните. Има подлабоки филозофски дискусии поврзани со теизмот. Многу често, неуки и хард кор милитантни атеисти, благе везе немаат нит од филозофија, филозофија на религија, психологија и/или критичко размислување, па кога влагаат у вакви теми, им изгледаат комично на повеќето што имаат подлабоки разбирања за вакви теми. Нешто слично на
@staycalm у политика.
Ова е игнорантно само по себе. Ти не знаеш горенаведените дали ме замајале со некаков интелект, моментален блесок на познавање само од една област, што кажале и што тоа кажува. Глупо е да извлекуваш заклучоци, без опсервирање, анализирање и размислување. Еве,
@Sussaro @Тапетарот Петар и
@Beric Dondarrion се верници. Сите тројца според напишаното на форум и тоа што го знаат и кажуваат у живо, се покажале како поедуцирани од тебе за различни теми, а ти хард кор милитантен атеист што до сеа има истресено многу глупости, на многу теми, поради слабо критичко размислување.
Како е тоа возможно?
Е, глеаш, а јас па имам впечаток дека ти коментираш од позицијата на бабата што ја опиша главом и брадом.
Јас со Берик на пример може за многу работи да се согласам и исто за многу работи да се отераме у к***ц.
Од каде ти имаш претстава каков став имам јас за религијата, па уше милитантен ме нарекуваш?
По тоа како разговарам со М'ќи? М'ќи е психијатриски случај, кој заради слобода на говор и вероисповед е толериран од страна на модераторот, инаку кон дискусиите придонесува колку мртов гулаб отприлика, може и помалку од тоа.
Ти пишав и во првиот пост - све што тебе лично ти е во недофатлива зона, интелектуално, интересно, не значи дека некој пред тебе не ја систематизирал и проучил. И јас не сум се качил на Монт Еверест, па не јадам трици дека тој не постои или дека никој не може да се качи.
Јас имам пишувано и порано. Тоа што религијата своевремено била поттик да се развива култура во пишана форма, музика, сликарство, архитектура, скулптура би бил луд човек да го презирам и да не го ценам. Тоа што денеска истата е злоупотребена за манипулација на лековерен народ, тоа што генерира судири, омраза (тоа шо М'ќи го пророкуе овде) - тоа е тоа "многу погрешното". Еве види во старт, почнува со тоа како "победил скептици", „уверил неверници“, „ние сме добри, вие сте лоши“ - тоа се методи кои и ден денешен се користат како форма на пропаганда која создава поделби, групи, сегрегација, омраза меѓу истите, гетоизирања, конфликти. Првата опција од вакво однесување е сите да се приклонат кон оваа форма на примитивна заедница - еден владетел, една елита, без обврска да ја оправдува својата елитна позиција во општеството, без потреба да го докажува својот авторитет и едно стадо овци кое нема право на избор, кое треба да чека милостина, кое има чип у главата дека моменталната мизерна состојба и сиромаштија во која живее е избор на нешто надматеријално, некоја виша сила, а не алчноста на луѓе што располагаат со капитал до кој се дочепале на криминален начин и криминално работат за да си го обезбедат. Така се формираат тоталитарни општества кои се идеални за големите колонизаторски сили - менуваат еден, двајца луѓе во државата и со тоа пак ги имаат сите овци под контрола, така систематски превземаат големи бизниси, од фотеља, без многу замарање. Гледаш јас од која позиција коментирам.
Знаеш, мислите дека позади некој аватар и опасен никнејм ќе изградите карактер, а текстовите што ги пишувате ви се на ниво на инфанти. Кај полуинтелектуалците најтешко е да им докажеш дека се тоа. Они не се у жабокречината физички, туку само интелектуално. Ако ти си градел образование од почеток на живот и си го праел тоа за твоја потреба, за твое надоградување, а не за лактање у средината никогаш не би дошол до оваа форма на дискусија. Е со такво лактање, настануваат огромни, ненадоместливи дупки во „знаењето“, кои после мислиш дека можеш да ги пополниш со мистика, религија, учења на егзотични „интелектуалци“ и слично. Многу е заебано сега да седнеш у тие години и да разработуеш од ново, стручна литература, дебели книги за студии, биологија, астрономија, медицина, уметност....полесно е „пушти youtube“, “отвори трендоленд“ и откако „ќе станеш експерт“ - следно ниво „отвори кајгана и распраај се“.
Гледај, темава е за основната книга на која се базира една религија, а вие главните фраери збор не знаете да бекнете за истата. „Имало тајни, ташаци у нејзе, ама ние не сме знаеле да ги читаме и препознаеме“...жити све!? Дека вие „ги читате“ и животите ви се средени и живеете у бесконечен оргазам, а тука се дрпате по форумов ко тетки у климактериум....патетики.
Сите тројца според напишаното на форум и тоа што го знаат и кажуваат у живо, се покажале како поедуцирани од тебе за различни теми, а ти хард кор милитантен атеист што до сеа има истресено многу глупости, на многу теми, поради слабо критичко размислување.
Како е тоа возможно?
А ти од 6 мај годинава успеа да ги прочиташ сите мои глупости и да се сретнеш со тројцава горенаведени и да бидеш импресиониран од нив? Дај, жити све, цитирај ми некој пост, мој, да видам на што мислиш.
Берик на пример има гласано за НГ.....колку и да сме се согласувале за милион работи до сега, тоа не можам да му го опростам