PayPal (официјална тема)

Член од
29 август 2011
Мислења
47
Поени од реакции
22
Ми треба некој да ми извади 4 цифрена сума во долари поделена на повеќе трансакции. Пишете ми ако имате верифициран пејпал. Ќе имам за вадење често и нормално ќе има провизија за вас
ќе ти пишам за скоро (неколку дена), можеби да има шанса да се направи нешто. Се разбира ако најдиш некое друго чаре терај работи. Ако не ќе пробаме со мене да искомбинираме нешто.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
315
Поени од реакции
229
Направив Македонски PayPal акаунт, и сега внесов картичка на него.
Ќе може ли да се подигнува пари од него и дали ке може декој да ми праќа пари на пејпалот?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Направив Македонски PayPal акаунт, и сега внесов картичка на него.
Ќе може ли да се подигнува пари од него и дали ке може декој да ми праќа пари на пејпалот?
Јок, преку македонскиот PayPal може само да се купува, односно само да се праќаат пари, но не може да се продава, односно да се примаат пари.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.382
Поени од реакции
43.194
Направив Македонски PayPal акаунт, и сега внесов картичка на него.
Ќе може ли да се подигнува пари од него и дали ке може декој да ми праќа пари на пејпалот?
Требало да го направиш на словенија со картичка од тутунска
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
И мене таму ми отиде паметот. Прашав да не треба да ја исчекам старата до недела целосно да “згасне“, да влезе новата у оптек и ќе се среди работата?! Тој на шалтерот ме гледаше како теле у шарена врата..
хмм..си немал среќа ..во НЛБ се млади и баш излагаат во пресрет до сега сум немал проблем со нив за разлика од бабите вработени во КМБ :icon_mrgr:

убаво ти одговорија, провери на банкомат која картица ти работи, не можеш со двете да вадиш пари ?!?
ако не ти ја примаат на PayPal, значи не можеш ни во продавница, банкомат, не е активирана уште. ;)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.382
Поени од реакции
43.194
Имам картичка од NLB, и сега може да се регистрирам на словенскиот PayPal со оваа картичка?
Мислам не може, еден пејпал е на една картичка, и пејпал нов и картичка нова изгледа ќе ти треба
 
Член од
5 август 2016
Мислења
315
Поени од реакции
229
Мислам не може, еден пејпал е на една картичка, и пејпал нов и картичка нова изгледа ќе ти треба
Добро имам две картички, него зборот ми беше дали ќе може да се повлекува пари од македонска картичка со словенски пејпал, во Македонија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Добро имам две картички, него зборот ми беше дали ќе може да се повлекува пари од македонска картичка со словенски пејпал, во Македонија.
Да, ќе може, но имаш годишно ограничување од 2.500 евра - или можеби беше 2.000 евра, не ми текнува точно.

Доколку подигнеш повеќе од 2.500 евра (да речеме дека оваа е точната граница), словенечкиот PayPal ќе ти побара да им испратиш дигитална фотокопија од лична карта или возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека имаш словенечко државјанство, а додека не го направиш тоа, нема да можеш повеќе да подигнуваш пари од словенечката PayPal сметка, ќе мораш да чекаш до Нова Година за да можеш повторно да подигнуваш пари, и повторно ќе мораш да подигнеш помалку од 2.500 евра годишно.

И мора картичката која ќе ја внесеш и валидираш на словенечкиот PayPal да не е претходно користена со македонскиот PayPal, во спротивно словенечкиот PayPal ќе ти ја одбие картичката.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
315
Поени од реакции
229
Да, ќе може, но имаш годишно ограничување од 2.500 евра - или можеби беше 2.000 евра, не ми текнува точно.

Доколку подигнеш повеќе од 2.500 евра (да речеме дека оваа е точната граница), словенечкиот PayPal ќе ти побара да им испратиш дигитална фотокопија од лична карта или возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека имаш словенечко државјанство, а додека не го направиш тоа, нема да можеш повеќе да подигнуваш пари од словенечката PayPal сметка, ќе мораш да чекаш до Нова Година за да можеш повторно да подигнуваш пари, и повторно ќе мораш да подигнеш помалку од 2.500 евра годишно.

И мора картичката која ќе ја внесеш и валидираш на словенечкиот PayPal да не е претходно користена со македонскиот PayPal, во споредба словенечкиот PayPal ќе ти ја одбие картичката.
Фала, на деталното објаснување. Ќе можам со VPN changer да креирам словенски пејпал?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Фала, на деталното објаснување. Ќе можам со VPN changer да креирам словенски пејпал?
Најверојатно ќе можеш, но не мораш, словенечкиот PayPal не бара да ја отвориш корисничката сметка во неговата матична држава.

Што ако да речеме, живееш или работиш во странство, или си заминал на одмор, па сакаш да плаќаш преку македонскиот PayPal, а нарачаната пратка да ти пристигне на адресата на која живееш во странство ?

Македонскиот PayPal нема да те одбие бидејќи си отворил корисничка сметка од странство, единствено му е важно картичката да е` од македонска банка и да ја валидираш истата, а од каде купуваш или што купуваш преку македонскиот PayPal воопшто не ги интересира.

Истото важи и за словенечкиот PayPal.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Некој со постар акаунт на Пејпал, кога се регистриравме како бугари/хрвати/словенци?
Е, не ме пушташе да се најавам на Пејпал пошо долго време се немав пуштено и ме замараше да ми ѕвонело дома (пошо домашниот сум го стаил тогаш) арно ама никако не заѕвонуваше.
Успеав да се најавам некако со промена на пасворд и внесување на бројот на картицата.
Како и да е, сега сакам да го сменам домашниов број, и пробувам да ставам мобилен но цело време ми вика инвалид.
Пробувам со 389, со 00389, со +389 никако не ме пушта, можеби дека стои дека сум бугар.
Некој со ваков акаунт успешно да има ставено број?
Мислам дека ако го пишам стандардно 070 ќе го прими ама нема да функционира како што не функционираше ни домашниов што го имав ставено со 02 :D
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Префиксот од државата автоматски го става од таа што ти е избрана , значи не го пишуваш
 
Член од
18 август 2015
Мислења
189
Поени од реакции
95
Здраво на сите
Имам верифициран paypal преку Тутунска со држава Словенија. Може ли да се вадат пари или не? Страв ми е да пробам, да не ми го блокираат акаунтот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.115
Поени од реакции
12.697
Здраво на сите
Имам верифициран paypal преку Тутунска со држава Словенија. Може ли да се вадат пари или не? Страв ми е да пробам, да не ми го блокираат акаунтот.
Корисничката сметка на PayPal нема да ти ја блокираат, туку единствено ако повлечеш повеќе од 2.000 евра или 2.500 евра годишно - не се сеќавам на точната сума, нема да можеш повеќе да повлекуваш пари до крајот на годината, освен ако испратиш дигитална фотокопија од словенечка лична карта или словенечка возачка дозвола преку Интернет за да докажеш дека си словенечки државјанин.

Ако ја надминеш таа годишна граница од 2.000 евра/2.500 евра годишно, сепак ќе можеш и понатаму да купуваш и да праќаш пари, ќе можеш и да продаваш и да примаш пари на словенечката PayPal корисничка сметка, но нема да можеш да ги подигнуваш во банка до крајот на годината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom