Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.023
По грешка ми се кликна ДАјбг сонлив сум, а одговорот е НЕ
Аа по грешка сорос буши где бургија нече :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1531857945][/DOUBLEPOST]Ај сите вие што гласавте НЕ кажете колку пари земавте од газдата на ПАОК :ROFLMAO:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Па бидејќи анкетата е глупа, ќе привлече глупаци на форумот, а тоа само ќе го спушти нивото на дискусија на нови дна.

Подобро да се спречи отколку да се лечи.
Глеј, ако ти се гласа, гласај, ако не и така имаш кажано дека ти е безвезна темава, напушти ја, никој не те тера.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.875
Мора да се воведе забрана за нови членови да гласаат на анкетата, односно на истата да можат да гласаат само членови кои се регистрирале на форумот пред 17 јули 2018, за резултатите да бидат веродостојни.

Во спротивно, во наредните месец дена ќе следува бран од новорегистрирани ботови и тролови исклучиво за местење на резултатите од анкетата, плавите жолтици имаат богато искуство на тоа поле уште од ноември 2004 па наваму.
Мора, абе ќе има навала на нови членови од Пустец. Ептен е важна анкетата и резултатите од неа.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Ова океј со анкетава. Меѓутоа работава не е само промена на име, тука има ред други работи за кои што паламудиме тука со месеци. Значи со договорот е опфатен опсег на употреба, идентитет, јазик, малцински права, забрана за користење на симболи, бришење на цели историски периоди...значи не се преговараше само за промена на име. Тоа е можеби официјалниот назив на преговорите, но во сенка на името се преговараше и за ред други сензитивни теми. Што значи дека името е еден вид на "тројански коњ" преку кој се пристапува до суштината на проблемот, кој пак е опфатен детално низ сите точки во договорот. Промената на името е само една од точките за кои што се преговара. Затоа, по некое мое скромно мислење, прашањето би требало поинаку да биде формулирано, во смисол:

Дали сте за влез во НАТО и потенцијално ЕУ - под услов договорот со Грција да стапи на сила?

Така некако би требало да биде формулирано прашањето. Промената на уставното име е само дистракција кон нешто посуштинско, а тоа е содржано во договорот.
Секој кој што би излегол на референдум да гласа, треба да гласа ЗА или ПРОТИВ ваквиот договор, а од крајниот резултат треба да се подразбира дали е народот за или против членство во нато и еу под моменталните услови кои што произлегуваат од договореното со Грција. Значи главниот акцент треба да се стави на содржината на договорот и во крајна инстанца секој кој што ќе се одлучи да гласа треба детално да биде запознат со сите точки од договореното.

Формулацијата на референдумското прашање е суштинска. А тука ќе се прават еден куп манипулации. Наместо јасно прашање со концизен одговор ќе се оди на конфузно, содржајно, манипулативно скроено, кое што ќе имплицира кон позитивен одговор.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Па и ваквите реплики од твоја страна се сТрам за читање, ама сепак ги објавуваш.

Повели коментирај на содржината, а изворот на информацијата тргни го настрана.

Јас никогаш не цитирам статии од Off.net.mk или од било кој Интернет портал без соодветни линкови кои ја потврдуваат таквата содржина, а над 80% од сите статии од Off.net.mk кои ги имам цитирано всушност се преводи од странски Интернет портали.

Но претпоставувам дека и нив ги сметаш за експозитури на Трендо.
Добро тетке, не се нервирај само, да не напишиш пак Мирка Клиновска :цицки:

Инаку воопшто не проблем изворот на текстот, посебно кога се работи за текстови од foreign affairs да речиме или по некое видео од Vice, ми смета тоа шо во целост се пренесуваат селектирани текстови и видеа од тие извори, дозирани онака чисто да одат во прилог на агендата шо ја тера тој шо пишеше за вонземјаните дури беше Груки на власт.
Олабај :kafence:[DOUBLEPOST=1531858401][/DOUBLEPOST]
Зошто да го затвориме форумов поради глупа анкета побогу? :pos: На некој можеби ќе му треба помош, ќе се регистрира да праша. Не заебавајте, еве ви анкета, рефреширајте секој ден и сами проценете дали резултатот е реален.
Сеа веќе не е апстрактен муабетот со промена на името, има конкретен договор шо значи требаше директно да оди прашање на анкетата за поддршка на договорот од Преспа т.е со грците за влез во НАТО и никогаш можи ни тогаш влез во ЕУ.

Плус бојкотот е сериозно во игра а таа опција ја нема.

:icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.188
Поени од реакции
15.237
да не биде како во телефонските анкети...за едно мисли и кажува , а друго прави и гласа....јас гласав НЕ
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
12.094
Глеј, ако ти се гласа, гласај, ако не и така имаш кажано дека ти е безвезна темава, напушти ја, никој не те тера.
Глеј, јас само дадов совет за тоа како да се спречи понатамошно полнење на форумот со тролови и ботови, ако сакаш да го прифатиш - прифати го, ако не сакаш да го прифатиш - твој проблем.

Мора, абе ќе има навала на нови членови од Пустец. Ептен е важна анкетата и резултатите од неа.
Секако, токму затоа најдобро е да се спречи наместо да се лечи.

Добро тетке, не се нервирај само, да не напишиш пак Мирка Клиновска :цицки:

Инаку воопшто не проблем изворот на текстот, посебно кога се работи за текстови од foreign affairs да речиме или по некое видео од Vice, ми смета тоа шо во целост се пренесуваат селектирани текстови и видеа од тие извори, дозирани онака чисто да одат во прилог на агендата шо ја тера тој шо пишеше за вонземјаните дури беше Груки на власт.
Олабај :kafence:
Јас не се нервирам воопшто, ти првиот почна со етикетирање кога ме нарече нечија форумска експозитура, а јас само ти возвратив за да ти ставам до знаење на кое ниво ги спушташ твоите коментари.

Јас сум супер, немам за што да олабавам, повели ти олабај.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Јас не се нервирам воопшто, ти првиот почна со етикетирање кога ме нарече нечија форумска експозитура, а јас само ти возвратив за да ти ставам до знаење на кое ниво ги спушташ твоите коментари.

Јас сум супер, немам за што да олабавам, повели ти олабај.
Не ми си озбилен, минус со точка ќе ти пишат, ајде брзо нешто од оф нет да видам :lut:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
12.094
Не ми си озбилен, минус со точка ќе ти пишат, ајде брзо нешто од оф нет да видам :lut:
Ако навистина не ме сметаш за озбилен, тогаш не би ми реплицирал.

Ќе верувам дека ме сметаш за несериозен/неозбилен кога нема да ми реплицираш, тогаш ќе знам дека не еден, туку десет минуси ги имаш со три точки на крајот.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
Ако навистина не ме сметаш за озбилен, тогаш не би ми реплицирал.

Ќе верувам дека ме сметаш за несериозен/неозбилен кога нема да ми реплицираш, тогаш ќе знам дека не еден, туку десет минуси ги имаш со три точки на крајот.
Не те разбирам :vrtioci: колку шо се сеќавам ти мене ме цитираше, а да не ти одговорам не е културно :sakasuste:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.799
Поени од реакции
12.094
Не те разбирам :vrtioci: колку шо се сеќавам ти мене ме цитираше, а да не ти одговорам не е културно :sakasuste:
Јас само се надоврзав на твојот коментар, а ти на мојот коментар реплицираше со етикетирање на мене како нечија форумска експозитура - тука заврши твојот културен однос, се понатаму беше спуштање на нивото на дискусијата на нови дна.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Koj platil za anketava, komunjarite pak li gabe frlaat narodni pari niz prozor :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom