Све све ама ВМРОвец да ми коментира за стањето во здравството...нека, немора. Доволна е болката на секој еден од нас кога треба до ден денес да користи услуги на државните клиники, немора уште сол на рана да ми достава некој што 11 години ме упатува да одам на приватно и со прст не мрдна да го оправи здравството. На ГАК уште да го зимаш бебето со гратис звечарка у кебенце како поклон за повојница, од куќата. На Кардиологија додека чекаш да ти стаат стент/бајпас стануваш шајка со бубашвабата пошто само верно ќе те ислуша, сестрата пуца фарм сага.
Затоа ќе одиш во приватна клиника/поликлиника, како што правам јас, дури и кога сум шворц успевам од некаде да дојдам до некој денар кога итно ми треба.
Пријателка на мајка ми ќе умреше бидејќи не можеа да и` откријат Кронова болест, и` велеа дека е` здрава и дека ги измислува здравствените проблеми со кои се соочува, и дека треба да оди на психијатар бидејќи цитирам: не си со сите; затворен цитат.
Организмот на жената ја исфрлуваше храната, што и да јадеше, организмот ништо од изеденото не го задржуваше, а овие кретениве во државна болница и` велеа дека измислува и дека не е со сите.
Жената во очај дури и ги послуша и отиде на психијатар, кој и` потврди дека нема никакви проблеми со главата, и дека треба да оди на преглед за стомакот на друго место.
Мајка ми и` ја препорача Ремедика, каде што открија дека жената има Кронова болест, но до тогаш жената веќе ги имаше изгубено над 10 килограми, а и пред тоа беше слабичка, човек кој не ја познава би помислил дека е анорексична откако изгуби над 10 килограми пред да и` ја дијагностицираат болеста. Со терапијата која и` ја припишаа, Ремедика ја спаси жената во 5 до 12.
Затоа ќе одиш во приватна клиника/поликлиника, како што правам јас.
Јас не чекам ниту тендери, ниту менување на власт, државните и јавните здравствени установи и институции ги имам отпишано уште од првиот ден кога извадив здравствено осигурување.