Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Реал со трансферот отвори нова можност.

Прво, затоа што директно го започна процесот на деРоналдизација на тимот. Презаситен од успеси во склоп со нов стручен штаб би можело да доведе до лоши сценарија. Вака го решија тој проблем.
Второ, отвара врати за подмладување на тимот и раѓање на нови лидери.
Трето, финансиското оптеретување кое им го носеше Роналдо можат да го пренасочат кон нови потенцијални суперзвезди кои ќе газат следнава декада (Мбапе на пример).
Е сега можеби овој процес нема да даде инстант резултат, но доколку паметно одигра летово може да постават нови темели по кои ќе имаат солидни резулати после некој период.

Од друга страна, Јуве направи топ потег.

Прво, доведе лидер кој би можел да ги води до титула на ЛШ.
Второ, покрај возраста има во него добри години фудбал.
Трето, топ потег од аспект на маркетинг и финансиски приливи од други канали.
Четврто, ќе ја зголеми атрактивноста на Сериа А и привлекување на други играчи во иднина од сличен профил.

Е сега околку финтиве со платата. Демек Фиат и Ферари ќе му ја плаќале платата 2/3, а 1/3 Јуве. Се надевам дека е лоша шпекулација само. Но, доколку е точно тоа, мислам дека ФФП е сериозно изманипулирано и евентуална нереакција од надлежните ќе доведе до создавање на нова пракса каде ќе биде вешто избегнувано ова правило кое на долг рок има добра замисла.

Утре ќе можат да се дрзнат спонзорите да финансираат играч сам да си го откупи договорот (ако има откупна клаузула да го откупи) и бесплатно да премине во тимот во кој што е спонзориран од нив. Јас сепак мислам дека 30м годишно ќе кешира Јуве и нема да ризикува потенцијален бан.
Ффп не постои после тоа со Нејмар, ова е ништо во однос на тоа.
 
Ффп не постои после тоа со Нејмар, ова е ништо во однос на тоа.

Па Интер ќе го земам за пример. Глава не крена ради тоа ФФП и стагнираше во трансфери на квалитетни поединци, а други да го злоупотребуваат одстрана е неферски според мене.
 
Па Интер ќе го земам за пример. Глава не крена ради тоа ФФП и стагнираше во трансфери на квалитетни поединци, а други да го злоупотребуваат одстрана е неферски според мене.
Интер ако не знаат или ако немаат како да заобиколуваат, не се за тоа криви тие што можат :D
 
Паметен потег на Роналдо, веќе е 33 оди во лига каде неговиот тим и без него може да ја освои ко из шале така да ем има загарантирани титули со Јуве ем може да се чува за ЛШ.

Таман да освои што може да се освои со Јуве и на крај може во Баерн да оди и таму да зема. Нели уште послаба лига. :icon_lol:
 
и после тоа у премиер како Гигс до 49
 
Kako naednas vi tekna kolku godini ima Ronaldo ?

Zaboravivte sto pisuvavte za nego pred nekoj mesec ?

Ili sea e vo Juve pa e star.

Ke izgazi i ovaa sezona LS pa ke pravime muabet.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
 
Меси пичето ќе се трка сам со себе у Шпанија, Роналдо докажа дека е број еден у свет, нареднта сезона прв стрелец у Италија и скудето.
 
Немал пари Јуве а, кажа фан на вечито четврто место, упс и тоа е далеку веќе, доста работа ќе треба да се стигне и до таму :icon_lol:
 
Да се надеваме, ама не ми се верува утре да се официјализира, дури и да е точно.

57 милиони плус 8 во бонуси за Жоржињо и Сари.

Супер засилување ќе ви биде Жоржињо. Има и ќе има во повеќе тимови промени интересни, ќе биде интересно за следење секаде скоро.
 
На крај ни Фред ни Жоржињо не ги доведе Пеп. И за двајцата беше доста заинересиран. За нашиов праќале понуди во Јануари, а за Жоржињо летово. И двајцата не ги носи од принцип да не се расфрла со пари. За истата причина не го доведоа и Санчез во Јануари. А од друга страна пука за Марез 60м фунти. На позиција каде што го доведе и Бернардо лани, а ротираат и Сане/Стерлинг/КДБ. Доведе еден куп бекови за 200м. Глумење лудило значи.
 
Се уфилмаа малце, сепак тоа е Сити, а не Реал Мадрид.

Бреј, Реал оградување од намерата за продавање.

Real Madrid C.F. inform that, as per Cristiano Ronaldo's wishes and at his request, the club has allowed the player to complete his move to Juventus F. C.
 
Интер ако не знаат или ако немаат како да заобиколуваат, не се за тоа криви тие што можат :D
Ова секој го знае, ниту шеиците нешто се паметни, ниту јувенташите.

Убаво рекоа погоре, после тоа со Нејмар, се е ова фарса и лошо осмислено/имплементирано
 
На крај ни Фред ни Жоржињо не ги доведе Пеп. И за двајцата беше доста заинересиран. За нашиов праќале понуди во Јануари, а за Жоржињо летово. И двајцата не ги носи од принцип да не се расфрла со пари. За истата причина не го доведоа и Санчез во Јануари. А од друга страна пука за Марез 60м фунти. На позиција каде што го доведе и Бернардо лани, а ротираат и Сане/Стерлинг/КДБ. Доведе еден куп бекови за 200м. Глумење лудило значи.
Добро бе, што ви е филмов на вас со бековиве. Само фанови на Јунајтед ги зборат, изнафрлил пари на бекови. Еден куп бекови за 200 милиони. Ни донесе еден куп бекови, ни па даде 200 милиони за нив. Донесе три, откако си отидоа сите четири кои ги имаше претходната сезона. Може требаше да остане без бекови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom