Каква врска има ова со муабетот? Без евроинтеграции сме осудени на безизлез, уште ако го надодадеш демографскиот фактор. Лесно е да се лупаме во гради, треба да се размисли со главата.
Е како ЕУ и НАТО ќе ја поправат демографската слика во државата и тоа не ми е јасно. Мислев дека ќе биде обратно доколку влеземе во ЕУ, се живо испод 50 години ќе собере парталите и ќе се исели надвор. Како тоа ќе придонесе демографски за државата?
И предходно сум рекол, ЕУ е добра за индивидуата, за поединецот, обичниот граѓанин што рмба за 200€ плата ќе добие некаков мизерен избор, сепак ќе има избор, за разлика од сега. Е тој негов избор ќе биде неповолен за државата во целина. Државата Македонија нема да види многу аир ни од НАТО ниту пак од ЕУ, придобивки можеби ќе има но на долг рок и тоа е ставено под знак прашалник. Нема да доживееме економска ренесанса тоа ти гатрантирам, менталитетот ќе ни остане ист, корупција се уште ќе има, ќе дојде некој друг Грујо, Заев тоа со сигурност, со или без ЕУ.