Анализа на крв - толкување резултати

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
... па нормално е смешки кога лабораториски докажан покачен липиден статус (холестерол, вкупни липиди, ЛДЛ, Триглицериди) е само 15% причина од внес на храна (неправилна ли, обилна ли, прекумерена ли, ) се друго е причината за покачен липиден статус е поради пореметен внатрешен метаболизам што нема никаква врска со исхраната т.е. со телесната тежината, има личности со 180 кг тел.тежина со идеални параметри на липиден статус, и личности анемични, слаби, анорексични со многу високи вредности на параметрите на липидниот статус!
Е добро де, што да прави сега човекот, освен да шета повеќе и помалку стрес?
Статини?
 

Gorgiiii

Escobar
Член од
19 јули 2012
Мислења
15
Поени од реакции
0
Е добро де, што да прави сега човекот, освен да шета повеќе и помалку стрес?
Статини?
не ми препорачуваат никакви лекови бидејки сум бил млад уште
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
Имав константно ниво на хемоглобин од 155-160, откако дадов крв забележав пад на истиот. Моментално ми е 130.
Дали е можно ваквиот пад да е поради дарувањето на крв?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
Имав константно ниво на хемоглобин од 155-160, откако дадов крв забележав пад на истиот. Моментално ми е 130.
Дали е можно ваквиот пад да е поради дарувањето на крв?
Да, можно е, и не е ништо страшно, не се потресуј.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
Да, можно е, и не е ништо страшно, не се потресуј.
Па да бидам искрен малку ме загрижи, со години држам високо ниво.
Гуглав и пронајдов дека сум трет ден мртов :facepalm:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.475
Имав константно ниво на хемоглобин од 155-160, откако дадов крв забележав пад на истиот. Моментално ми е 130. Дали е можно ваквиот пад да е поради дарувањето на крв?
Па да бидам искрен малку ме загрижи, со години држам високо ниво.
..твојот Хб ако бил 155-160 г/л константно тоа не е високо ниво, туку нормално ниво! :)



инаку, по правило крв може да донира секоја здрава личност од 18- 63 год (под 18 год може со согласност на родителите) и секогаш предходно се прави кратки лекарски преглед, се одредува хемоглобинот, крвна група и се прават тестови за сида, сифилис и жолтица... пред да се донира крв добро е да се биде одморен, лесен доручек и да се испие неколку чаши вода неколку часа пред давање крв (не смее да се пуши ниту да се испие алкохол)!



пред донирање се зема крв од прст од крводарителот од каде се одредува хемоглобинот за мажи мора да биде над 138 г/л, а за жени 125 г/л (хемоглобинот го пренесува кислородот низ организмот и се наоѓа во црвени крвни зрнца- еритроцити),



после дарување на крв за 48 ч се надокнадува плазмата, за 2,3 часа се надокнадува леукоцитите, за 3,5 дена се надокнадуваат тромбоцитите, за 4 недели еритроцитите и за 8 недели се надокнадува содржината на железо во еритроцитите...
инаку хемоглобинот при дарување се намалува за околу 10 г/л, но со адекватна исхрана истиот ќе се врати на предходна вредност за 8 недели!
...според тоа мажите можат да даруваат крв на секои три месеци, а жените на секои четири месеци!(y)
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
...по правило крв може да донира секоја здрава личност од 18- 63 год (под 18 год може со согласност на родителите) и секогаш предходно се прави кратки лекарски преглед, се одредува хемоглобинот, крвна група и се прават тестови за сида, сифилис и жолтица... пред да се донира крв добро е да се биде одморен, лесен доручек и да се испие неколку чаши вода неколку часа пред давање крв (не смее да се пуши ниту да се испие алкохол)!



пред донирање се зема крв од прст од крводарителот од каде се одредува хемоглобинот за мажи мора да биде над 138 г/л, а за жени 125 г/л (хемоглобинот го пренесува кислородот низ организмот и се наоѓа во црвени крвни зрнца- еритроцити),



после дарување на крв за 48 ч се надокнадува плазмата, за 2,3 часа се надокнадува леукоцитите, за 3,5 дена се надокнадуваат тромбоцитите, за 4 недели еритроцитите и за 8 недели се надокнадува содржината на железо во еритроцитите...
инаку хемоглобинот при дарување се намалува за околу 10 г/л, но со адекватна исхрана истиот ќе се врати на предходна вредност за 8 недели!
...според тоа мажите можат да даруваат крв на секои три месеци, а жените на секои четири месеци!(y)
Да ама поминаа 7 месеци од тогаш. Пред месец дена имавме систематски прегледи на работа и резултатите покажаа ниско ниво што не е својствено за мене.
Тоа малку ме загрижи...

Читав можно било да е индикатор на канцер...
Јбг ако е дотука... :cool:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.475
Да ама поминаа 7 месеци од тогаш. Пред месец дена имавме систематски прегледи на работа и резултатите покажаа ниско ниво што не е својствено за мене.Тоа малку ме загрижи...Читав можно било да е индикатор на канцер...Јбг ако е дотука... :cool:
глупости што уште ќе помислиш? направи уште едно лабораториско испитување на Хб, не земај секогаш од прва здраво за готово резултатот! провери го железото и внесувај храна која содржи повеќе Вит Ц
 
Последно уредено:
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
глупости што уште ќе помислиш? направи уште едно лабораториско испитување на Хб, не земај секогаш од прва здраво за готово резултатот!
Резултатите важат за веродостојни.
Ќе видиме, ќе направам нови испитување.

Фала ти на инфото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.475
Резултатите важат за веродостојни.
Ќе видиме, ќе направам нови испитување.Фала ти на инфото.
твојот Хб не ти е толку низок ниту пак нешто значи и да е понизок доколку немаш здравствени проблеми затоа што телото веднаш реагира на некоја промена во него што не му одговара во здраво и правилно функционирање, јас сум сигурна дека можеби проблемот ти е во исхраната или можеби проблем со цревата па немаш доволна ресорпција на железото иако го внесуваш со исхрана и како последица на тоа е можеби е „задржувањето“ на нискиот Хб кај тебе...
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
твојот Хб не ти е толку низок ниту пак нешто значи и да е понизок доколку немаш здравствени проблеми затоа што телото веднаш реагира на некоја промена во него што не му одговара во здраво и правилно функционирање, јас сум сигурна дека можеби проблемот ти е во исхраната или можеби проблем со цревата па немаш доволна ресорпција на железото иако го внесуваш со исхрана и како последица на тоа е можеби е „задржувањето“ на нискиот Хб кај тебе...
Можеби треба да корегирам нешто и во исхраната...
Тренирам и гледам да внесувам протеинска храна, поготово од животинско потекло. И прилично ми е еднолична... :/
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.577
Поени од реакции
37.475
Можеби треба да корегирам нешто и во исхраната...Тренирам и гледам да внесувам протеинска храна, поготово од животинско потекло. И прилично ми е еднолична... :/
ете гледаш? телото си сака од све по малку не сака да биде лишен од било која врста на храна без разлика што тренираш, еднолична исхрана во подолг период ќе си го направи своето, не кажа што вредности на железо имаш дали ти се во нормала? највероватно ти се во нормала, инаку би се жалел од симптоми предизвикани од анемија и не би можел толку лесно да тренираш, значи заклучивме дека тука нема врска дарувањето на крв за паднат Хб, оти велиш помина 7 месеци од тогаш, ама еднолична исхрана за толку месеци највероватно е причинител за малку понизок Хб ! (y)
 
Член од
19 февруари 2015
Мислења
1.772
Поени од реакции
2.075
Ја веке 8години јадам иста храна , пред некој месец правев крвна слика сите бројки беа у нормалните граници , ако ги унесуваш сите микро нутриенти , не гледам проблем
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.644
Поени од реакции
4.487
Ја веке 8години јадам иста храна , пред некој месец правев крвна слика сите бројки беа у нормалните граници , ако ги унесуваш сите микро нутриенти , не гледам проблем
Ќе ти биди тешко да кажеш што јадеш? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom