Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Можеби решавање на спорот е името е услов за влез во еу и нато, ама тоа не значи дека гарантирано влегуваме штом го решиме спорот. Долг е патот до еу и нато.
Прашањето треба да биде дали сте за промена на името и решавање на спорот со грција и друго ништо.
Има доста што се за еу, но не секој сака да влезиме во нато. Така да можеби погрешно се надеваат дека ќе соберат повеќе гласови.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Леле овој народ не е ни малку свесен што го чека кога ќе влезе во сила договорот.
Таму има рок од 5 години да се смени се од корен, ама ви гарантирам најмалку 10 г. ќе се заебаваме со договоров, а на Грција и одговара што покасно да се исполни договоров.
Свесен е како не е. Еден дел веќе е одреден дека е комплетно против, друг дел е комплетно одреден дека е за (не мислам на Алб.) а трет дел е сосема индиферентен и му е сосема сеедно дали името ќе биде горно, долно, сиво или шарено под услов да има утакмици, кладилници и пиво. Така да несвесноста би рекол не е точна констатација.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Ова договорите со Бугарија и Грција се уште не се влезени во фаза на целосна имплементација, затоа ни изледаат толку безопасно и не ги чувствуваме последиците од нив врз своја кожа, па фокусот ни е насочен кон ЕУ и НАТО, кои што се далечна фатаморгана. Она што во моментов е реалност, опасна и ни малку наивна се овие два договора и како бонус законот за јазици, кој што од корен ќе ја сменат нашата реалност а во скоро време и перцепција за нивната наводна "безопасност" онака како што сакаат да ни ја прикажат политичарите.

Ме интересира сега кога ќе се сретнат двете комисии за расправа околу историските факти, Бугарската и Македонската и кога Бугарите ќе речат дека Гоце Делчев бил бугар, и кога од нас ќе побараат да го смениме делот во учебниците каде тие се претставени како окупатори и соработници со нацистите и место тоа ќе ни речат да пишеме оти биле ослободувачи на македонија, како ќе изгледа тој комромис во име на некакво си добрососедство. За која вистина ќе се разговара ако со нејзе се прават компромиси? Каква е таа половична вистина која што оваа држава за скоро време ќе треба да ја проголта во име на некава имагинарна подобра иднина?

И за крај, како ваквите компромиси не задираат врз идентитетот? Не ја менуваат јавната перцепција и општеството од корен, создаваат една вештачка држава и нација водена од две паралелни структури и уште еден куп други страни со разни интереси, Бугари, Грци, Срби...и после зборуваме за самостојност и слобода.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Тоа се 3 независни прашања во едно. Може да има 3 прашања на референдумот, во посебни кутии (3 референдуми).
Инаку, има прашања за кои не се дискутира, т.е. не задлужуваат одговор. И ги повикувам луѓето да си одат на викенд, или прошетка.. да не гласаат за укинување на Република Македонија.[DOUBLEPOST=1530965613][/DOUBLEPOST]
Да, во право си. Тоа се 3 прашање, кое не мора да се поврзани. Некој не сака во НАТО, а сака во ЕУ, на пример.. Итн... многу комбинации[DOUBLEPOST=1530965838][/DOUBLEPOST]
Можеби во иднина ќе се променат работите. НАТО и ЕУ не значи дека ќе се вечни, а промената треба да е вечна.
Ако сакаш НАТО или ЕУ, не мора да сакаш и промена на името. Можеби некој сака промена на името, ама не сака во НАТО и/или ЕУ.
Прашањето е добро и не треба бојкот на референдумот.
Прашањето може е и добро ама ти не си добар со паметот.
Сум.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
Иванов: Заев има конфузни ставови и ја лаже јавноста

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. На прес конференција потпретседателот на партијата Владо Мисајловски го обвини Заев дека „се откажа од Македонците во Егејска Македонија, нарекувајќи ги хеленистички Македонци и потврдувајќи ги идентитетските разлики со сите наши сонародници кои живеат надвор од границите
...може требало Tsipras и Заyko да смислат диференцијација на друг начин , вардарците да бидат антички македонци бидејќи имаат бајаги споменици :cool:, а егејците да бидат грци што не знаат грчки, туку лафат блгарски :confused:
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Леле овој народ не е ни малку свесен што го чека кога ќе влезе во сила договорот.
Таму има рок од 5 години да се смени се од корен, ама ви гарантирам најмалку 10 г. ќе се заебаваме со договоров, а на Грција и одговара што покасно да се исполни договоров.
Можеби најнаивна група ми се луѓето кои се согласни дека договорот е неизбалансиран, штетен за нашата страна, неправичен, непринципиелен, избрзан итн. но, ако ништо друго, со него ќе се затворело конечно ова прашање и ќе се ставело крај на оваа 20 и кусур годишна агонија. :icon_lol:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
Мицкоски ги отвори картите: Процесите условени со амнестија?!

Но, она што до вчера беше во сферата на шпекулациите – дека опозицијата условува и со амнестија за обвинетите од 27-ми април, од вчера не е шпекулација....

...се ова укажува на моите претпоставки што ги изнесов од поодамна, Мицко бара алиби пред членството за АМИНот што ќе го даде...
Ова е всушност дел од сценариото во кое учествуваат сите, само Села не знаеше и настрада, затоа и му е лут на Заев, а чија раскрвавена слика го обиколи светот и му донесе многу поени. ... а на главните дизајнери на циркусот и веќе им заврши или завршува службата кај нас, така ова се ќе се заборави, што викат србите ...https://vukajlija.com/pojeo-vuk-magarca
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Што се смееш, може има и такви :icon_lol:
Па може.
Бојкот на референдум. Промена на името не заслужува одговор.[DOUBLEPOST=1530983463][/DOUBLEPOST]
Прашањето е добро и не треба бојкот на референдумот.
Размисли подлабоко. Што ако не влеземе во ЕУ? Што ако овие сојузи се променат, се распаднат (видиозменат) во иднина? Не е трајна поврзаност името со НАТО и ЕУ.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Па може.
Бојкот на референдум. Промена на името не заслужува одговор.[DOUBLEPOST=1530983463][/DOUBLEPOST]
Размисли подлабоко. Што ако не влеземе во ЕУ? Што ако овие сојузи се променат, се распаднат (видиозменат) во иднина? Не е трајна поврзаност името со НАТО и ЕУ.
Што е тоа видиозменат? :pos::pos:
Патриот, јазикот за кој се тепаш не го знаеш.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Кој лик е Ѓорѓија, секогаш наоѓа начин да ме насмее.
Премногу си замислен во филозофирањето, си го изгубил смисолот за хумор.
Се сложуваш ли да го бојкотираме референдумот? Да го сочуваме достоинството и националноста.[DOUBLEPOST=1530983826][/DOUBLEPOST]
Што е тоа видиозменат? :pos::pos:
Патриот, јазикот за кој се тепаш не го знаеш.
Видоизменување е општопознат збор. Тоа е кога нешто ќе ја промени структурата. Има поширок опсег на значење.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Премногу си замислен во филозофирањето, си го изгубил смисолот за хумор.
Се сложуваш ли да го бојкотираме референдумот? Да го сочуваме достоинството и националноста.[DOUBLEPOST=1530983826][/DOUBLEPOST]
Видоизменување е општопознат збор. Тоа е кога нешто ќе ја промени структурата. Има поширок опсег на значење.
Да но тоа ти не го пиша, пиша видиозменат, значи тоа е друг збор. Повели научи ме, кажи што значи.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197
Да го сочуваме достоинството и националноста.
Каде беше Ѓорѓија да им го заштитиш достоинството на оние кутрите Македонци кои ги влечкаа од Пустец за 500 денари да гласаат за Гвујо во Центар?

Каде беше да излезеш на улица и да и кажеш на грозната вештерка со мустаќи дека не е во ред да се подбива на нивната мака? Да, за тие човечињата кои се држеа за рака зборувам, знаеш за кои.

Каде беше тогаш да браниш нечие достоинство? И тоа вистинско, лично, човечко достоинство, а не апстрактно национално достоинство. Е бе Ѓорѓија, ти и другите сендвич луѓе не смеете нити да го изговорите зборот достоинство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom