Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Се шпекулира на големо за Куртоа, наводно Алисон ќе иде у Челзи а Тибо сака да се врати у Мадрид каде му се децата.
 
само Азар у пакет со Куртоа признавам... као Пандев покрај Стојков на времето :D
 
Според тебе Куртоа е подобар голман моментално од Навас? или...не ја разбирам поентата..
Не дека ќе биде втор,ама ако остане Навас, И ТЕ како ќе се помачи за да дојде до сигурен првотимски статус..
Ама мислам ако носат нов голман, ќе го фрлат неблагодарно некаде Навас, само ради тоа шо е ПЕЗА за голман со кој си освоил 3 ЛШ да му вратиш на тој начин, со ставање во втор тим,а ти е еден од главните виновници за освојување на тие титули, и те вадел од гомна за многу утакмици...
 
Според тебе Куртоа е подобар голман моментално од Навас? или...не ја разбирам поентата..
Не дека ќе биде втор,ама ако остане Навас, И ТЕ како ќе се помачи за да дојде до сигурен првотимски статус..
Ама мислам ако носат нов голман, ќе го фрлат неблагодарно некаде Навас, само ради тоа шо е ПЕЗА за голман со кој си освоил 3 ЛШ да му вратиш на тој начин, со ставање во втор тим,а ти е еден од главните виновници за освојување на тие титули, и те вадел од гомна за многу утакмици...

Мислам дека Навас е доволно добар голман да биде прв голман во Реал. Ако го донесат Куртоа, сигурно ќе си замине Навас, а за тоа коментирав дека не е никаков чекор напред. Нема некоја посебна разлика да направи Куртоа како замена за Навас. Реал треба да размислува за класа шпиц и за освежување во средниот ред, не за нов голман. Тоа е само шминка со голманите.
 
Сигурно. Ќе се потепа да дојде за да брани само во куп, топ 5 голман во свет.

Збнам дека малку го преценувате Реал, ама ова е малку отповеќе.
Сарказам брат. Со Навас и Икер така правеа.
Ако дојде Тибо не верувам дека Навас ќе остане. Проблемот е Перез кој по секоја цена би донел нов голман, некако Навас не му е по ќеф...чиста среќа шо Зидан му веруваше па успеа да остане у Реал.
 
Ovaa sezona sto gledav Alison mi se dopagja povekje od Kurtoa i bi sakal nego da go dovedat ako ne se sluci toa slobodno neka si ostane Navas i Lunin neka se bori moze kje go bide spored klipcinjata na yt. Spored mene Hazard nikako, podobro Dybala.
 
Финтата е што Навас толку многу сака да остане во Реал што дури и би прифатил да биде втор голман само за да остане. Кон Навас се гледало отсекогаш со скептицизам, го шитнаа Диего Лопез пошто беше доведен ко замена за Касиљас кога ја искрши раката (он не прифаќаше да грее клупа), додека Касиљас откако се опорави беше срање, а Навас беше доведен ко втор голман, практично привремено решение, цела година си дремеше на клупа. Тој си го избори првотимскиот статус, не беше донесен ко звучно име, бранеше за Леванте пред тоа. Де Хеа беше планиран за таа работа. Верувам пак може да го направи истото, пошто е подобар голман од Куртоа.
 
од тоа што го видов на светсково, Марсело и Нејмар се ужасен тандем...Марсело му подава на Нејмар и си останува назад, пошто овој од центар до гол мора сите да ги издрибла без да подаде....
Марсело е подобар со Бале, Роналдо, Иско или Асенсио по левата страна, буквално било кој освен Нејмар...така да или Азар или Мбапе се добредојдени..
 
Spored mene Hazard nikako, podobro Dybala.
Што му видовте на тој Дибала бе луѓе?
Посебно зошто тој у Реал? па имавме таков играч( Хамес, Иско ти е сличен)

Азар е едно 10 пати повеќе пробивен од Дибала, башка и немаме формација за играње на дибала ние, тоа со времето на Моу, на Озил позицијата..
Пимплачи не ни треба, ни треба пробивни играчи, кои што можат да нанижат едно 3-4 играчи кога тимовите се бранат, пошто 90% од екипите у лигата и тоа го прават, а Азар е БАШ тој тип на играч...низок, лесен и брз окрет, страшна контролна на топка и е едно 5 пати по директен кон гол од нашио Иско..
Се на се, на овој Реал не му треба Дибала.
Азар, за освежување на екипата- да.

Ако си оди Роналдо, типувам на формација со Мбаппе и Азар у Реал...а со Азар у пакет и Куртоа..


Сценариото ми е дека сега ПСЖ ќе бидат казнети некако со таа обнова на истрагата, сигурни не ја обновуваат за пак да им кажат дека се е во ред кај нив..
Па тука гледам таков исход да Мбаппе нема да биде откупен од ПСЖ, пошто е на позајмица таа година, па тој се враќа у Монако и Реал го зема за иста цена...180...
Азар и Куртоа од парите од Бејл и Асенсио/Иско.

или се тоа ќе излезе медиумски варки,па Цебалос ќе ни биде главно заслување :D :D
 
Се прави место за Винџинуиус :icon_lol:[DOUBLEPOST=1530658317][/DOUBLEPOST]
Алисон
Карвахал - Варан - Рамос - Марсело
Кашемиру
Модриќ - Милинковиќ Савиќ
Бејл - Бензема - Винчинивус​
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom