Незнам зошто ти е во наводници, но поголеми патриоти се од 50% од Македонците или од 60-70% од населението во Македонија.
Не ве разбирам како ви смета тоа што некој од ,,странство" протестирал за МКД. Па нели секој има право да си го изрази своето мислење каде сака, сам или во групно демонстрирање на мислењето? Па цел свет ја знае историјата подобро од нашиве политичари, сите се свесни кои сме и што сме, освен ние самите. Нас не ни е крив никој од надвор, они нормално оти ќе си финансираат и спонзорираат нивни интереси, криви сме ние што ги гласаме овие гниди, што одработуваат за странци.
А всушност вашата перцепција е изреметена од прање мозоци, па сега Заев ви е патриот. ПА овие луѓе кои и покрајтоа што имаат поголеми привилегии во други држави(често нивните фамилии избегани таму ради македонштина), повеќе ја чуствуват Македонија повеќе од вие шо сте родени тука и ја циците Македонија.
Додека сме поделени по партии, се така ќе не ебат. Ич не ни иде разумот.
И јас живеам надвор од Македонија и не се согласувам со тебе бидејќи на своја кожа сум ја осетил МАКЕДОНШТИНАТА на нашите иселеници.
Точно дека секој има право да си го изрази своето мислење и незадоволство но треба да бидеме реални.
"Едно име имаме" , "Македонија засекогаш" главни пароли последните неколку месеци , но само на фејсбук?
Во живо ситуацијата е многу по различна, бидејќи кога ќе сретнеш некој балканец (Србин,Босанец,Хрват итн.) се запознавате, те поздравуват уште од првиот пат се осеќаш како да се познаваш цел живот, а кога ќе сретнеш Македонец и најучтиво ќе се поздравиш ти вртат глава на друга страна и ред други работи.
Со цел мерак одиш на јавни собири најчесто во македонските цркви, а таму секој секого гледа од глава до пети како е облечен, со каква кола пристигнал,еден до друг стоиме па не сака ни да те погледне не пак да размените неколку зборови....
Со тие што се познаваш на тебе гледат како на конкуренција како да се на натпревар, кој понова кола ќе купи, кој повеќе заработува, буквално ако има некој начин за да се одмогне тука се во секое време.
Патриоти на фб се празни зборови, делата се бројат и паметат.
Тие што се во Македонија не се патриоти?
Не си ја сакат државата ?
Со која храброст да излезат на протест, а шефот случајно го вклучил телевизорот па те забележал меѓу толпата, а ти работиш за 200 евра кои заради твоето присуство на протестот ти висат во воздух дали ќе продолжиш да работиш или од утре си аут....
Работат од утро до мрак, живеат во монотоност секој ден, па и се за потсмев од иселениците кои учат како се брани една држава преку ковер на фб од Македонија, на нивните деца уште од мали нозе ги учат дека тие се големи МАКЕДОНЦИ покажувајќи им карти од Македонија, Александар Македонци.
Се враќаат на секои 3 години,па расправаат дека овде ништо не чини и муабетот се завршува со: Многу ми е гајле што се случува во Македонија, јас оддамна не живеам во Македонија и после 5 минути на фејсбук повторно лекција по патриотизам...
Тоа ли е патриотизам ?
Ние никогаш не сме биле сплотени како народ и сами сме си виновни, бидејќи нон стоп гледаме во дворот на комшијата а не во нашиот.
Извини за репликата, ништо лично, го прочитав коментарот па сакав да додадам нешто.
Така јас гледам на работите, а фала богу па не си сите луѓе исти има и луѓе со кои е гордост да се познаваш.
Поздрав.