Во суштина никој не го заболе кој ќе го чува небото, не гледам опасност од кој може да биде нарушен тој простор, па да може некој активно да ни го чува.
Најбитен дел е дали ќе се подобри животниот стандард на луѓето, поголеми примања, поголема контрола на работодавците и сигурност доколку останеш без работа (во секоја нормална држава добиваш средства од државата во период од 1 година, а кај нас ако останеш без работа си со прстот во уста и буквално на улица ако немаш свој дом), можности за инвестирање и отворање на нови бизниси без страв дека рекетари ќе те посетат уште не почнат со работа, привлекување на странски инвестиции и развивање на индустријата особено со копирање како што направи Кина, средување на институциите особено здравството, министерството за внатрешни работи, судството и образованието и квалитетот на инфраструктурата.
Ако ги средат сите овие работи ќе може да кажеме дека имаме држава, во моментов се светлосни години далеку бидејќи не се ни трудат да корегираат, во времето на Грујо рекетираа батките блиски до фамилијата, а сега рекетираат батки блиски до Зајко и компанија, малцинствата особено албанското се попривилегирани од сите останати и земјава ја направија див запад, а пак градоначалнициве што ги наместија се трудат да наместат што е можно повеќе тендери за нивните фирми наместо да ги средат општините.