Типично непознавање на економија.
Ама да не те вреѓам би се воздржал од разни коментари.
БДП е главен економски параметар . . . Ако лесно се штелува што не го наштелуваат . . .
Знаеш ли колку учествува градежништво во БДП ??? Кога би знаел не би тврдел дека БДП е НУЛА само поради градежништвото . . . Знаеш ли колку е растот на индустриското производство во 2018 и спореди го со изминатите години ??
Наброј еден економски показател што е добар ???
Наброј 5 производствени фирми од МСЕ кои имаат значително подобар профит ???
Типично за форум . . . . Секогаш поради политички симпатии од гранките не ја гледаме шумата . . . .
И стварно го славам падот . . . јас сакам берзата да функционира и да ми носи секоја година по 12%, убава корекција само ќе придонесе до тоа, а не балони како минатиов . . Тие што пропуштија 2004-07, па 2013-2018 сега се надеваат дека преку балони ќе се збогатат, па бараат хартии на кои би направиле 600% . . . .
@bosko007 јас БДП би го зел како релевантен податок само долколку од него се одземе вредноста на G (потрошувачката од страна на владиниот сектор). Би се добиле многу порелевантни информации за македонската екоомија.
БДП= C + I + G + (X-M)
каде што:
C - е потрошувачката на добра од страна на домаќинствата во (стан, храна, облека, возила, услуги итн.).
I - се однесува на инвестициите од страна на претпријатијата. Ова не се однесува на инвестирање во хартии од вредност. Според тоа, БДП ги вклучува само инвестициите во реални, производствени добра, а не и инвестициите во финансиски инструменти.
G - е потрошувачката од страна на владиниот сектор. Тука спаѓаат сите трошоци на владата за стоки и услуги, меѓутоа не се вклучени трошоците за социјални трансфери, со цел да се избегне нивното двојно пресметување.
X-M - во економијата, оваа категорија е позната како нето-извоз, односно извоз (X) минус увоз (М). Извозот се однесува на добрата и услугите што се произведени дома а се продадени во странство. Увозот ги опфаќа добрата што се произведени во странство а не во домашната економија, така што би било погрешно доколку тие добра ги вброиме во БДП[DOUBLEPOST=1530212842][/DOUBLEPOST]
@StefusRefus ако ги имаш податоците за БДП разделени по делови, добро би било да се постираат тука, за да го видиме трендот.